Добивате:
• Ексклузивен анти стрес третман во времетраење од 90 минути.
• Релаксирачка масажа по рефлексни седативни зони на телото.
• Примена на апаратура со компјутеризирани програми кои овозмозуваат прогресивна релаксација - компјутеризирана електро терапија.
• Музикотерапија со слушалки и специјална музика за опуштање.
• Целосна хармонија на телото и духот, релаксирање и опуштање.
Појаснување:
• Потребна е претходна резервација на 02/ 2466 - 021 или 070/ 338 - 754
• Ваучерот важи и за мажи и за жени.
• Ваучерот може да се користи веднаш.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.
(Позади Тобако 2)
Покажи ми го патот
тел. 02/ 2 466 021
070/ 338 754
laser_med@yahoo.com
WEB
• Потребна е претходна резервација на термин на тел: 02/ 2 466 021 или 070/ 338 754
Центар за физикална и кинезитерапија „LASER MED“
Цервикална спондилоза е термин кој означува оштетување на зглобовите во вашиот врат, исто така познат како вратен остеоартрит. Оваа состојба вообичаено се јавува кај индивидуи постари од 40 години и прогредира со тек на процесот на стареење.
Како што стареете коските и рскавицата кои го формираат вратниот дел на `рбетниот столб постепено пропаѓаат, понекогаш формирајќи неправилни коскени израстоци наречени остеофити. Паралелно настанува постепена дехидратација (сушење) на меѓупршленските дикуси кои имаат улога на „амортизер“ на вратниот `рбет. Понекогаш следува пролабирање на мекиот дел на дискусот помеѓу два пршлени (односно хернирање на дискусот), при што тој врши компресија врз корените на нервите кои излегуваат од `рбетниот мозок, а кои се во негова непосредна близина или пак врз самиот `рбетен мозок.
Овие промени кои се карактеристични за вратната спондилоза, се јавуваат кај сите луѓе во текот на стареењето. До 30 годишна возраст кај многу индивидуи на рентген снимките се јавуваат знаци за вертебрална и дискална дегенерација, но и покрај тоа симптомите најчесто не се јавуваат се до доцната адултна возраст во животот.
Многу од луѓето кај кои промените се евидентни на рентген снимки немаат тегоби поврзани со болеста (болка, чувство на вкочанетост, мускулни спазми). На другиот крај на спектарот се пак пациенти кај кои вратната спондилоза напредува до степен што при кој настанува вратна радикулопатија или вратна миелопатија.
Без соодветен третман,знаците и симптомите на вратната спондилоза може да прогредираат или пак да се повлечат. Целта на третманот е да се намали болката и да се превенира перманентно оштетување на нервите или `рбетниот мозок. Полесните случаи на вратната спондилоза може да одговорат на примање на аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекарства за обезболување, миорелаксанти, вежби за зајакнување на вратната мускулатура. Понекогаш носењето на вратна имобилизација ја намалува болката, но докажано е дека таа доведува до слабеење на вратната мускулатура и поради тоа треба да се избегнува. Физикална терапија, односно вежби со цел зајакнување на мускулатурата и истегнување на мускулите на вратот и рамењата, лесни аеробни вежби како пешачење, пливање може да помогнат.