Добивате:
• 7 ноќевања за 3 лица
• Посета на Сивири - Грција
Вилата SIRTAKI е лоцирана на главнта улица која води кон центарот на Сивири. Оддалечена е на околу 50 метри од хотелот "Џени" и приближно на 200 метри од градската плажа. Во својот состав располага со 1/3 студија и 1/2+2 апартмани, сите сместени на првиот кат и опремени со соодветна кујна, бања, ТВ и клима уред, балкон и WiFi интернет.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред е бесплатна во објектот SIRTAKI (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување
Појаснување:
Важни напомени:
* При промена на цените нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Отказни трошоци во случај на
отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
Корисни информации
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 €.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ :
Места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 04:00 ч. (паркинг спроти хотеl Holiday Inn")
- Велес, во 04:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 05:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 05:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 06:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција: Истиoт ден попладне
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
• Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 45 патници.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и КупиНаПопуст
Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
• Пред да го купите ваучерот, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk за да проверите дали има слободни места. Откако ќе Ви потврдиме дека има слободни место, го купувате ваучерот и повторно пишете ни на е-маил - admin@kupinapopust.mk Име и Презиме, број на пасош, кодот од ваучерот и контакт тел.
Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.
Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.
Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени.