Добивате:
• Еднодневна, едукативна и креативна работилница за деца во времетраење од 4 часа.
• Можност индивидуално секое дете да одбере што и како ќе научи за темата која се работи на работилницата.
• Ги поттикнуваме љубопитноста и креативноста на секое дете, подигнувајки го детскиот ентузијазам за учење и работни навики.
Појаснување:
• Потребна е предходна резервација за термин на телефон 075/ 30 82 89.
• Работилницата е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Родителите не мора да бидат присутни.
• Нема потреба од носење на никакви материјали за работа. Се е од нас.
• Предметите и украсите кои ке ги изработат децата остануваат во нивна сопственост.
• Средината во која работат децата е пријатна и овозможува децата да ги развиваат своите потенцијали на сопствен начин.
• Работилници и следни теми се:
- 06.06.2015 година, тема за учење и за изработка на предмети е Изработка на инструменти за музика.
- 13.06.2015 година, тема за учење и изработка на предмети е Животни- кралството на животните.
- 20.06.2015 година, тема за учење и изработка на предмети е Здравјето е наше најголемо богатство.
- 27.06.2015 година, тема за учење е Спортот е важен за нашето здравје (за оваа работилница е предвидено спортски активности).
- 04.07.2015 година, тема за учење и изработка на предмети е Пингвините бараат сладолед.
- 11.07.2015 година, тема за учење и изработка на предмети е Аладин, Јасмин и неговата волшебна ламба.
- 18.07.2015 година, тема за учење и изработка на предмети е Детскиот пат околу светот.
• Секоја сабота од 10-00 до 14-00 часот програмата е следна:
- 10.00-10.30 часот - Прифаќање на децата и слободни активности
- 10.30-13.00 часот - Планирана тематска активност и изработка на предмети.
- 13.00-13.30 часот - Подготовка на ужинка и ужинка (овошје или тортици).
- 13.30-14.00 часот - Слободни активности и испраќање на децата.
Потребна е претходна резервација.
„РАДОСТ“
Можност на најсаканите да им понудите незаборавна роденденска забава. Изборот на игри, музика и кореографии варира и моментално се прилагодуваат според условите, заинтересираноста на децата, нивната возраст и целта која самата забава треба да ја постигне, а тоа е комплетна инволвираност и анимација на сите присутни при што секогаш посебен акцент се става на славеникот.
Професионалниот аниматор ова го постигнува со неколку прекрасно осмислени делови, рафинирани и еволуирани низ неговото 12 годишно искуство. Освен на детски родендени и забави низ цело Скопје има анимирано деца и низ цела Македонија. Децата ќе бидат среќни и позитивно изненадени затоа што нашиот аниматор е голем креативец.