Добивате:
• Месечна чланарина за пилатес и аеробик за термини 3 пати неделно.
• ГРАТИС фитнес картичка BODY LINE, со бодови со кои се добива подарок.
• Обликување и
зајакнување на телото и ослободување од болки во грбот, како и
подобрување на кондицијата и забрзано топење на мастите.
Појаснување:
• Ваучерот може да се
користи веднаш, откако ќе го купите ваучерот потребно е да се јавите на
071 555 510 (Владимир) за да го потврдите Вашето присуство на
тренинзите.
• Без разлика на Вашата физичка подготвеност може лесно да се вклучите во тимот и брзо да напредувате.
• Ваучерите можете да ги искористите на следната локација:
- Ново студио за пилатес и аеробик во О.У. Александар Македонски во нас. Ново Лисиче (вторник, четврток и сабота од 19:00 часот)
• Попустот важи само за нови членови, односно не важи за веќе постоечките членови!
тел. Владимир 071 555 510,
Горан 070 315 085
e-mail: bodylinesk@gmail.com
• Потребна е претходна резервација.
„Body Line Skopje“ - Боди Лине Тим
Здружението за групни фитнес активности Боди Лине од Скопје е основано 2009 година. До идеата за негово формирање не водеа многуте цели меѓу кои како најважни ќе ги вброиме:
- унапредување, развивање и омасовување на групните фитнес активности;
- развој на функционалните способности;
- редукција на поткожно масно ткиво;
- обликување на оделни мускулни групи по хармонична целина;
- грижа за создавање на кадровски, материјални и други услови за развој и унапредување на стручни-истражувачка, пропагандна дејност на полето на групни фитнес активности аеробик/пилатес.
Пилатес методот за обликување на телото е уникатен збир на вежби за снага и истегнување, кој што пред скоро сто години го развил Џозеф Пилатес. Тој ја осмислил оваа метода на вежби која што се темели на поврзаноста на мозокот и телото, а лекарите ја применуваат скоро еден век. Пилатес методата го развива тонусот на мускулите, го подобрува држењето, а телото го прави поубаво. При тоа не треба да се грижите дека ќе создадете преголеми мускули. Пилатес методот служи за обликување и зајакнување на телото и ослободување од болки во грбот.
Аеробик = air (воздух) + bios (живот)! Една од најпопуларните и современи форми на физичкото оптоварување се фитнес активностите, меѓу кои е и аеробикот. Како физичка вежба проследена со музика, датира уште од 1968 година, а денес широко се практикува во најразлични форми. Затоа денес, многу фитнес центри нудат различни часови по аеробик од кои учесниците можат да одберат! Тренингот има позитивно влијание врз менталното здравје, забавен е и пријатен, и може да се помогне при ослободување од стрес. Ако тренингот е направен во група, може да креирате социјални врски со вежбачите, а резултатите кои ќе ги постигнете, зависат од желбата, правилниот начин на живот, правилниот начин на вежбање и правилната исхрана.