Добивате:
• Кинезиотејпинг терапија со апликација на фластери на третираното место (Kineziotex тејпингот е тенок, памучен и леплив фластер кој може во зависност од потребите до 100% да ја зголеми својата должина при истегање).
• Намалена болка.
• Подобра циркулација.
• Санирање на едемот (отокот).
• Подобрување на движења во зглобот и корекција на лабавоста на истиот.
• Подобрување на мускулната функција и нивна релаксација.
Појаснување:
• Доколку сакате ленти на повеќе места на телото (раце, нозе, стомак, грб, врат, стапала...) потребно е да купите повеќе ваучери. Еден ваучер важи за едно третирано место.
• Кинезиотејпинг фластерите немаат негативни последици, не ги попречуваат секојдневните активности, ниту туширањето бидејќи се водоотпорни.
• Потребна е претходна резервација на 02/ 2466 - 021 или 070/ 338 - 754
• Ваучерот важи и за мажи и за жени.
• Ваучерот може да се користи веднаш.
(Позади Тобако 2)
Покажи ми го патот
тел. 02/ 2 466 021
070/ 338 754
laser_med@yahoo.com
WEB
• Потребна е претходна резервација на термин на тел: 02/ 2 466 021 или 070/ 338 754
Центар за физикална и кинезитерапија „LASER MED“
Цервикална спондилоза е термин кој означува оштетување на зглобовите во вашиот врат, исто така познат како вратен остеоартрит. Оваа состојба вообичаено се јавува кај индивидуи постари од 40 години и прогредира со тек на процесот на стареење.
Како што стареете коските и рскавицата кои го формираат вратниот дел на `рбетниот столб постепено пропаѓаат, понекогаш формирајќи неправилни коскени израстоци наречени остеофити. Паралелно настанува постепена дехидратација (сушење) на меѓупршленските дикуси кои имаат улога на „амортизер“ на вратниот `рбет. Понекогаш следува пролабирање на мекиот дел на дискусот помеѓу два пршлени (односно хернирање на дискусот), при што тој врши компресија врз корените на нервите кои излегуваат од `рбетниот мозок, а кои се во негова непосредна близина или пак врз самиот `рбетен мозок.
Овие промени кои се карактеристични за вратната спондилоза, се јавуваат кај сите луѓе во текот на стареењето. До 30 годишна возраст кај многу индивидуи на рентген снимките се јавуваат знаци за вертебрална и дискална дегенерација, но и покрај тоа симптомите најчесто не се јавуваат се до доцната адултна возраст во животот.
Многу од луѓето кај кои промените се евидентни на рентген снимки немаат тегоби поврзани со болеста (болка, чувство на вкочанетост, мускулни спазми). На другиот крај на спектарот се пак пациенти кај кои вратната спондилоза напредува до степен што при кој настанува вратна радикулопатија или вратна миелопатија.
Без соодветен третман,знаците и симптомите на вратната спондилоза може да прогредираат или пак да се повлечат. Целта на третманот е да се намали болката и да се превенира перманентно оштетување на нервите или `рбетниот мозок. Полесните случаи на вратната спондилоза може да одговорат на примање на аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекарства за обезболување, миорелаксанти, вежби за зајакнување на вратната мускулатура. Понекогаш носењето на вратна имобилизација ја намалува болката, но докажано е дека таа доведува до слабеење на вратната мускулатура и поради тоа треба да се избегнува. Физикална терапија, односно вежби со цел зајакнување на мускулатурата и истегнување на мускулите на вратот и рамењата, лесни аеробни вежби како пешачење, пливање може да помогнат.