Стрелање со воздушна пушка со неограничен број на дијаболи за само 150 денари во стрелачки клуб „Стрелец“! Искористете го попустот од 50% и имајте едно малку поинакво секојдневие

Со купување на овој ваучер добивате 4 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 300 ден.
    • Попуст 50%
    • Заштедуваш 150 ден.
  • 56 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  09.03.2015  до  30.04.2015 

Добивате:
1 час стрелање со воздушна пушка калибар 4.5 mm.
6 мети.
Неограничен број на дијаболи.
Обука.
Појаснување:
На една стрелачка линија може да се менуваат повеќе личности.
Ваучерот може да се користи веднаш.
Задолжителна е претходна резервација на 077 600-262.
Попустот важи за лица над 13 години.
Ваучерот можете да го искористите само со претходна резервација.
Ваучерот може да се користи од понеделник до петок од 18:00 до 21:00 часот со тоа што до 21:00 часот треба да се заврши.

Средно училиште „Раде Јовчевски Корчагин“
ул. 3та македонска бригада
раб. време: 18:00 до 21:00 часот
моб: 077 600 262
Facebook
www.strelec.mk

Потребна е претходна резервација!


Стрелачки клуб „СТРЕЛЕЦ“

Стрелачкиот клуб “Стрелец” од Скопје постои од 1985 година. Подоцна во 2002 година е преименуван во сегашното име на клубот и активно функционира до ден денес. Клубот е член во Македонската Спортска Стрелачка Федерација и моментално е најуспешен клуб во Република Македонија кој брои повеќе од 40 активни членови. Дел од членовите во клубот се повеќекратни Државни прваци и рекордери како и долгогодишни членови во државната репрезентација на Р.Македонија.
Клубот настапува како на национални така и на меѓународни натпревари во дисциплините:
- Воздушен пиштол и пушка – 10 м
- Малокалибарски пиштол и пушка – 50 м
- Пиштол  9 мм – 10м 15м и 25м
- Полуавтоматска пушка 7,62 мм (ПАП)
- Војничка пушка 7,9 мм
Универзален спорт без граници, со кој професионално и рекреативно рамноправно се занимаваат и мажи и жени, деца и возрасни, развивајќи сигурност и доверба, ментален и физички баланс, почитување.

Стрелаштвото бара концентрација и насочено внимание. Кај професионал­ците, на натпреварувања, притисоците се огромни, но нема место за трема. За некоја работа да се направи врвно треба да се влезе во составот на телото. Најважен е гладот за победа, а победата овозможува најголемо задоволство. Овој спорт не треба да се меша со стреличарството, спорт во кој, исто така, цел е да се погоди метата, но овој пат со користење на оружје како што се лак и стрела и самострел. Стрелаштвото е спорт во кој со користење на различни типови пушки и пиштоли се гаѓа во подвижни и неподвижни мети. Стрелиштата може да бидат на отворен простор и од затворен тип, а муницијата мора да биде изработена од олово. Во категории одделно се натпреваруваат мажи, одделно жени, но се натпреваруваат и екипно –екипата ја сочинуваат 3 члена (само мажи или само жени). Најзастапените дисциплини во спортското професионално стрелаштво, кои се наоѓаат и на Олимписката програма, се поделени во три групи: пушка, пиштол и летачки мети, на кои се гаѓа со оддалеченост од 10 и 50 метри.

Спорт без граници – стрелаштвото е универзален спорт со кој рамноправно се занимаваат двата пола, мажи и жени, деца и возрасни, лица со посебни потреби (инвалиди), при тоа развивајќи сигурност и доверба, ментален и физички баланс, почитување. Во професионална и рекреативна смисла има значење во подигање на психофизичките способности на повисоко ниво. Стрелците остануваат во овој спорт и по 30 години, а кога ќе одлучат повеќе активно да не пукаат, влегуваат во тренерски води.

Неопходната опрема ја сочинуваат, кога е во прашање пушка, полуодело, кое се состои од џемпер или боди маица задолжително со долги ракави, хеланки и чорапи, и одело – помага во нишанењето, бидејќи спречува телото да се накривува, а го сочинуваат панталони и јакна направена од крут материјал, а служи за цврстина и стабилност на телото. Потоа, важна е и ракавицата, лева, која ја штити раката на која се држи пушката. Дел од опремата ја сочинува и качкетот, кој помага, при нишанењето, светлоста, како и сенките да не му пречат на окото. Кога во прашање е пиштол, опремата не изискува толку многу. Неопходни се чевли, качкет и штитници за уши.
Повредите се ретки, а карактеристична е повредата на грбот поради специфичниот став, па е неопходна физичка активност и вежбање за да не доаѓа до болки и деформитет на ’рбетот. Пред да се започне со тренингот, неопходно е загревање. Класичните вежби за загревање и истегнување на рацете, нозете, рамењата, вратот се неопходни. Следуваат петнаесеттина минути стоење во став за телото да се навикне, по што се почнува со тренинг. Тренингот трае најмалку час и половина, а професионалците тренираат и по три часа, некогаш и до два пати дневно.

Децата најчесто покажуваат интерес на возраст 10-13 години. Стрелаштвото им помага на децата кои се несигурни во себе да изградат свој став и самодоверба, да ја развијат својата индивидуалност, што е од витално значење за растот и развојот, но и позитивни особини, како што се дисциплина, упорност и одлучност. Минуваат низ почетна школа за стрелаштво, каде учат за деловите на оружјето, ставот, нишанењето, користење на чкрапалото, техниката. Многу е важно да се научат техниките на дишење, опуштање, смирување, кои се учат со годините, и да се усогласат сите сегменти. Прво се почнува со сериска воздушна пушка во почетен седечки а потоа и во стоечки став. Доколку детето покаже талент, се преминува на воздушна пушка или пиштол. Со која дисциплина понатаму ќе продолжи да се занимава одлучува тренерот според својата стручна проценка, но и во однос на предиспозицијата на детето. Главно децата со подолги раце поминуваат на пиштол, бидејќи на тој начин се намалува раздалеченоста од метата до огнената линија, додека децата со поситна градба пукаат со пушка. Физички мускулите не се развиваат како кај занимавање со други спортови.


Затоа, ако сте адреналински зависник и до сега не сте имале прилика барем рекреативно да пукате со пиштол и пушка, а ви била голема желба да пробате и да ја тестирате вашата концентрација како и прецизност, тогаш спортското стрелаштвото е вистинскиот спорт за вас! Доколку се решите да го тренирате овој спорт, ќе имате можност за почеток да пукате со воздушен пиштол и пушка. Стрелиштето е модерно и опремено со 6 стрелачки места и автоматски носачи на мети.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Tons Garden Стол на расклопување 10099 - 32%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Стол на расклопување 10099
Уште 5 дена и 19 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 5 дена и 19 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 5 дена и 19 ч.
 
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007 - 17%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007
Уште 5 дена и 19 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 5 дена и 19 ч.
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 5 дена и 19 ч.
 22 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 5 дена и 19 ч.
 3 Купувачи
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 5 дена и 19 ч.
 9 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 5 дена и 19 ч.
 2 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 5 дена и 19 ч.
 13 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 5 дена и 19 ч.
 2 Купувачи
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 5 дена и 19 ч.
 1 Купувач
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 5 дена и 19 ч.
 
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty - 42%
Ina Beauty
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty
Уште 5 дена и 19 ч.
 1 Купувач
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty - 40%
Ina Beauty
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty
Уште 5 дена и 19 ч.
 1 Купувач