* Пред да го купите ваучерот, потребна е претходна резервација во агенцијата.
* По добивањето на потврдата дека има слободен апартман, го купувате ваучерот и повторно се јавувате во агенцијата за да го соопштите единствениот код, бројот на пасош и личните податоци.
Добивате:
• 7 ноќевања за едно лице со појадок.
• Климатизирани соби со TV, мини кујна, фрижидер, засебна бања, фен(со доплата), фен и балкон.
• Бесплатно Wi-Fi во целиот објект.
• Во склоп на хотелот има и базен.
• За едно дете(2-12 години) сместувањето е бесплатно.
Појаснување:
• Цената на ваучерот е наменета за 7 ноќевања за едно лице со појадок во периодот од 20.08-27.08
• Постои можност за доплата за полупансион (вечера) 14 евра за возрасен, 8-10 евра за деца 2-12 години.
• Во цената не е вклучен превозот.
• Има организиран превоз повратна карта 40 евра(возрасен) и 30 евра(деца од 2-12 години).
Ул. 11 Октомври бр. 2,Скопје,Македонија
Покажи ми го патот
• Потребна е претходна резервација во агенцијата тел. 02 3118 602, 075 404 701, 075 404 703, 075 409 409
Основана во 1990 година, Т.А Орфеј, веќе две децении преставува синоним за квалитет, луксуз и доверба.Внимателно избраниот тим, со долгогодишно искуство од областа на туризмот и авио летувањето, ќе се погрижи да го добиете токму тоа што го посакувате.
Hanioti се наоѓа на 105км јужно од Солун, помеѓу Полихроно и Пефкохори. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Прекрасната плажа, чистото море и огромен избор на забавни содржини се одлики на Ханиоти. Има голем број супермаркети, продавници, ресторани, ексклузивни продавници, како и многу објекти за забава. Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос. Ханиоти е прекрасна дестинација за одмор, од каде ќе се вратите со убави спомени.
Хотел Bellagio Blue 2** се наоѓа на 200 метри од плажа и на 250 метри од ценарот на градот.