Добивате:
• Ноќен чувар (тенка силиконска фолија (0,5 мм) која се изработува индивидуално, лабораториски преку претходно земен отпечаток во стоматолошка ординација).
• Оригинална кутија за чување на ноќниот чувар додека не го носите.
• Совети за правилно држење и носење на ноќниот чувар.
• Заштита на природните заби, заштита и на денталните надокнади како коронки, мостови, пломби.
Појаснување:
• Ваучерот може да се користи веднаш со предходна резервација на тел: 078/ 603 - 031 и 02/ 60 90 979
• Постапката е следна:
- Се прави целосна проверка на забите (класичен преглед).
- Се зема отпечаток во стоматолошката ординација.
- Се изработува ноќниот чувар.
• Медицински, шкрипењето се нарекува бруксизам и долгорочно може да доведе до патолошки промени во виличниот зглоб, како и
оштетување на горната обвивка на забите (емајл) и експонирање на делот од забите коj е осетлив на дразби.
• Бруксизам е состојба на несвесно чкрипење со забите и стегање на вилицата. Тоа може да доведе до главоболка, болки во увото, оштетени заби и други проблеми. Повеќе од половината возрасни луѓе во светот страдаат од бруксизам. Околу 15% од децата се засегнати од оваа непријатна состојба. Ако имате бруксизам, понекогаш може да чкрипите со забите додека сте будни, но најчесто тоа се случува во текот на ноќта. Многу луѓе не знаат дека страдаат од бруксизам, затоа што чкрипењето и стегањето на забите го прават додека спијат и во несвесна состојба. Поради тоа, многу е важно да ги знаете симптомите на бруксизмот.
• Некои од симптомите на бруксизмот се:
- Истанчена глеќ на забите;
- Чувствителност на забите на топло и ладно;
- Поткршени заби;
- Рамна џвакална површина на забите;
- Болка во вилицата;
- Зголемени мускули на вилицата;
- Главоболка;
- Болка во ушите.
тел. 02/ 60 90 979
078/ 603 - 031
Д-р Ѓорѓи Парцанов
Раб. време: секој работен ден од 10:00 до 18:00ч.
e-mail:
info@picassodental.mk
• Ваучерот може да се користи веднаш со претходна резервација.
ПЗУ „Picasso Dental Studio“
Во ПЗУ „Picasso Dental Studio“ ima и најсовремен рентген кабинет за панорамски снимки, мали дигитални снимки и телерентген. Со рентгенската панорамска слика се гледа состојбата на горните и долните заби, присуство на неизникнати заби и има важна улога во дијагностицирањето на различните патолошки промени на забите. Предностите на дигиталната рентгенографија се многубројни, пациентите се изложени на 90% помало озрачување, отколку при традиционалните рентгенски слики.