Добивате:
• Две ноќевања за две лица.
• Уживање и пријатен престој во прекрасното Леуново-Маврово.
Појаснување:
• Може да се комбинираат повеќе ваучери за три или повеќе ноќевања.
• Можност за сместување на повеќе лица со доплата во самата вила:
- 3+1 креветно студио (се доплаќа 460 денари),
- 5 креветен апартман (се доплаќа 2109 денари),
- 6 креветен апартман (се доплаќа 3159 денари),
(за поголеми групи од 6 и повеќе лица обезбеден е превоз од врата до самата вила - 600 денари по лице)
• Моменталната ски-карта е 500 денари.
• Ваучерот може да се користи веднаш.
• Потребна е претходна резервација на телефонскиот број 072/527-000.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот.
www.leunovo.com
Facebook
тел.072/527-000
• Потребна е претходна резервација!
Вила „Лазарески“ - Леуново
„Вила Лазарески“ се наоѓа во Леуново и е идеално место за вашето приватно сместување. Таа е оддалечена на 150м. од главниот пат, поврзана со него по истрасиран пат. На 150м. од Вилата се наоѓа Мавровското Езеро, а на 200м. од неа се простира густата шума.„Вила Лазарески“ е нова градба, со приземје и два ката. Таа содржи два апартмана и три студија, коишто се солидно опремени со сè за вашиот престој да биде што попријатен. Две студија се наоѓаат на приземје и немаат балкон, еден апартман се наоѓа на првиот кат со два балкони, а едно студио и еден апартман има на вториот кат и исто така имаат балкон.
Апартманите располагаат со кујна опремена со сите неопходни предмети (садови, фрижидер, мини шпорет), дневна соба со гарнитури на отворање, ТВ со сателитска програма, спална соба и бања (када/туш-кабина). Студијата содржат кујна исто опремена како и кај апартманите, дневна соба со гарнитури на отворање, ТВ со сателитска програма и бања со туш кабина. Вилата на своите гости им нуди централно парно греење (во зимската сезона), топла вода (24 часа), чиста постелнина и чисти крпи. За своите гости по потреба обезбедуваме помошни бебешки креветчиња, а исто така располагаме со велосипеди за рекреација и уживање во мирната планинска природа. Вилата има простран двор.
Манастир „Јован Бигорски“
„Дуфски водопади“