Добивате:
• Месечна членарина за групна фитнес активност за мажи - Extreme Workout
• Тренинзите ги изведува Владимир Прибичевиќ - дипломиран спортски тренер со десет-годишно искуство.
• Разни фитнес активности преку кои се подобруваат општите функции на телото.
Појаснување:
• Пријавувањето за учество во ваков тип на активности е задолжително по купувањето на ваучерот.
• Понудата важи само за фитнес центарот во нас. Аеродром (позади Capitol Mall)
• Потребна е претходна консултација на телефон 071/ 555 510 - Владимир.
• По завршувањето на важноста на ваучерот се уплаќа редовната цена.
• Extreme Workout - Современ фитнес кој е доста атрактивен и го применуваат современите борци во MMA. Ова е руски систем на вежбање кој бара голема издржливост, соодветна физичка подготвеност, но не е исклучок да ја немате, ние ќе ви ја подобриме. Тренингот е составен од вежби со долго јаже 9 метри, спининг програма на статични точаци, удари со чекан во тракторска гума, скокање јаже, вежби со вреќа од 15 килограми, скокање на високи сандуци ... Преку ваков тип на тренинг се подобрува општа физичка подготвеност: сила, брзина, агилност, координација, белодробен капацитет, топење на вишок масти, оформување на тело и создавање на квалитетен и силен мускул.
тел. 071 555 510 - Владимир
• Откако ќе го купите ваучерот, задолжително јавете се на 071 555 510, Владимир за да го најавите Вашето присуство.
Студио за групни фитнес активности G - FITNESS ( Голден фитнес) - Скопје
Голден фитнес - Скопје е основано во Октомври 2015 год. Тимот на инструктори кои ја водат програмата е составен од стручни лица од областа на фитнес и здравје. Долгогодишното искуство со групни и индивидуални фитнес активности ни овозможува своето знаење да го примениме во пракса и нашите практиканти да ги добијат посакуваните резултати, секако во постојана консултација и соработка со нас.
Различните програми кои ги нудиме овозможуваат современ начин на работа во фитнесот и постојано усовршување на истиот.