Добивате:
• Обука за практично сметководство од ревизор и сметководител со долгогодишно работно искуство во оваа област.
• Обуки од областа на економијата и сметководството.
• Курсот се посетува два пати неделно (1 час и 30 минути).
• Сертификат за посетена обука за практично водење на сметководство.
Појаснување:
• Со овој ваучер добивате попуст на првата рата од курсот и на лице место доплаќате уште 6000 денари.
• Курсот започнува од 25.05.2015.
• Термините за курсот се одредуваат дополнително во согласност со потребите и можностите на посетителите.
• Парите се враќаат до третата посета на наставата.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот.
тел. 070 269 899
e-mail: timakaunting@gmail.com
• Телефон за контакт 02/ 277 00 90 или 070 269 899
Сметководствено биро „Тим Акаунтинг“
Врз основа на документи за друштво со стопанска дејност, неспецијализирана трговија на големо и мало, и вршење услуги: изводи, влезни и излезни фактури, договори,сметкопотврди, патни налози, фискални извештаи и други учесникот изготвува:
налози за книжење, согласно критериумите за презентирање и мерење на средства, обврски, приходи и расходи по МСС и МСФИ;
пресметка на ДДВ
пресметување и евидентирање на задржан данок на приход платен на странски правни лица;
пресметка на персонален данок по разни основи;
усогласување на фактичката состојба по попис со сметководствената евиденција
пресметка на курсни разлики;
пресметка на амортизација;
усогласување на аналитичката евиденција со главна книга;
анализа на салдата на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
затварање на класа 4 и 7, утврдување и распоредување на финансискиот резултатот од работењето – добивка/загуба пред оданочување;
утврдување основа за пресметување на непризнаените расходи;
утврдување добивка за тековната година;
изготвување Извештај за финансиска состојба (Биланс на состоба), Извештај за добивка или загуба (Биланс на успех), Извештај за останата сеопфатна добивка;
Изготвување обрасци до надлежни институции (ДБ, ДБ-ВП, ПДД-ГИ, ДД-ИД).
Обработени теми поврзани со законот за данок на добивка:
Евидентирање на трошоци (признаени/непризнаени) по основ на: надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос (дневници, теренски додаток,одвоен живот, надоместоци во случај на смрт, штети, отпремнина, испратнина, регрес, јубилејни награди, боледување, селидби, користење возило), организирана исхрана и превоз, надоместоци на членови на управен и надзорен одбор, репрезентација, донации и спонзорства, камати по кредити, осигурителни премии, казни, пенали, стипендии, отпис и исправка на вредноста и др.,
Пресметување на данок од добивка
Годишен данок на вкупен приход.
Обработени теми поврзани со законот за персонален данок на доход:
Трошоци за правното лице/приходи за физичкото лице по основ на: договори за дело, стипендии, донации, лекување;
хотелски сметки;
членство во органи на управување;
издавање под закуп на движен и недвижен имот и др.
Очекувани резултати
По завршување на обуката учесникот треба:
да ги применува законски прописи и професионална регулатива
да дефинира и објаснува поими од областа на сметководството;
да ги разбира сметководствените настани
да ги применува сметките од аналитички сметковен план;
да го дефинира поимот приходи/расходи според МСС;
да ги идентификува, поврзува и групира дадените приходни и расходни сметки;
да го утврдува резултатот од работењето (искажува добивка или загуба);
да ги утврди непризнаени расходи (оданочиви расходи и помалку искажани приходи, расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица)
да составува Биланс на успех;
да ги примени знаењата за изработка на биланс на состојба;
да ги подредува билансните позиции според законска регулатива;
да го прикаже капиталот;
да има стекнато способности за логично размислување, решавање на проблеми, анализирање финансиски извештаи и донесување на проблеми, анализирање финансиски извештаи и донесување на заклучоци;
практично да ги применува стекнатите знаења и способности;
самостојно да изготвува финансиски извештаи.
Програмска подршка, опрема и материјал за курсот
Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство. Се изработуваат тестови, задачи и проекти за утврдување на стекнатите знаења. Наставен материјал во вид на Прирачник за водење на сметководство.
Сертификат
Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со Сертификат за посетена обука за практично водење на сметководство.