* Пред да го купите ваучерот, потребна е претходна резервација во агенцијата.
* По добивањето на потврдата дека има слободен апартман, го купувате ваучерот и повторно се јавувате во агенцијата за да го соопштите единствениот код, бројот на пасош и личните податоци.
* По потврдата дека има слободна соба, пожено е истиот ден да се уплати за да се загарантира резервацијата.
Добивате:
• Наем на студио за 7 ноќи за 2.
• Собите се опремени со TV, мини кујна, фрижидер, засебна бања, клима уред(со доплата) и балкон.
Појаснување:
• Цената на ваучерот е за наем на студио за 7 ноќевања во периодот 18.06-25.06.
• Има можност за доплата на полупансион(појадок и вечера) во ресторан.
• Во цената не е вклучен превозот.
• Има организиран превоз повратна карта 55 евра(возрасен) и 40 евра(деца од 2-12 години).
• Доколку поради било која причина, патувањата или турите се откажат или не се реализираат, ќе добиете комплетно рефундирање на уплатените средства!
Kupinapopust е посредник при организацијата и реализацијата на патувањето. Организатор е Т.А „Savana“
Т.А „Savana“
САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот.
Солун
Близината до Скопје, морето, понудата на добри попусти и уникатни производи го прави овој град идеално место за еднодневни екскурзии.