Добивате:
• 4 работилници за родители.
• Работилниците се одвиваат преку групна работа( 6-8 члена), во времетраење од 2 часа еднаш неделно.
• Групите ги води дипломиран психолог, магистер по клиничка психологија, сертифициран тренер по емоционална писменост.
Појаснување:
• Работилниците за родители се одржуваат преку целата година( освен во летните месеци), а вие го добивате првиот месец со 50 % попуст.
• По купување на ваучерот кандидатите да се јават во Центарот поради формирање на групите.
• Работилниците се наменети за родители чии деца се до 6 годишна возраст.
• По купување на ваучерот кандидатите да се јават во Центарот поради формирање на групите.
Центар за едукација „ГРАВИТРОН“
Работилниците за родители се одржуваат преку целата година, еднаш во неделата (по 2 часа), каде со учење на вештините за емоционално описменување може да научите како да бидете подобар родител, односно со примена на емоционално писмен пристап кон вашето дете да создадете емоционално писмено дете со поголема самодоверба и позитивна слика за себе.
Најчето децата учат како да постапуваат во однос на емоциите од своите родители и од другите луѓе околу нив. Откако еднаш ќе се прифатат овие навики стануваат обрасци или сценарија за тоа што е животот и каков ќе биде тој. Ако не се направи нешто за да се сменат тие, овие сценарија можат да траат цел живот: Детето што е често тажно и уплашено може да стане депресивен возрасен; детето што научило да ги потиснува солзите може да стане возрасен со тврдо срце, детето пак што не може да ги контролира своите напади на бес може да стане подложно на зависничко однесување кога ќе порасне. До стекнување на емоционално писмените вештини во односот со вашите деца, може да дојдете станувајќи дел од работилницата за родители каде заедно со други родители и стручно лице ќе научите да бидете подобри родители.