Добивате:
• Ноќевање за тројца во трокреветна соба или апартман.
• Појадок и вечера (шведска маса).
• Бесплатен интернет (Wi-fi).
• Бесплатен паркинг.
• Одлична можност за удобно и евтино сместување во Банско.
Појаснување:
• Пред да купите ваучер, потребна е претходна резервација во хотелот на тел: +359 885 888 800 или на zlateva_kashta@mail.bg
• Откако ќе добиете потврдна информација од хотелот за периодот во кој сакате да престојувате, го купувате ваучерот од kupinapopust.mk
• Потребно е во рок од 24 часа да испратите e-mail на хотелот со единствениот код од ваучерот за потврда на резервацијата.
• За дете до 4 години, сместено со двајца возрасни е бесплатно.
• За дете од 4 до 12 години се доплаќа 6 лева директно во хотелот.
• За католичкиот Божиќ (24.12-28.12.2014) , се доплаќа 20 лева за возрасен и 10 лева за дете од 4 до 12 години! Оваа понуда важи за минимум 4 ноќевања!
• Сумите се доплаќаат директно во хотелот!
ул.”Еделвайс” 9 А, гр.Банско
тел: +359 885 888 800
е-mail: zlateva_kashta@mail.bg
www.zlatevakashta.com
Задолжителна е резервација на тел: +359 885 888 800
Семеен хотел „Златева куќа“
Семејниот хотел Златева куќа се одликува со традиционален стил и е лоцирана во Банско, на 700 метри од ски лифтовите. Се наоѓа непосредно под хотел Стражите, на крајот на централната улица Пирин на стариот град и претставува целосно реновирана автентична куќа во духот на ренесансата со простран двор. Центарот на Банско е на 1 километар.
Хотелот располага со 25 легла. Секоја соба во куќата за гости Златев е со поглед кон планината. Сите простории за сместување се опремени со кабелска телевизија, фрижидер и телефон и располагаат со купатило со туш и тоалет.
Хотелот исто така располага со сауна, која е многу поволна во зимските денови за целосна детоксикација на телото.
Има бесплатен Wi-Fi пристап во сите делови. Ресторанот работи на база полупансион и служи традиционална национална кујна.
На местото кај хотелот има бесплатен јавен паркинг, а истотака овозможено е и изнајмување на автомобили. Постои и можност за превоз до одредени места, по договор за кој дополнително се доплаќа.