Добивате:
• 1 ноќевање со појадок за 2 лица во Double room со камин.
• Хотел кој располага со сопствен бесплатен паркинг простор.
• Уживање со бесплатно топло кафе во текот на целиот ден.
• Бесплатен Wi-Fi интернет, соба за багаж, градина со елементи за скара.
• Во хотелот е дозволено за домашни миленичиња.
• Посета на прекрасните природни топли бањи во северна Грција.
• Можност за сместување во раните утрински часови и одјавување од хотелот доцна во ноќта.
• Фантастичен одмор надвор од градскиот метеж со прекрасен природен пејсаж.
Појаснување:
• За да го искористите попустот потребно е да купите минимум 2 купона, односно да остварите минимум 2 ноќевања со појадок за две лица.
Доплати:
• За дете до 5 години е бесплатно.
• За дете од 5 до 12 години се доплаќа 7 евра за ноќевање со појадок на дополнителен кревет во истата соба.
• За трето возрасно лице се доплаќа 10 евра по ноќевање со појадок во хотелот.
• Доплата за дополнително ноќевање за две лица 30 евра, директно во хотелот.
• Можете да купите повеќе купони и да ги комбинрате за повеќе дневен престој!
Процедурата за купување на купон е следнава:
• Задолжителна е претходна резервација на телефон 0030 6937 634974 или на email: almopia1@yahoo.gr
- По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате купонот.
- Купонот го препраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле и со тоа собата е резервирана. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете купонот испечатен кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
Покажи ми го патот
• Потребна е претходна резервација на almopia1@yahoo.gr
Хотелот „Almopia 3*“ има три ѕвезди и се наоѓа во местото Лутраки во северна Грција на само 100 км од градот Солун. Се наоѓа во подножјето на планината Vorras, со природни убавини и бујна вегетација, а опкружен е со голем број манастири, потоци и многубројни места совршени за прошетка и планинско пешачење. Almopia лежи на 300 метри од центарот на Лутраки Aridaias село.
Секоја соба располага со клима уред, плазма телевизор, фрижидер, балкон со прекрасен поглед кон природните убавини, WiFi. Хотелот располага со лоби бар со камин, прекрасно уредена градина со опрема за скара, фитнес центар, сауна, просторија за забава каде ќе уживате во еден куп друштвени игри, бесплатен паркинг. Хотелот се наоѓа на 560 км од Атина, 111 км од Солун. Хотелот се наоѓа во Лутраки, на 3 км оддалеченост од Пожар и 28 км оддалеченост ски центарот во Пела. Се наоѓа во подножјето на планинскиот масив, 300 метри оддалечен од центарот на Лутраки, опкружен со зеленило и недопрена природа во непосредна близина на црквата Св. Никола. На располагање ви се 20 климатизирани соби уредени со прекрасен рачно изработен мебел кој изобилува со комфор и чусвтво на вистински дом. Дополнителни услуги кои ги нуди хотелот се сауна, фитнес центар, џакузи итн.