Добивате:
• Ноќевање во луксузен апартман со појадок за две лица.
• Финска и ароматична сауна,
• Парна бања,
• Базен со минерална вода,
• Фитнес,
• Wi-Fi конекција,
• Туристичка такса,
• ДДВ.
• Луксузен одмор за целосно опуштање.
Појаснување:
• Ваучерот може да се користи веднаш.
• Ваучерот важи во деновите од недела до четврток до 22.12.2015 година.
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот: +359 74 996 044 или на e-mail: reservations@grandroyale.bg за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
• Ваучерот не вклучува употреба на џакузи, амам, третмани за разубавување.
• Појадокот е на блок маса или на сет мени (во зависност од букираноста на хотелот).
• Дете до 2,99 год. се сместува бесплатно, но не користи услуги.
• Прво дете од 3 до 12,99 години на дополнително легло се доплаќа 4 евра на лице место и користи сместување, појадок и СПА.
• За второ дете од 3 до 12,99 год. на дополнително легло се доплаќа на лице место во хотелот: 11 евра за сместување, појадок и СПА.
• Трет возрасен или за лице над 13 години се доплаќа на лице место во хотелот: 15 евра за сместување, појадок и СПА.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот.
Добивате: 2 ноќевања во луксузен апартман на база полупансион, Базен со минерална вода, Арома сауна, Релакс зона, Парна бања, Сауна, Фитнес, Wi-Fi конекција, Туристичка такса, ДДВ, Луксузен одмор за целосно опуштање.
• Задолжителна е претходна резервација: +359 74 996 044 или на e-mail: reservations@grandroyale.bg
Хотел „Grand Royale Hotel & Spa“ Банско
Се наоѓа на само 250-300 метри од првата станица на жичарницата, меѓу новите згради и со одличен видик кон планината. Вкупниот изглед на комплексот претставува еден завршен архитектонски ансамбл, исполнет во традиционалниот за Банско романтичен стил, додека во исто време ги има сите карактеристики и квалитети, својствени за една 4-ѕвездена удобност и елегантна комбинација на функционалност, форми и бои. На своите гости хотелот нуди можност да уживаат широк спектар на услуги, обезбедувајќи дополнителни погодности и релаксирачки одмор.
Хотелот располага со 133 соби во различни категории, и тоа: двокреветни соби, студиа, едноспални и двоспални апартмани кои нудат комфорт и приватност на вашиот престој. Собите се со површина од 34-151 м2. На располагање во собите на хотелот се: кабловска телевизија, интернет пристап, греење, лична безбедност, телефон со директна линија и мини бар. Опис на сместувањето во двокреветна соба е: 2 редовни легла, спална, купатило со када, балкон или тераса и клима уред.
Хотелот располага со елегантен ресторан до 150 места, бар, show cook и убаво средена блок маса, каде што гостите можат да уживаат на бугарската и европска кујна. Пријатно кафе во лоби бар со пријатен камин и одделен пури-бар со билијард маси го дополнуваат уште повеќе чувството на интимност и топлина во друштво на вашите најблиски. А pool-барот ќe ве послужи со разновидни пијалоци додека уживате во Спа-центарот на хотелот.
Модерниот СПА центар е создаден за Вашите сетила. Таа располага со атрактивен ентериер, голем 20 метарски базен со детска секција, 4 масажни студиа, каде може да изберете од разновидни егзотични масажи, модерно џакузи, финска сауна, арома сауна, парна бања и голем опремен фитнес центар.