Добивате:
• Богат ордевер со мешана скара ( 2 кг.)
• Плескавица со луто пиперче - 250 гр.
• Ребро на скара - 250 гр.
• Домашен колбас - 250 гр.
• Пилешки крилца - 500 гр.
• Пилешки стек - 250 гр.
• Гарнир помфрит - 500 гр.
• Дупла мешана салата.
• Прекрасна можност да поминете дел од вашето време во пријатна атмосфера и добро друштво.
• Уживање во вкусно приготвени специјалитети за вистински гурмани.
Појаснување:
• Потребна е претходна резервација на тел: 02 307 1001
• Задолжително е прикажување на ваучерот или единствениот код од www.kupinapopust.mk
• Купонот важи исклучиво за во ресторанот, не важи за носење.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.
ул. „Варшавска“ бр. 6
1000 Скопје
тел: 02 307 1001
Facebook
Потребна е претходна резервација на тел: 02 307 1001
Гостилница „ФЕЛА“
„Фела“ е новоотворена гостилница во срцето на Скопје, која ќе ве пречека во својата мирна и интимна атмосфера и ќе ве нагости со прекрасните македонски традиционални специјалитети, како и со милион други вкусни предјадења и десерти. Љубезниот персонал, брзата услуга, прифатливите цени, локацијата и самиот вкус на приготвената храна се само дел од придобивките во кои ќе уживате доколку се одлучите да ги посетите.
Прекрасно уредениот простор во „Фела“ е прилагоден да ги задоволи сите ваши вкусови и барања. Во духот на светското првенство во фудбал, „Фела“ ви овозможува да ги пратите сите фудбалски натпревари и заедно да навивате за вашите фаворити.
Гостилница „Фела„ ви нуди традиционална македонска кујна, врвна услуга и пријатна и интимна атмосфера за сите вкусови. „Фела„ е место кое ќе ве натера повторно да се вратите и одново да уживате.
Покрај гурмански приготвените специјалитети во кои можете да уживате, Гостилница „Фела“ ќе се погрижи и за вашите сопствени забави, преку организирање на секакви видови на кетеринг.