Прв пат купувам преку kupinapopust.mk! Што треба да знам?

КАКО ДА КУПАМ ВАУЧЕР - симни PDF

КАКО ДА КУПАМ ВАУЧЕР погледај презентација!

Почитувани,


За да купите некоја од нашите актуелни понуди не е потребна никаква регистрација. Едноставно ја избирате понудата која ви се допаѓа и со кликање “Купи“ ја купувате. Потребно е само да го внесете вашиот е-маил и да изберете како ќе платите. Плаќањето е можно со платежна картичка. Ова е наједноставен и најбрз начин на плаќање и ваучерот го добивате веднаш. Исто така имате и опција за плаќање со уплатница, а подетални информации за ова ќе најдете на следниов линк: http://kupinapopust.mk/card/instructions


По вашето прво купување Ние автоматски ви креираме “Кориснички профил“ и сите потребни информации ви ги испраќаме на вашиот регистриран е-маил. Со внесување на вашиот е-маил при купувањето Вие се согласувате да ги добивате нашите дневни понуди.


По извршеното плаќање ваучерот автоматски ви се испраќа на е-маил и потребно е да го прикажете при искористување на услугата. Доколку не сте во можност да го испечатите ваучерот, доволно е да го прикажете единствениот код од ваучерот запишан на вашиот мобилен или парче хартија.

 

Единствено преку “kupinapopust” со секое ваше купување добивате поени кои може да ги искористити за добивање на уште поголем попуст од тој што сме го договориле Ние. Во вашиот Кориснички профил ќе најдете подетални информации за вашите освоени поени.


Доколку сакате ваучерот да го подарите на некоја ваша драга личност, имате опција да го купите ваучерот како подарок. Доколку не знаете која понуда би им се допаднала, имате опција да му подарите кредит во форма на електронска картичка , а вашиот драг пријател ќе може сам/а да ја избере понудата.


Доколку реално, поради објективни причини не сте задоволни од услугата, вредноста на платениот ваучер ви ја враќаме во форма на кредит назад на вашиот “Кориснички профил“. Вратените средства ќе можете да ги искористите за некоја друга понуди.


Со “kupinapopust“ заштедувате многу секој месец. Ние се трудиме да договараме понуди од различен тип кои ги задоволуваат потребите на секој поединец, а воедно и да ви дадеме идеја за некој вид на услуги кои досега не сте биле во можност да си ги дозволите. Затоа, следете нѐ и не дозволувајте да ве одмине ниту една понуда.

 

Молба до сите наши корисници: Не ги плаќајте понудите директно кај фирмите со коишто соработуваме. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без издаден ваучер. Доколку сте скептици за користење на вашите платежни картички, платете со уплатница во банка, а ние веднаш ќе ви издадеме ваучер. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.

КАКО ДА КУПАМ ВАУЧЕР - симни PDF

КАКО ДА КУПАМ ВАУЧЕР - погледај презентација!


Со почит,
Од тимот на “kupinapopust.mk“