Постапка за резервација:
• Задолжителна е претходна резервација на телефон 070/ 732 842 или на e-mail admin@kupinapopust.mk со назнака „За Alehandra - Калитеа“ пишувајќи го терминот, бројот на лица кои ќе престојуваат и дали сакате организиран или имате сопствен превоз.
* Статусот на собите од слободни во резервирани се менува постојано, затоа потребно е да се изврши уплата што побрзо по потврдата дека собата е слободна.
* За уплати истиот ден до 16 часот (по потврдата од наша страна дека има слободна соба) следува ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ.
• За да извршите уплата Ви испраќаме понуда со вкупна сума и пресметан попуст за вашиот посакуван датум на патување. Сумата може да ја уплатите онлајн со вашата платежна картичка преку нашата веб страна или во банка со уплатница на нашата жиро сметка. - види пример од уплатница.
• Во следната табела може да ги погледнете цените и термините за патување кои се фиксни и не може да се менуваат.
• Цените се изразени во евра за уплати во денарска противвредност (1 евро = 62 денари)
• Задолжително е патничко осигурување за деновите за престој. Патничкото осигурување може да го извадите сами или да го добиете со 10% попуст на следниов линк: Еуролинк online патничко осигурување
Услови и појаснувања:
• Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
• За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15 евра од вкупната цена по лице.
• Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00 часот. Враќање последниот ден во попладневните часови
Доплати:
• Цена за превоз за дете од 2 - 11.99 год. - 1545 ден.
• Цена за превоз за возрасен - 2163 ден.
• Трето и четврто лице во апартман се сместуваат бесплатно, плаќаат само превоз
• Доплата за туристичка такса 0.5 евра по соба на ден.
• Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
• Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
• За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
• Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
• Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање.
Програма на патувањето:
• Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
• Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
• Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
• Денови на престој (7 или 9)
• Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
• Попладневните часови поаѓање за Македонија
• Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје
Вила „Alehandra“
Калитеа
Покажи ми го патот
тел: 070/ 732 842
е-маил
admin@kupinapopust.mk
• Задолжителна е претходна резервација на 070/ 732 842 или на е-маил admin@kupinapopust.mk
Вила „Alehandrа“, Калитеа - се наоѓа на само 7 мин. од песочната плажа во Калитеа. Располага со убаво уредени трокреветни и четворокреветни студија.Сите студија се опремени со бања, комплетна кујна, ТВ, клима уред (вклучен во цена), тераса. Вилата се наоѓа во мирен дел на Калитеа на само 2 мин. од главното шеталиште во самиот центар.
• kupinapopust.mk не е организатор на патувањето туку посредник при резервацијата на хотелот / апартманот / превозот.