Правила и услови за користење на веб страната

Правила и услови за користење на веб страните (kupinapopust.mk,kupinapopust.com, kupinapopust.com.mk) што се во сопственост на Груп Поинт дооел Скопје (во понатамошниот текст само “Груп Поинт“).

Добродојдовте!

Груп Поинт преку своите регистрирани веб страни (kupinapopust.mk,kupinapopust.com, kupinapopust.com.mk, во понатамошниот текст само “веб страни”)нуди интерактивна on-line услуга која што има информативен карактер, управување со содржината, како и спроведување на финансиски трансакции. Наведените услуги заеднички ги остваруваат Груп Поинт во соработка со бизнис партнерите и трети лица.

Без оглед која од претходно наведените веб страни ќе посетите, ќе бидете пренасочени на веб страната kupinapopust.mk. Со посетата на било кој веб страна се согласувате и сте обврзани да ги почитувате правилата и условите за користење на истата, вклучувајќи ја и нашата политика за приватност. Правилата и условите важат за сите лица (“Крајниот корисник“) подеднакво и доколку не се согласувате со било кој дел од овие правила и услови за користење ве молиме да се воздржите од понатамошно користење на оваа веб страна.

Услови за користење на нашата веб страна

Пристапот и употребата на нашите веб страни е бесплатен. Правото на користење на веб страните е лично право на Крајниот корисники не може да се пренесе на друго физичко или правно лице. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на неговата лозинка, тамо каде што има потреба од истата. Иако Груп Поинт максимално се труди за брзо и ефикасно функционирање на веб страните, во случај на прекин на услугите поради проблеми со Интернетот или некои други случувања кои се надвор од контролата на работење на Груп Поинт, Крајниот корисник се согласува со фактот дека Груп Поинт се оградува од секаква одговорност доколку дојде до губење на податоци при пренос на информации и прекин или привремена недостапност на нашите веб страни на Интернет. Груп Поинт има право во било кое време да ја менува содржината и дизајнот на веб страните, времето на достапност и опремата потребна за пристап и користење на истите. Груп Поинт го задржува правото во било кое време да измени или укине било кој сегмент од своето работење.

Измени на Условите на користење на веб страната

Груп Поинт има право во било кое време, без претходно информирање на Крајниот корисник, доколку тоа не го смета за потребно, да ги промени правилата и условите за користење на веб страните. Било какво користење на веб страните од страна на Крајниот корисник по направените измени ќе се подразбира како прифаќање на истите.Затоа ви препорачуваме повремено да ги проверувате правилата и условите за користење на веб страните. Доколку не се согласувате со направените измени, ви препорачуваме да се воздржите од користење на веб страните.

Опрема

Груп Поинт не е одговорен за набавката на техничката опрема потребна за користење на веб страните и било какво нејзино оштетување кое може да настане како последица од користењето на истите.

Кодекс на однесување на Крајниот корисник

Горенаведените веб страни се во соптвеност на Груп Поинт и без разлика дали директно или преку одредени линкови ги посетите и користите се обврзувате и согласувате со нашите Правила и Услови. Крајно ја подржуваме и поттикнуваме соработката и комункација со нашите корисници, но во исто време очекуваме од нашите корисници да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат прописите и законите на Република Македонија. Крајните корисници не смеат преку овие веб страни да објавуваат материјали кои ги загрозуваат или ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, расипан, или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, материјал кој поттикнува на противправни активности, или на друг начин крши било каков пропис или материјал кој рекламира понуда за услуга/продукт без претходно одобрение од Груп Поинт. Строго се забранува било какво однесување на Крајниот корисник, кое го ограничува или оневозможува било кој друг Краен корисник во користењето и уживањето на овие веб страни.Крајниот корисник не смее да ги користи овие веб страни за огласување или изведување на било каква комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи повикување на корисниците на овие веб страни натоа да станат членови на друга online или offline услуга, која представува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на веб страните што се во сопственост на Груп Поинт.

Авторски права и Интелектуална сопственост

Груп Поинт е сопственик на горенаведените веб страни во согласност со законот за авторски и други сродни права на физички и правни лица. Само Груп Поинт е овластен за искористување на своите авторски и други сродни права над горенаведените веб страни. Строго се забранува зачувување, копирање, дистрибуција, постирање или било кој начин на модификација на овие веб страни без претходно одобрувуање од Груп Поинт.

Одговорности и Права на Груп Поинт

Груп Поинт не одговара за никаква штета што произлегла од користење и употреба на услугите и информациите што се нудат на веб страните. Горенаведеното подразбира штета за причинети грешки, опомени, прекин или успорување во работата, компјутерски вируси, губење на материјални средства или важни информации на Крајниот корисник, нелегален пренос на дата и важни информации и нивна промена, како и причинување на други поголеми или помали штети. Сите информации на веб страните се создадени и пуштени во употреба при најсовесно дејствување, но Груп Поинт не ја презиме одговорноста за нивната целост и техничка точност. Груп Поинт се оградува од гаранцијата дека целиот материјал што може да се најде на веб страните е безгрешен, дека пристапот до веб страните неможе да биде прекинат поради најралични причини и дека веб страните се секогаш во потполност безбедни за користење. Груп Поинт го има правото во било кое време да го ограничи или елиминира во целост пристапот на Крајниот корисник на веб страните.  

Надзор и контрола

Груп Поинт има право, но не и обврска, да врши надзор над содржината навеб страните со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на Правилата и Условите за користење на веб страните, како и усогласеност со било кој друг соодветен закон или пропис. Груп Поинт има право на отстранување на било кој материјал кој го смета за делумно или целосно спротивен на поставените правила и услови за користење или делумно или целосно спротивен на било кој друг соодветен закон или пропис.

Приватност

Крајниот корисник потврдува дека сите on-line разговори на веб страните, оценки, коментари, приватни пораки и други начини на меѓусебно комуницирање, се од јавна, а не приватна природа и според тоа Груп Поинт може да врши надзор на комуникациите на Крајниот корисник без негово знаење и дозвола.  Груп Поинт не ја авторизира содржината на пораките и информациите кои се остваруваат при меѓусебната комуникација на Крајните корисници и се оградува од одговорност за било која можна спорна содржина што може да произлезе при остварување на оваа комуникација. Со објавување на било каква информација од страна на Крајниот корисник на веб страните на Груп Поинт, Груп Поинт има право на користење на тие информации и коментари за промотивна цел или за било која друга правно дозволена намена.

Лиценцирање

Со објавување на било каква содржина на веб страните на Груп Поинт, Крајниот корисник му дава бесплатно право на Груп Поинт на користење на истата за свои промотивни и други цели без територијални и временски ограничувања.

Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна Груп Поинт дооел Скопје вклучувајќи ги и нивните одговорни лица, вработени и екстерни соработници за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи и трошоци за правно застапување кои можат да произлезат од користењето на веб страните од страна на Крајниот корисник.

Прекин на деловната соработка

Груп поинт го има правото да го раскине овој договор во било кое време без претходно да го извести Крајниот корисник.Груп Поинт го задржува правото на суспендирање на лозинката или профилот на Крајниот корисник доколку утврди неприфатливо однесување од страна на Крајниот корисник кој делумно или целосно ги прекршува Правилата и Условите на овој договор.

Трговска марка

Kupinapopust е заштитена и регистрирана трговска марка на Груп Поинт дооел Скопје и според тоа сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на Kupinapopust се интелектуална сопственост на нивните носители.

Содржина на трети субјекти

Груп Поинт преку своите веб страни делува како дистрибутер, а не издавач на содржините објавени на веб страните од страна на Крајните корисници и други субјекти. Груп Поинт нема уредувачка контрола над содржините на веб страните. Сите содржини и информации се на соодветен автор, а не на Груп Поинт. Адекватно на тоа Груп Поинт се оградува од одговорноста за било каква штета или загуба на Крајниот корисник предизвикана од овие содржини. Одговорност е на Крајниот корисник да одлучи и процени сам дали ќе се потпре на точноста и корисноста на содржината објавена на веб страните на Груп Поинт. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страните преку некој друг линк,тоа го прави на свој сопствен ризик. Само со одобрение на Груп Поинт имате право да ставате надворешни линкови до други страни на веб страните кои се во сопственост на Груп Поинт. Груп Поинт го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој надворешен линк во секое време, без предвремено да ве извести.

Правни регулации во Република Македонија

Насловите на Поглавјата користени во овие Правила и Услови за користењена веб страните се само ориентациони и на било кој начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Ако надлежниот суд пронајде дека било која одредба од овие Правила и Услови е неважечка, тоа нема да влијае на валидноста и важноста на другите одредба од овие Правила и Услови што значи дека преостанатите делови ќе останат да важат. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права. Седиштето на Груп Поинт дооел е во Скопје, Република Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на посетувањето и користењето на веб страните(освен доколку со некаков договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со прописите на Република Македонија. Со користењето на веб страните, Крајниот корисник е согласен дека било кој правен спор или барање којќе произлезе или е во врска со овие Правила и Услови вклучувајќи ја и нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

Услови за продажба

Со реализираната резервација и плаќање преку нашите веб страни, Крајниот корисник ни дава одобрение да резервираме Ваучер во негово/нејзино Име за избраната услуга или продукт адекватно на доленаведените услови.

Купениот Ваучер е заменлив за услугата или продуктот која ја овозможува продавачот. Продавачот, а не Груп Поинт, е целосно одговорен за превземање и контрола на Ваучерот кој Крајниот корисник го купил преку нашите веб страни. Груп Поинт преку своите веб страни само го продава ваучерот кој се искористува за добивање на услугата/продуктот.

1. Услови за користење на Ваучерот кај продавачите на храна и пијалоци (Ресторани,кафулиња и слично).

Во овој дел, за продавач се рачуна фирмата која се занимава со продажба на храна и пијалоци кој Крајниот корисник ги конзумира во замена за ваучерот.

- Условите за користење на Ваучерот се напишани токму на него. Крајниот корисник при неговото купување се обврзува дека ќе ги почитува истите.

- Ваучерот неможе да биде искористен за плаќање во случај да Крајниот корисник се одлучи да конзумира и друга храна и пијалоци во време на искористување на ваучерот, а ни потоа. Доколку не се искористи целата вредност на ваучерот, не се враќа дел од вредноста на ваучерот нити пак може да се замени за пари или било каква друга компензација.

- Ниту Груп Поинт, ниту неговите партнери (продавачите) не се одговорни за губење, крадење или злоупотреба на Уникатниот код кој го добива Крајниот корисник при купување на Ваучерот.

Доколку одлучите да го замените Ваучерот за помала вредност од платената, Крајниот корисник нема право на било каква компензација доколку тоа не е предвидено со закон. Репродукција, продажба или трговија со ваучерите е забранета освен ако не го направите тоа во согласност со применливиот закон.

2. Услови за користење на Ваучерот кај останатите продавачите

Искористувањето на ваучерот важи само за продуктите кој се понудени на веб страните, но не и за нивно пакување (во случај на поклон) или транспорт.

- Условите за искористување на ваучерот се напишани токму на него. Крајниот корисник се обврзува на овие услови при купување и искористување на Ваучерот.

-  Ниту Груп Поинт, ниту неговите партнери (продавачите) не се одговорни за губење, крадење или злоупотреба на Уникатниот код кој го добива Крајниот корисник при купување на Ваучерот

Доколку одлучите да го замените Ваучерот за помала вредност од платената, Крајниот корисник нема право на било каква компензација доколку тоа не е предвидено со закон. Репродукција, продажба или трговија со ваучерите е забранета освен ако не го направите тоа во согласност со применливиот закон.

Останати Правила и Услови

Сите Ваучери се рекламни Ваучери кои се нудат на Крајниот корисник под нивната номинална вредност. Ваучерот и неговата употреба од страна на Крајниот корисник се обврзуваат со Правилата и Условите за користење изречени од страна на Груп Поинт во соработка со своите партнери. Под наши партнери се подразбираат сите продавачи на услуги и продукти кој Крајниот корисник ги купува.

Сопственик на Ваучерот е продавачот на услугата или продуктот. Токму продавачот е целосно одговорен за било каква штета, болест, повреда, загуба и слично за време на искористување на ваучерот од страна на Крајниот корисник и нивната меѓусебна врска. Груп Поинт се оградува од било каква одговорност при искористување на услугата од страна на Крајниот корисник кај продавачот и при нивната меѓусебна комуникација.