Добивате:
• Ноќевање за двајца во двокреветна соба во De Lux апартмани „Јован“ во Охрид.
• Многу прифатлива цена за ваше целосно уживање и релаксирање.
• Добра локација за излегување во познатите „Cuba Libre“ и „Kadmo“, како и близина до охридските плажи.
Појаснување:
• Понудата не важи само за периодот од 10.04 до 13.04.2015 година.
• Еден купон важи за едно ноќевање за двајца.
• Потребна е претходна резервација пред купување на купонот преку e-mail или на тел. 070/391583, 077/570001 и 075/626 218.
• Доколку сакате да престојувате повеќе денови, потребно е да купите повеќе купони.
• Секој апартман има сопствена бања, мини кујна и балкон со поглед на езеро.
• Апартманите се комплетно опремени со: француски лежај, тв+кабелска, клима уред (панел од 3kw за зимски услови), бесплатен интернет, комплетно опремена кујна со прибор, фрижидер, пешкири, фен, пегла, бесплатен паркинг или гаража.
• Апартманите се наоѓаат во строг центар на Охрид, веднаш до поштата на само 80 метри оддалеченост од плоштадот, езерото како и влезот во стариот дел на градот.
• За појадок се доплаќа 100 ден. по човек.
• Понудата не важи за периодот од 30.12.2014 до 03.01.2015.
тел. 077/570001, 070/391583
Раб. време: секој работен ден од 12:00 до 20:00ч.
e-mail: jovan.ohrid@gmail.com
• Потребна е претходна резервација на 077/570001, 070/391583
De Lux апартмани „Јован“
Апартманите Јован се нови и лоцирани се во строг центар на Охрид, на 80 м до езеро, плоштад и стариот дел на градот, наспроти ноќниот клуб Куба Либре (Хавана), на 10 м до поштата.
Секој апартман и студио има сопствена бања, комплетно опремена кујна и балкон со поглед на езеро.Опремени се со: француски лежај, телевизор со кабловска, бесплатен интернет, паркинг, клима уред (+ панел од 3kw за зимски услови), фен, пегла и сл. Повелете и поминете незаборавен одмор.
Охрид
Градот Охрид е туристички, културен и духовен центар на Република Македонија. Овој град има историја со континуиран живот на човечки заедници од 7 000 години и е еден од најстарите на светот, заедно со Ерусалим, Рим и денешен Истанбул.
Охрид се наоѓа на надморска височина од 695 метри и е најголем град на брегот на Охридското Езеро кое се проценува дека е старо околу 3 милиони години и е едно од најстарите езера на светот. Езерото изобилува со ендемска флора и фауна и заедно со Градот Охрид е ставено на списокот на УНЕСКО како светско културно и природно наследство.
Седумте милениуми постоење во градот оставија огромно културноисториско наследство, па во Охрид можете да сретнете локалитети и објекти кои датираат од праисторијата, антиката, ранохристијанството, средновековието, исламот. . .Градот е седиште на Македонската Православна Црква олицетворена во Охридската Архиепископија, верска институција која била меѓу првите кои го донеле христијанството во Европа.
Низ вековите, Охрид бил поробуван, уништуван од човечка рака и од природни катастрофи но секогаш градот повторно се издигал и обновувал во уште поубав.