Добивате:
• Индивидуална советодавна психотераписка сеанса во времетраење од 90 минути.
• Можност да ги надминете проблемите и да посветите внимание на Вашето ментално здравје и психичка состојба.
Појаснување:
• Ваучерите можат да се користат веднаш.
• Потребна е претходна резервација на тел. 070 884 035, 075 340 480, 077 758 601.
• Нема ограничување на старосната граница за сеансата како и за типот на проблемот.
Покажи ми го патот
тел. 075 340 480
e-mail:
joveha7@gmail.com
• Потребна е претходна резервација на тел: 075 340 480
Што добивате со психотерапијата?
• Подигнување, продлабочување и пороширување на своите нивоа на свесност, што ќе ви овозможи поквалитетен живот во сите сфери на вашето живеење (интелектуално, емоционално, духовно и физички)
• Стекнување на поголема самодоверба и верба во своите најблиски и во другите
• Свесност за своите мисли, чувства, зборови и дела и внесување на позитивни промени кои што ќе придонесат за синхронизација и хармонизација во истите
• Развивање на чувството за личен идентитет
• Зголемување на способноста за одговорно
реализирање на своите желби и потреби
• Развивање на чувство за меѓусебна поврзаност и соработка со најблиските
• Свесност за воспоставување на длабоки емоционални/ интимни односи со својот брачен партнер/ ка
• Развивање на способност за помагање на себеси, на своите блиски и на другите
• Свесност за тоа како да ги изразувате своите емоции на здрав и конструктивен начин
• Откривање и развивање на љубовта и мудроста кои се кријат во вашето срце
• Свесност за полесно справување со стресовите, проблемите и конфликтите со кои секојдневно се среќавате
• Зголемување на одговорноста кон самите себе и кон другите
• Разивање на способност за полесно донесување на исправни одлуки, како на личен така и на прифесионален план
• Способност за свесно планирање и реализација на одредени промени во својот живот
• Спремност за учење на нови квалитетни социјални вештини
• Развивање на свесност за тоа како да бидете грижливи, нежни, отворени и искрени
Советувањето и психотерапијата ќе ви помогнат да ги разрешите следниве проблеми:
• Различни видови на стравови, панични напади, како и други негативни мисли и чувства (гнев, бес, лутина, агресија, огорченост, незадоволство)
• Депресија
• Сте изгубиле некого, тажни сте и не можете да се справите со својата тага
• Чувство на осаменост
• Комплекси на пониска вредност
• Чувство на беспомошност, недостаток на волја и мотивација
• Лоша или слаба концентрација
• Психосоматски пореметувања - пореметувања кои се од психолошка природа и немат органска подлога, како што се: чувство на притисок во градниот кош, плитко дишење, недостаток на воздух, чувство на гушење, психогено кашлање, психогено повраќање, немирен стомак , „прескокнување на срцето“, чувство на тежина и топлина во пределот на срцето, главоболка, вртоглавица, немате стабилна рамнотежа, мускулна слабост, ненедејано појавување на ладни и топли бранови низ вашето тело, црвенило на лицето и вратот, зголемено потење и отежнат говор, тресење на целото тело, мускулна слабост во пределот на рацете и нозете, напнатост во тилот, вратот, рамениот појас, хроничен умор, проблеми со спиењето и др.
• Престанавте да се радувате и да се смеете
• Размислувате лошо за себеси и имате лоши доживувања
• Имате интензивна трема на јавни настапи во различни ситуации
• Не знаете како да комуницирате со спротивниот пол, срамежливи сте, исплашени, вознемирени во пристапувањето, запознавањето со дечко/ девојка, не знаете како да изразите љубов
• Имате проблеми во школо, имате застојни кризи во учењето, со колегите од класот, наставниците, професорите
• Нарушена е хармонијата во вашите фамилијарни односи, имате конфликти со брачниот партнер, децата, родителите и другите блиски
• Имате проблеми во љубовниот и сексуалниот живот
• Се наоѓате во бракоразводна криза или сте разведени, имате потешкоти во комуникација со вашите деца, лоша родителска соработка со поранешниот партнер
• Вашето дете има ноќно мокрење, кошмрани соништа, мачнини, проблеми со исхраната и др.
• Имате проблеми во комуникацијата со колегите, шефот, директорот, чувствувате криза во прфесионалниот развој
• Чувствувате дека губите контрола врз сопствениот живот
• Имате доживување дека луѓето не ве разбираат или вие не ги разбирате нив и имате проблеми во препознавањето и изразувањето на вашите емоции
• Имате чувство дека надворешниот свет се изменил на некој начин или дека вие сте се измениле на некој начин, па имате потешкотии со адаптирањето
• Изложени сте на стрес и сакате да го намалите неговото влијаније врз вашиот организам, сакате да научите како да го неутрализирате
• Имате проблеми со исхраната и телесната тежина (анорексија или булимија)
• Сте професионален спортист и сакате побрзо да напредувате во спортот
• Немате психички потешкотии, а сакате подобро да се запознате самите себе си и другите, да го подобрите квалитетот на сопствениот живот, да ја развиете својата автентичност, спонтаност и креативност
• Сакате во потполност да ги развиете своите капацитети - интелектуални, емоционални, спиритуални/ духовни и физички