Добивате:
• Ноќевање за едно лице со вклучен појадок, ручек и вечера.
• Бесплатно користење на термален базен со лековита вода од природните извори на Истибања.
• Бесплатно користење на парна бања.
• Бесплатно користење на џакузи.
• Бесплатно користење на сауна.
• Бесплатен приватен паркинг.
Појаснување:
• За искористување на попустот потребно е да се оствари минимум 1 ноќевање од страна на 2 лица.
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот: + 389 33 361 165 и + 389 33 525 799 или на e-mail: sagalhotel@gmail.com за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на email на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
• Задолжителна е претходна резервација на 078/ 388 706 или на е-mail: sagalhotel@gmail.com
Хотел „ШАГАЛ“ - Виница - се наоѓа на 4.5 км од градовите Виница и Кочани. Одличната локација на хотелот Ви нуди совршени услови и можности да го поминете својот одмор на еден пријатен и опуштен начин, а пријатен амбиент овозможуваат вистински одмор и релаксација на телото и духот. Овој идиличен хотел нуди извонредно пријатни услови за одмор, престој и рекреација. Располага со: 15 двокреветни соби, 3 king size спални 1 луксузен апартман, со прекрасен поглед на Виничко-Кочанската котлина. Располага со 3 сали за 50, 200 и 600 лица, како и летна тераса на која ќе уживате во мирот и тишината на околината надополнета со прекрасен пејсаж.
Овој идиличен хотел нуди извонредно пријатни услови за одмор, престој и рекреација. Располага со 15 двокреветни соби, 3 кингсајз спални и 1 луксузен апартман, со прекрасен видик на Виничко-Кочанската котлина.
Селото Истибања се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и припаѓа кон Општина Виница. Ситуирано е близу реката Брегалница, и е познато по термалните води кои извираат таму, како и по многуте лековити билки во околината. Се наоѓа во Кочанската котлина. Според една легенда, селото Истибања го добило своето име по еден Турчин од Бугарија кој бил дојден на неколку дена во селото и бил пречекан многу добро од селаните. Тој ги прашувал сите како се вика селото, а сите одговориле со различни имиња. Кога тој прашал по што е познато селото и што е убаво таму, сите рекле дека тоа е се двете бањи. Така тој ги нарекол бањите истибања, и тоа станало името на селото.