Заштита на личните податоци
Обновено на 26.03.2021
Груп Поинт дооел како сопственик на веб порталот kupinapopust.mk се грижи за вашата приватност согласно со Законот за заштита на личните податоци објавен во ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ - ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05,103/08,124/10 и 135/11), обновен во Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година.
Во овој закон се наведени сите информации и правила кои ги почитуваме за заштита на личните податоци на корисниците на нашата веб страна.
Важна напомена:
Со посета и користење на услугите на веб страната (kupinapopust.mk) ја давате својата согласност за обработка и употреба на вашите лични податоци согласно Законот.
Да бидеме поконкретни би сакале да ви појасниме каде и како се употребуваат Вашите лични податоци, а исто така како истите ги добиваме:
1. Од личен податок го добиваме само вашиот e-mail и истиот се користи за да ви го испратиме ваучерот како би можеле да ја искористите услугата за која сте платиле. Во случај на регистрација го добиваме и вашиот датум на роденден ( без годината ) како би можеле на тој ден да ви испратиме подарок “купинапопуст“ поени.
2. Е-мејлот го добиваме на база на: Вашето онлајн купување / Вие лично сте го внеле на нашата веб страна со цел да ги добивате нашите дневни понуди / Сте се регистрирале како наш корисник / Сте го завртеле “Тркалото на среќата“ - facebook апликација - наградна игра и сте се најавиле со вашиот е-маил кој го користите на Facebook.
3. Вашиот е-маил се предава на трети страни и обработува од истите, поточно од социјалната мрежа Facebook во случај на Facebook платени кампањи кои се дел од нашата маркетинг активност и од страната на фирмата Amazon која е наша е-маил маркетинг алатка преку која ви испраќаме дневни е-маил известувања за нашите најнови понуди.
Добивање на вашите лични податоци
Веб страната kupinapopust.mk можете да ја посетите без внесување на било каква информација за вас. Во случај на пројавен интерест од ваша страна за информирање или користење на услугите кои ги нуди kupinapopust.mk можеме да побараме одредени информации од вас со цел да ви ја пружиме потребната услуга. Најчесто побаруваме лични информации од типот на e-mail, телефон за контакт или датум на вашиот следен роденден. Ниту една од овие информации не мора да ни ги кажете, но без нив нема да можеме да ви ја пружиме потребната услуга.
Користење на вашите лични податоци
Вашите лични податоци ги користиме за услугите кои ги избирите, а тоа значи при искористување на попустите или електронско информирање за најновите понуди.
Согласност за употреба на колачиња ( cookies )
Нашата веб страна користи колачиња за да Ви понуди подобрa услугa. Ако продолжите да ја прегледувате веб-страницата на kupinapopust.mk без да ги промените поставките за колачиња, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња на веб-страницата на kupinapopust.mk. Поставките за колачиња може да ги промените во секое време.
Обврска за заштита на вашите лични податоци
Груп Поинт (kupinapopust.mk) се обрзува да обезбеди сигурност и заштита на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци за информациите кои ги добива и обработува Груп Поинт дооел (kupinapopust.mk), но не и за информациите кои се предаваат на трета страна, а за кои корисникот се согласил.
Како трета страна се подразбираат Facebook и Амазон.
Права и контакт во врска со политиката за заштита на личните податоци
Сите наши корисници имаат право да бидат информирани за обработката на личните податоци.
Исто така секој корисник има право на пристап ма своите лични податоци, право на бришење и измени, на приговор, како и право на ограничување на обработката на личните податоци.
Во продолжение може да се превземат барање за доставување на информации за обработка на личните податоци, како и барање за запирање на обработката на личните податоци.
Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци
За било каква информација поврзана со Заштита на личните податоци, можете да го контактирате офицерот за заштита на личните податоци Симе Симовски, емаил: privacy@kupinapopust.mk и тел.бр за контакт: 070 266 583.
kupinapopust.mk не дозволува користење на веб страната од страна на малолетни лица (лица под 18 години). При самото користење на сајтот и креирање на профил се изјаснувате дека сте полнолетно лице со цел да можете да вршите купување на производи и услуги од веб страната kupinapopust.mk. Доколку се дојде до заклучок дека лице кое е малолетно креирало профил на веб страната, веднаш се отстранува.