63% или 4500 ден. за курс по рефлексотерапија (рефлексна масажа на дланките и стапалата) + сертификат за завршен курс во реномираното студио за масажа „АЛТЕРНАТИВА“

Со купување на овој ваучер добивате 84 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 12000 ден.
    • Попуст 63%
    • Заштедуваш 7500 ден.
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  29.02.2016  до  30.04.2016 

Добивате:
• Курс по рефлексотерапија (рефлексна масажа на стапалата и дланките) со времетраење од 20 школски часа (поделени во два модула од по 10 школски часа, сабота од 09-16 часот)
• Сертификат за завршен курс.
Појаснување:
• Едукацијата ја изведува Дејан Ѓорѓиевски, мануелен терапевт, бовенов терапевт, рефлексотерапевт и НПК масер.
• За време на паузите ние ве послужуваме со чај, кафе, сок и овошје.
• Задолжителна е претходна резервација. Потребно е веднаш по купувањето на ваучерот да се јавите во студио Алтернатива за да ве регистрираат.
• Tочниот датум за започнување на курсот е по договор со учесниците и терапевтот/предавач.
• На курсот дојдете во удобна и лесна облека.
• За полесно совладување на материјата секој учесник добива и скрипта, која ќе му помогне во учењето и повторувањето на материјалот.
• ТЕОРИЈА:
- дефинирање, историја и развој на рефлексотерапијата
- теорија на зонската терапија
- основни рефлекси и основна анатомска градба на телото, особено на дланките и стапалата
- подготовка за рефлексотерапија, хигиена, евиденција и документација, етика и комуникација
- терапевтски нацрт
- индикации и контраиндикации
- реакции на рефлексотерапијата
- кинески стил на рефлексотерапија и теориите на Јин и Јанг, како и теоријата на Петте елементи
• ПРАКТИЧЕН ДЕЛ:
- техника на А-тест
- основни мануелни техники
- техники кај рефлексотерапијата
- начин на обработка и тек на третманот
- поединечни зони и точки поврзани со оддалечени органи и органски системи
- одредени синдроми и рефлексотерапијата
• Учесниците меѓусебно се изменуваат така што секој учесник има улога на терапевт и на странка. На крајот на курсот добивате сертификат-диплома за добиеното знаење на курсот. Сите учесници кои ќе се здобијат со сертификат се евидентирани во регистер на рефлексотерапевти, кој го водиме во нашето студио.


 ул. Исаија Мажовски бр. 44 лок.6 населба Влае

(во близина на кулата во Порта Влае)

 тел. 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295
работно време:
пон - пет од 13:00 до 20:00 часот
сабота од 14:00 до 19:00 часот


 e-mail: 
info@studioalternativa.mk

 Facebook

  Потребна е претходна резервација на 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295


Студио „АЛТЕРНАТИВА“

Студио за масажи, мануелна терапија и едукација.
Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија.

Стресот и напнатоста се неминовен дел од секојдневниот живот на современиот човек. Најчесто се манифестираат со болки во вратот, грбот, преодот врат-грб, трапезиусите, рамениот појас, градните мускули и болки во рацете (особено надлактиците). Употребувајќи посебно избрани масажни техники за елиминација на болките и напнатоста во овие регии, ви нудиме 30 минутно задоволсто, уживање и релаксација.

Оригиналноста на масажите во Студио Алтернатива е тоа што кај нас пристапот е холистички и индивидуален за секој клиент. Масажата се состои од масажа на: грбот, вратот и рацете. Уникатната комбинација на класичната/шведска масажа и терапевтска масажа, со додавање на миофасцијални и длабокоткивни (deep tissue) техники, даваат посебен белег на оваа масажа во студио Алтернатива. Употребата на одредени техники од кинеската медицинска масажа- туина, како и употребата на вентузи, ја чини терапевтската масажа на грбот и вратот поефикасна. Освен релаксирачкиот и анти-стрес ефектот, оваа масажа е идеална и за терапевтски намени, кај лица со проблеми и болки во различни делови на грбот. За таа цел се потребни неколку третмани, најчесто 3-5, со што кај најголем број од нашите клиенти постигнуваме одлични резултати.

Ефектите на масажата ги зголемуваме со употреба на ароматизирани масла, најчесто со комбинација на портокал и еукалиптус. Етеричното масло од портокал е најчесто употребуваното етерично масло, кое има позитивно и благопријатно влијание на расположението, тонифицира, делува освежително и стимулативно, а е многу корисно и кај масна кожа и кожа со акни. Етеричното масло од еукалиптус има антимикробно, антисептичко, деконгестивно, антиинфламаторно и аналгетско дејство, што особено го зголемува ефектот на масажата.

Масажата влијае на човечкиот организам така што:
- ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата,
- ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите,
- ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,
- го релаксира нервниот систем, пред се со активација на автономниот нервен систем,
- со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и овозможува телото да се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот. Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално, а со терапевтските елементи во масажата се обидуваме да ги елиминираме или ублажиме болките и напнатоста во мускулите.

Терапевтската масажа на грбот и вратот се употребува кај следниве проблеми:
- Болки и вкочанетост во вратот
- Спондилоартрозни промени на рбетот
- Дископатии и дискусхернии
- Лумбаго и лумбоишијалгија
- Грч, напнатост и болки во мускулите на грбот и вратот.

Масажите ги изведува мануелен терапевт, физиотерапевт и едуциран масер. 

Студио „АЛТЕРНАТИВА“  e студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија. Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт,терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Проверете ја состојбата на Вашиот вид со најсовремен инструмент камера ТУ ВИН /2 WIN во оптика „Интер - Оптик“ - 67%
„Интер - Оптик“ - нас. Центар
Проверете ја состојбата на Вашиот вид со најсовремен инструмент к...
Уште 7 ч. 42 мин.
 10 Купувачи
Tons Garden Стол на расклопување 10099 - 32%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Стол на расклопување 10099
Уште 7 ч. 42 мин.
 
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 7 ч. 42 мин.
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 7 ч. 42 мин.
 
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007 - 17%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007
Уште 7 ч. 42 мин.
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 7 ч. 42 мин.
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 7 ч. 42 мин.
 85 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 7 ч. 42 мин.
 4 Купувачи
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 7 ч. 42 мин.
 40 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 7 ч. 42 мин.
 6 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 7 ч. 42 мин.
 22 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 7 ч. 42 мин.
 4 Купувачи
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 7 ч. 42 мин.
 2 Купувачи
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 7 ч. 42 мин.