Користење на колачиња (cookies)

Што е политика за cookies (колачиња)?

Кога ќе дојдете на нашата веб страна или ги користите нашите интернет услуги, нашата веб

страна или трети авторизирани страни собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Затоа

потребно е да ја појасниме политиката за користење на колачиња од нашата веб страна

kupinapopust.mk чиишто сопственик е фирмата Груп Поинт дооел.

Користиме разни технологии за да ги администрираме нашите понуди, да анализираме

трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме по директни и

успешни реклами кон нашите крајни корисници. Со овој текст објаснуваме кои технологии

користиме и вашите права за контролира на употребата на колачињата.

Кога прв пат ќе пристапите на kupinapopust.mk ќе добиете порака која ве известува дека

користиме “колачиња”. Со кликнување “Во ред“ или со продолжување на користење на веб

страната Вие во суштина давате согласност дека сте ја разбрале и сте се согласиле со

употребата на овие технологии, како што се објаснети во овој текст. Битно е да знаете дека не е

задолжително да ги прифатите колачињата и согласите со користењето на истите. Користењето

на колачињата може да биде отповикано во било кое време. Може да ги промените

подесувањата на вашиот пребарувач за да ги ограничите или забраните колачиња и можете да

ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете

колачињата некои делови од нашата веб страна може да не фукционираат како што треба или

да им треба многу повеќе време да се отворат.


Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од

страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат

на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате нашата веб страна. Кога нареден пат

ќе ја посетите нашата веб страна, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот

пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации, но

не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат

други зачувани фајлови за колачиња од други веб страни.

Колачињата кои што се директно поставени од kupinapopust.mk се нарекуваат “колачиња од

прва страна”. Колачињата поставени од други веб страни се нарекуваат “колачиња од трети-

страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт

како (рекламирање, функции на социјални медиуми, аналитики и слично). Овие колачиња не

се во сопственост на kupinapopust и ние немаме контрола врз нив и како тие ќе бидат

употребени.


Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб страната

од страна на корисниците како и за оптимизирање на корисничкото искуство. Колачињата

дозволуваат, на страната која што ги поставува, да ги препознават корисничките уреди на

користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите

за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите

веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но

маркетинг колачињата не ги прибираат, поточни ги штитат личните податоци за корисниците.

Оваа веб-странa употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од

трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници со цел оптимизирање на вашето искуство

на kupinapopust.


Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies ) помагаат една веб-страница да биде употреблива со

овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употрeбата на

кошничка за купување (shopping cart), Омилени понуди, Наплата и сл.. Без овие колачиња, веб-

страницата не може да функционира исправно.

Претпочитани колачиња (Preference cookies) и овозможуваат на веб-страната да ги запамти

информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример

Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички колачиња (Statistical cookies) ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите

комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.

Маркетиншки колачиња (Marketing cookies) се употребуваат за следење на посетителите низ

веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за

поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, kupinapopust нема никаква

одговорност ниту надлежност и Ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и

политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата

сигурност.

Колачиња за перформанси и функционалност се однесуваат на следењето за тоа доколку

повторно се вратите на нашата веб страна. Овие колачиња содржат неопходни информации, на

пример од кој град пристапувате кон kupinapopust. Важно е да се напомене дека овие

колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт.

Social Media колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на

нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели.

Колачињата кои што се поставени од kupinapopust се во наша надлежност, но колачиња

поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и

kupinapopust нема никаква одговорност кон користењето на податоците приберени од третите

лица.


Рок на чување на колачињата

Рокот на чување на колачињата е 365 дена.


Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе пристапите на kupinapopust.mk може да добиете порака која што ве известува

дека користиме “колачиња”. Со кликнување “Се согласувам”, вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се

согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во овoj текст.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и доколку не сакате да ги прифатите имате опција „Не се согласувам“.

Преку подесувањата во веб-пребарувачот може

да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја

контактирате фирмата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе

информации проверете ги подесувањата на вашиот веб-пребарувач ( Google chrome, Firefox,

Microsoft explorer, Edge, Opera, Apple Safari и други).


Дали добивам колачиња преку е-маил?

Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го

отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни

за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и

уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на

вашиот уред.

Пиксел за следење

Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме

однесувањата на корисниците на нашата веб страна. Пикселот за следење (tracking pixcel) е

графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач, социјален медиум

или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.

Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат

од една на друга страница, како пристапиле на сајтот, како и ефектот од рекламата поставена

на трета страна како на Facebook, Instagram или веб-банер.


Општи информации

Политиката за колачиња е дел од општите одредби на kupinapopust која што објаснува што

kupinapopust прави со соберените информации од нашите корисници. За повеќе иформации

посетете ги Општите одредби. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено.