Добивате:
• Ноќевање во чисти и добро опремени дуплекс апартмани лоцирани веднаш до плажа.
• Во апартманот има две спални со одвоена дневна соба идеално за парови, големо друштво или две фамилии. Во апартманот можат да се сместат од 4 до 8 лица.
• Апартманот се наоѓа во близина на Лемони пекарата односно во самиот центар на Пефкохори на 250 метри од море.
• Во апартманот има комплетно опремена кујна, WC, клима, ТВ, три тераси.
• Апартманите се наоѓаат во мирна и тивка околина идеална за Вашиот одмор.
• Климата е вклучена во цената.
• Прекрасна можност за уживање покрај море далеку од градскиот метеж.
Појаснување:
• Понудата важи за периодот од 10.06 до 20.06.2016 година.
• Цената што се доплаќа на лице место е 8 евра по лице за ноќевање.
• Најнапред е потребно да добиете
потврдна информација дека апартманот е слободен за вашиот посакуван
датум на патување како и цената по ноќевање. Резервациите се прават на
e-mail: apartmanipefkohori@gmail.com или на 075 432 949 (контакт преку VIBER).
• По добивањето на
потврдата дека има слободен апартман го купувате купонот и го испраќате
на e-mail: apartmanipefkohori@gmail.com како потврда на резервацијата.
• За подетални информации околу
купувањето на купонот Ве молиме јавете се на 075 340 547. Само со уредно
купен купон резервацијата се потврдува.
• Еден купон е за едно ноќевање за цел апартман независно од тоа колку луѓе ќе престојуваат.
Купоните се комбинираат односно за повеќе ноќевања се купуваат повеќе
купони (пример: за 3 ноќевања потребни се 3 купони, за 4 ноќевања
потребни се 4 купони итн.)
• При сместувањето ги прикажувате купоните и во зависност од бројот на ноќевања и терминот на престој ја доплаќате сумата.
e-mail: apartmanipefkohori@hotmail.com
тел. 075 432 949 (viber)
• Потребна е претходна резервација на: apartmanipefkohori@hotmail.com или на 075 432 949
• Задолжително е прикажување на купонот при искористување на услугата.
• Без прикажан купон не гарантираме за попустот и условите на понудата.
Пефкохори е едно од најинтересните места на Халкидики, кое се наоѓа на самиот крај на полуостровот, на внатрешната страна на полуостровот Касандра со поглед кон заливот Торонеос одалечено од Солун 107км. Местото е опкружено со борова шума чиј мирис во комбинација со тиркизно сината боја на Егејот ќе допринесе Вашиот одмор да биде како од соништата.
На 8-9km од Пефкохори се наоѓа преубавата песочна плажа „Xenia Beach“. Топло Ви препорачуваме да ја посетите.
Ханиоти е познато грчко летувалиште сместено во внатрешната страна на полуостровот Касандра во областа Халкидики. Се наоѓа на околку 100 km од Солун и претставува едно од најубавите туристички места на Халкидики. Морето во заливот Торонеос е чисто и топло, а климата погодна за развој на вегетацијата.