Добивате:
• 5 ноќевања за едно лице со вклучен појадок.
• Користење на базен со минерална вода, сауна, парна бања, џакузи, фитнес сала, релаксирачка зона и авантуристички туш.
• Бесплатен интернет.
• Бесплатен приватен паркинг.
• Бесплатно користење на сеф.
• Бесплатно користење на детско катче.
• Туристичката такса е вклучена во цената.
Појаснување:
• Ваучерите може да се искористат до 01.06.2016 година, не вклучувајќи го периодот од 26.04 до 10.05.2016 година.
• Потребна е претходна резервација за слободни соби на: +359
3041/ 38 77, +359 893/ 62 80 42 или на e-mail: reception@persenk.eu и
marketing@persenk.eu за да резервирате соба.
• Дете до 6 години каде двајцата родители плаќаат е бесплатно.
• Дете од 6 до 12 години на дополнително легло плаќа 50% од вредноста на пакетот на рецепција.
• Дете до 12 години на редовно легло плаќа 70% од редовната цена на пакетот на рецепција.
• Возрасен на дополнително легло плаќа 70% од цената на редовно легло во двокреветна соба на рецепција.
• За самостојно сместување се доплаќа (18 евра) за ноќевање на рецепција.
тел. +359 3041/ 38 77
+359 893/ 62 80 42
e-mail: reception@persenk.eu
marketing@persenk.eu
• Потребна е претходна резервација.
Хотел „SPA Hotel PERSENK***** “ Девин, Пампорово
Хотел „SPA Hotel PERSENK***** “ Девин, Пампорово ве поздравува со топла насмевка во срцето на Родопи планина. Модерната зграда се издигнува меѓу зеленилото на планината и е во непосредна близина до централниот дел на градот Девин, кој ги комбинира во себе уникатната природа и топлото чувство на смиреност и комфорт. За вашиот одмор или бизнис настан хотелот со пет ѕвездички нуди пријатна атмосфера и стил, исклучително смиреност, удобност и можност да уживате со локални јадења и ароматични вина.
Хотелот располага со 70 двокреветни соби, 1 фамилијарен, 4 стандардни и 3 VIP апартмани. Сите се со прекрасен поглед кон градот, планинските падини или градината на хотелот. За љубителите на комфортни одмори се нудат соби кои се елегантно декорирани и нудат комфорт, удобности и просторност. Опремени се со минибар, клима, LCD телевизор, интернет конекција и телефон.
Меѓу пријателска атмосфера, професионална услуга и уникатен ентериер откријте го богатството од незаборавни вкусови и вистински кулинарски задоволства. Главниот готвач на хотелотот ќе ви понуди широк избор на кулинарски задоволства од бугарската и европска кујна, како и избрани локални специјалитети, кои ќе ви ги заситат сетилата со арома, визија и вкус. Рестораните " Da'Vinia " и " Enigma " комбинација на грациозност и стил, располагаат со богат асортиман на вина. Совршена комбинација од луксузна и квалитетна услуга во една пријатна атмосфера. За чаша ароматично кафе, напиток богат со витамини или само аперитив пред вечера ќе ве пречека пријатна атмосфера на лоби бар и кафуле "Панорама ", кое се наоѓа на покривот на хотелот.
За да биде вашиот престој исполнет СПА центарот нуди базени и џакузи со минерална вода, сауна, мирисна парна бања, зона за релаксација, фитнес и солариум. Разновидноста на нашите терапии се дополнува и од уживање на терапии за тело со чоколадо, мед, хидротерапија, вински терапиии и разубавување во када на Клеопатра. Во турската бања ќе имате задоволство да уживате на специјалните масажи со пена, глина и чоколадо.
Водата што тече низ водоводниот систем на хотелот е изворска и е здрава за пиење. Изворот "Балдарана" се наоѓа во Баташкиот дел на Родопите, а водите му поминуваат 13 километри, за да стигнат до градот Девин и до Вашата хотелска соба. Изворот е изграден и е пуштен во употреба во 1968 година. Нема заостаната хлор и нитрити, а количествата нитрати и хлориди се многу под минимално дозволените вредности. Микро-биолошките, физичко-хемиските и радиолошки особини на изворска вода ја прават погодна за пиење во природен вид. Во последно истражување на ХЕИ - гр.Смолан од декември 2009 година водата е целосно за било каква употреба и помага за подмладување и одржување на организмот во одлична здравствена состојба. Уживајте одмор меѓу свежината на природата и Родопите со изворска вода во бањата на хотелот!