Добивате:
• Богат ордевер со мешана скара ( 2 кг.)
• Плескавица со луто пиперче - 250 гр.
• Ребро на скара - 250 гр.
• Домашен колбас - 250 гр.
• Пилешки крилца - 500 гр.
• Пилешки стек - 250 гр.
• Гарнир помфрит - 500 гр.
• Дупла мешана салата.
• Прекрасна можност да поминете дел од вашето време во пријатна атмосфера и добро друштво.
• Уживање во вкусно приготвени специјалитети за вистински гурмани.
Појаснување:
• Потребна е претходна резервација на тел: 02 307 1001
• Задолжително е прикажување на ваучерот или единствениот код од www.kupinapopust.mk
• Купонот важи исклучиво за во ресторанот, не важи за носење.
ул. „Варшавска“ бр. 6
1000 Скопје
тел: 02 307 1001
Facebook
Потребна е претходна резервација на тел: 02 307 1001
Гостилница „ФЕЛА“
„Фела“ е новоотворена гостилница во срцето на Скопје, која ќе ве пречека во својата мирна и интимна атмосфера и ќе ве нагости со прекрасните македонски традиционални специјалитети, како и со милион други вкусни предјадења и десерти. Љубезниот персонал, брзата услуга, прифатливите цени, локацијата и самиот вкус на приготвената храна се само дел од придобивките во кои ќе уживате доколку се одлучите да ги посетите.
Прекрасно уредениот простор во „Фела“ е прилагоден да ги задоволи сите ваши вкусови и барања. Во духот на светското првенство во фудбал, „Фела“ ви овозможува да ги пратите сите фудбалски натпревари и заедно да навивате за вашите фаворити.
Гостилница „Фела„ ви нуди традиционална македонска кујна, врвна услуга и пријатна и интимна атмосфера за сите вкусови. „Фела„ е место кое ќе ве натера повторно да се вратите и одново да уживате.
Покрај гурмански приготвените специјалитети во кои можете да уживате, Гостилница „Фела“ ќе се погрижи и за вашите сопствени забави, преку организирање на секакви видови на кетеринг.