Добивате:
• Лесновски мед со бадеми, лешници и ореви - 250 гр.
• Почувствувајте ја едноставноста со целосна убавина!
Појаснување:
• Овој производ претставува правилно избалансирана мешавина од мелени бадеми, мелени лешници, мелени ореви во полифлорен пчелин мед од многу лековити билки од регионот на Осоговските планини.
• Оваа иделана кобинација претставува моќен лек за потенција, за зголемување на имунитетот и за зголемување на машкото и женското либидо.
• Исто така се користи кај деца и возрасни за зголемување на мозочната активност.
• Може да го користат и деца и возрасни.
• НАЧИН НА УПОТРЕБА: секој ден по 1-3 кафени лажички пред оброк.
• kupinapopust е посредник при промоцијата и продажбата на производите од Апицентар Др. Петровски.
Постапка за превземање на производот:
• Производот се испорачува исклучиво со достава. Истиот може да се плати при превземање со претходно потврдена нарачка
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
Покажи ми го патот
тел. 078/ 439 829
пон - пет
Апицентар Др. Петровски е прва регистрирана институција во Република Македонија што работи на полето на селекција и производство на пчелен генетски материјал од македонската медоносна пчела APIS MELLIFERA MACEDONIA. Овој подвид (раса) на медоносни пчели се одгледува во АПИЦЕНТАР каде генетската припадност се контролилра преку ДНК анализа. Репроцентарот е регистриран во 2003 год. според законот за сточарство и евиндентиран во книгата на одгледувачници на генетски материјал во сточарството при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Располага со 12 локации, распоредени во Источниод дел на Република Македонија, во околината на Осоговските планини. Покрај производството на селектиран генетски материјал, произведува и пчелни производи: мед, матичен мед, прополис, мешавина и др.
Репроцентарот е формиран 2002 год. од Проф. Др. Александар Узунов - (катедра сточарство, предмет пчеларство) - факултет за земјоделкси науки и храна - Скопје, Македонија, а подоцна го преземаат Др. Ангелл Петровски, дипломирал на факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, Македонија.
АПИЦЕНТАР Др. Петровски има и сопствена ветеринарна амбуланта специјализирана за испитување, дијагностика и лекување на болести кај пчелите (Varroa descructor, Nosema apis e Nosema ceranea).
Селекцијата се спроведува по најновите BEEBOK европски стандардни методи на 120 пчелни семејства, кои се распоредени на две локации (Pesnik и Dracevica) и составени од 6 различни линии на Apis mellifera Macedonia. Три пати во текот на годината се вршат мерења во однос на 4 параметри: одбрамбено однесување, медопродуктивност, толерантност на болести и роидбено однесување. Само оние матици со најголем селекциски индекс влегуваат во понатамошната селекција. Од добиените резултати се одредуваат најдобрите 4 линии од кои се зема генетскиот материјал за производство на нашите матици (A, B, C, D) и 2 линии од кои се зема генетскиот материјал за производство на трутовските фамилии (E и F)
Матиците кои се произведуваат во нашиот репроцентар се справуваат контолирано (70% - 95%), со селектирани трутовски семејства на 3 различни оплодни станици: оплодна станица Леговец (490 м), оплодна станица Плавица (950 м) и оплодна станица Луково (1150 м).
Целото производство на матици се одвива во строго контролирани услови при што се добиваат МСБ (матици слободни од болести), кои ги поседуваат сите потребни здравствени сертификати од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.
Дополнително во центарот се спроведува добра пчеларска пракса преку која се обезбедува највисоко ниво на хигиена при производство на матици и нуклеуси. Во центарот строго се контролира движењето на другите одгледувачи на пчели (гости во центаро), а работата со пчелните семејства е ограничено само на вработените во центарот.
Целиот протокол на селекција се менаџира, а одгледувачката вредност на матиците се пресметува, преку специјално дизајниран копјутерски програм.
Евиденцијата дава информации за потеклото на матиците и трутовите во неколку генерации наназад. Потврда за информациите од педигрето се добива со морфометриска анализа и суперконтрола преку ДНК.
Покрај споменатите контроли се користи и анатомска дисекција на одреден број матици за да се утврди количината на сперма во јајниците, квалитето на спарувањето и тежината на матицата. Селекцијата на матиците се врши од оние пчелни семејства кои што покажале извондредни резултати. Крајната цел на наѓата одгледувачка програма е да произведеме пчели кои се отпорни на болести и вируси (здрави пчели - живи пчели) и во исто време вршиме селекција на медопродуктивност, темперамент, ниско ниво на роење.
Оплодените матици пред да бидат спакувани за транспорт до крајниот купувач поминуваат низ неколку тестови кои траат 2 недели:
- Тест за испитување на квалитето на леглото
- Тест за испитување на здравствената состојба
- Тест за испитување на плодната состојба
Нашата цел не е само да ви понудиме продукт без идентитет, туку високопродуктивни матици и нуклеси кои ќе бидат здрави. Ние се надеваме дека новите и оние пчелари со долгогодишно искуство ќе уживаат и ќе имаат бенефит од овие високопродуктивни и со одлични карактеристики, матици.