Добивате:
• Изнајмување на простор за 2 часа.
• Грицки за децата и возрасните.
• Подарок за славеникот.
• Комплет прибор и услуга за сервирање.
• Комплетна анимација: цртање на децата, стебло на другарство, костимирана забава по избор на детето, мини диско со кореографија, магионичарски трикови и маска по избор на детето за време на дување на свеќичките.
• Добивате неизмерна среќа и радост кај вашето дете и неговите другарчиња за комплетно организирана роденденска забава.
Појаснување:
• Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во игротеката на 02/ 3063 949 и да закажете термин за славење на роденденот.
• Потоа го купувате ваучерот, најдоцна во наредните 24 часа од резервацијата.
• Ваучерот важи само за игротеката "Тиквичка" во Карпош 4.
• Ваучерот може да се искористи во текот цел месец август.
• Капацитетот на просторот во игротеката е за 70 возрасни внатре и 40 возрасни надвор.
• Со оваа понуда добивате можност да нарачате и пињата по избор (пепелашка, ариел, снежана, аурора, рапанзел, фроузен), со доплата од 1000 ден. во игротеката.
• Термините за прослава на роденден се од понеделник до петок од 17:00 до 19:00 и од 19:30 до 21:30, а во сабота и недела се од 12:00 до 14:00, од 14:30 до 16:30, од 17:00 до 19:00 и од 19:30 до 21:30 часот.
• Работно време од понеделник до петок од 14:00 до 22:00 и сабота и недела од 12:00 до 22:00.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот.
• Задолжителна е претходна резервација на 075/ 347 360
Игротека „Тиквичка“
Полека се ближи вашиот долго очекуван ден, на вашето најмило ќе му биде роденден! Се прашувате каде? Се разбира онаму каде што искуството е најголемо, а забавата се памети вечно!
За само 1000 ден. добивате незаборавна роденденска забава, прекрасна анимациона програма, грицки, диплома за славеникот и една од 22 најдобри маскоти по избор на славеникот!!
Игротеката „Тиквичка“ има седумгодишно искуство со организирање на роденденски забави, секогаш различни, оригинални, полни со нови, уникатни и единствени анимации. Преку костумирана забава и нацртани маски, со многу игри, смеа и дружење, професионалните аниматори и целиот тим во игротеката ќе се погрижат Вашето дете и неговите другарчиња да го добијат најдобро прославениот роденден до сега.
Од анимациите задолжителни се детската шминка, стебло на другарството, магионичарски трикови и мини диско, а избор на детето е со која костимирана забава да биде одбележан роденденот: принцеза парти, принц парти, пират парти, хаваи парти, индијан парти, витез парти, султан парти, ноди парти, игри без граници, караоке или модна ревија.
Избор на детето е која од следните маскоти да биде за време на дување на свеќичките на тортата: Маша, Мики, Мини, Том, Џери, Ноди, Дора, Хелоу Кити, Бен Тен, Вини Пу, Спајдермен, Пауер Ренџер, Штрумф, Велештрумф, Пинк Пантер, Сунѓерот Боб, Паја Патак, Дејзи Пата, Слончето Бимбо, Принцеза Снежана.