Добивате:
• Ноќевање во луксузен апартман со појадок за едно лице.
• Сауна,
• Арома сауна.
• Релакс зона.
• Парна бања,
• Базен со минерална вода,
• Фитнес,
• Wi-Fi конекција,
• Туристичка такса,
• ДДВ.
• Луксузен одмор за целосно опуштање.
Појаснување:
• Ваучерот важи од 15.07.2016 до 31.08.2016 година.
• Ваучерот важи само за купени два ваучери, односно едно нокевање за две лица.
• Потребно е претходно да се јавите во хотелот: +359 74 996 044 или на e-mail: reservations@grandroyale.bg за да резервирате соба.
• Ваучерот не вклучува употреба на џакузи, амам, третмани за разубавување.
• Појадокот е на блок маса или на сет мени (во зависност од букираноста на хотелот).
• Дете до 2,99 год. се сместува бесплатно, но не користи услуги.
• За второ дете од 3 до 12,99 год. се доплаќа на лице место во хотелот: 7 € за сместување, појадок и СПА.
• Трет возрасен и дете од 13 и повеќе години доплаќа на лице место во хотелот: 10 € за сместување, појадок и СПА.
• При секоја резервација задолжително е да се истакне дека сте преку
kupinapopust.mk и купоните задолжително треба да се испратат на е-мејлот на
хотелот. Во спротивно не гарантираме за резервацијата.
Добивате: 2 ноќевања во луксузен апартман на база полупансион, Базен со минерална вода, Арома сауна, Релакс зона, Парна бања, Сауна, Фитнес, Wi-Fi конекција, Туристичка такса, ДДВ, Луксузен одмор за целосно опуштање.
• Задолжителна е претходна резервација: +359 74 996 044 или на e-mail: reservations@grandroyale.bg
Хотел „Grand Royale Hotel & Spa“ Банско
Се наоѓа на само 250-300 метри од првата станица на жичарницата, меѓу новите згради и со одличен видик кон планината. Вкупниот изглед на комплексот претставува еден завршен архитектонски ансамбл, исполнет во традиционалниот за Банско романтичен стил, додека во исто време ги има сите карактеристики и квалитети, својствени за една 4-ѕвездена удобност и елегантна комбинација на функционалност, форми и бои. На своите гости хотелот нуди можност да уживаат широк спектар на услуги, обезбедувајќи дополнителни погодности и релаксирачки одмор.
Хотелот располага со 133 соби во различни категории, и тоа: двокреветни соби, студиа, едноспални и двоспални апартмани кои нудат комфорт и приватност на вашиот престој. Собите се со површина од 34-151 м2. На располагање во собите на хотелот се: кабловска телевизија, интернет пристап, греење, лична безбедност, телефон со директна линија и мини бар. Опис на сместувањето во двокреветна соба е: 2 редовни легла, спална, купатило со када, балкон или тераса и клима уред.
Хотелот располага со елегантен ресторан до 150 места, бар, show cook и убаво средена блок маса, каде што гостите можат да уживаат на бугарската и европска кујна. Пријатно кафе во лоби бар со пријатен камин и одделен пури-бар со билијард маси го дополнуваат уште повеќе чувството на интимност и топлина во друштво на вашите најблиски. А pool-барот ќe ве послужи со разновидни пијалоци додека уживате во Спа-центарот на хотелот.
Модерниот СПА центар е создаден за Вашите сетила. Таа располага со атрактивен ентериер, голем 20 метарски базен со детска секција, 4 масажни студиа, каде може да изберете од разновидни егзотични масажи, модерно џакузи, финска сауна, арома сауна, парна бања и голем опремен фитнес центар.