Постапка за резервација:
• Задолжителна е претходна резервација на телефон 070/ 732 842 или на e-mail admin@kupinapopust.mk со назнака за „Хотел Golden Beach - Метаморфозис, Ситонија“ пишувајќи го терминот, бројот на лица кои ќе престојуваат и дали сакате организиран или имате сопствен превоз.
* Статусот на собите од слободни во резервирани се менува постојано, затоа потребно е да се изврши уплата што побрзо по потврдата дека собата е слободна.
* За уплати истиот ден до 16 часот (по потврдата од наша страна дека има слободна соба) следува ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ.
• За да извршите уплата Ви испраќаме понуда со вкупна сума и пресметан попуст за вашиот посакуван датум на патување. Сумата може да ја уплатите онлајн со вашата платежна картичка преку нашата веб страна или во банка со уплатница на нашата жиро сметка. - види пример од уплатница.
• Во следната табела може да ги погледнете цените и термините за патување кои се фиксни и не може да се менуваат.
• Цените се изразени во евра за уплати во денарска противвредност (1 евро = 62 денари)
• Задолжително е патничко осигурување за деновите за престој. Патничкото осигурување може да го извадите сами или да го добиете со 10% попуст на следниов линк: Еуролинк online патничко осигурување
Услови и појаснувања:
• Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз на база All Inclusive Light
Програма All Inclusive Light:
• Појадок (08:00 - 10:00ч) - Шведска маса
• Ручек (13:30 - 15:00ч) - Шведска маса со избор од две главни јадења и 3 салати
• Вечера (19:00 - 21:00ч) - Шведска маса со избор од две главни јадења и повеќе салати.
• Пијалоци: Локални алкохолни и безалкохолни како филтер кафе, чај (ладен и топол), џус, газирани пијалоци, ракија (tzipuro), вино и пиво во чаша. Пијалоците се служат во барот од 12:00 - 17:30ч како и за време на вечерата.
• Секој петок навечер - Коктели!
• Сладолед се служи секојдневно од 15:00 до 16:00ч
Доплати:
• Деца од 0 - 13.99 год. бесплатно.
• Деца од 14 - 15.99 год.плаќаат 30% од вкупната сума на еден возрасен.
• Трет возрасен и деца над 16 год. плаќаат 50% од вкупната сума на еден возрасен.
• Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени.
• Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот – АУРОРА ТУРС писмено ќе дозволи поинаку.
Програма на патувањето:
• 1 ден (Недела) СКОПЈЕ - ХАЛКИДИКИ (Ситонија)
- Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот наутро. Патот води преку граничниот премин Богородица - Евзони. По пристигнување во местото, сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
• 2 ден (Понеделник) до 7 ден (Сабота) ХАЛКИДИКИ (Ситонија)
- Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
• 8 ден (Недела) ХАЛКИДИКИ (Ситонија) - СКОПЈЕ
- Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување од местото на престој и патување кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.
Хотел „Golden Beach“
Метаморфозис, Ситонија
Покажи ми го патот
тел: 070/ 732 842
е-маил
admin@kupinapopust.mk
• Задолжителна е претходна резервација на 070/ 732 842 или на е-маил admin@kupinapopust.mk
Хотел „Golden Beach“ - Метаморфозис, Ситонија - Се наоѓа на 150 метри оддалеченост од центарот на градот, веднаш до прекрасниот мал градски парк, на само 30 метри од градската плажа на Метаморфози. Со вкупно 45 соби, хотелот располага со сите наброени содржини, а особено се истакнува со добриот сервис и квалитетна исхрана. На услуга на гостите се следниве содржини: рецепција, ресторан, бар, градина, базен со бесплатни лежалки и чадори, мал детски базен, бежичен интернет, лифт.
Сместување: Собите се двокреветни, трокреветни и свитови, сите опремени со сопствена бања, TV со канали на македонски и српски јазик, клима уред, фрижидер и балкон. Сите соби се освежени и од оваа година (2016) имаат реновирани тоалети.
DBL (1/2+1): Стандардни соби на приземје или на спрат со 1 брачен и еден единечен кревет. Максимум капацитет на собата е 3 возрасни со 1дете до 5.99год. (дете дели лежај со родители).
• kupinapopust.mk не е организатор на патувањето туку посредник при резервацијата на хотелот / апартманот / превозот.