• Потребна е претходна резервација на info@bansko-casakarina.com или на 00359 884 519 400
"Casa Кarina 4*" e луксузен хотел лоциран во подножјето на Пирин планина, во еден од најубавите бугарски летувалишта - Банско. Лоциран е на околу 250 метри од паркот Пирин, на 100 метри од жичарницата и околу 1000 метри од центарот. Спокојството и удобноста на хотелот како и добрата услуга Ви гарантираат пријатен и незаборавен одмор во подножјето на Пирин планина. Располага со студиа, апартмани со една спална соба, апартмани со две спални, различни по големина и со неверојатни глетки кон Рила и Пирин планина.Хотелот нуди одлични услови за одвивање на секаков вид семинари, конференции и корпоративни настани и располага со опремена конференциска сала со капацитет до 60 лица.