• Бесплатен интернет
• Бесплатен паркинг за гостите.
• Хотелското осигурување и туристичката такса се вклучени во цената.
Појаснување:
• Понудата е за 1 лице за 1 ноќевање за период од 15.05 - 30.09.2018 год.
• За да го добиете попустот потребно е да купите најмалку два купона за едно ноќевање за две лица.
• Доколку уплатите за 3 ноќевања добивате ГРАТИС 1 ноќевање (без појадок и вечера)
• При помалку од 20 гости за вечера, оброците се по претходно поставено мени.
Доплати:
• За деца и трет возрасен не купувате купон.
• За деца од 0 - 5 год. сместувањето е БЕСПЛАТНО.
• За деца од 5 - 11,99 год. сместени на дополнително легло се доплаќа 10 евра по ноќевање на база појадок и вечера.
• Трет возрасен и деца на 12 год. сместени на дополнително легло доплаќаат 13.5 евра по ноќевање на база појадок и вечера.
• Сите доплати се вршат директно во хотелот на рецепција.
Процедурата за купување на купон е следнава:
• Задолжителна е претходна резервација на email: olymp_bansko@abv.bg
- По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате купонот.
- Купонот го препраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле и со тоа собата Ви е резервирана. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете купонот испечатен кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
• Потребна е претходна резервација!
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот: +359 0749 880 91
+359 0749 880 92 или на e-mail: olymp_bansko@abv.bg за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба, го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на е-mail на хотелот како
доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го
прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo
испратиле на e-mail на хотелот.
Хотел „Olymp“ Банско
Се наоѓа на влезот на Банско и е првото нешто што ќе го видите на средбата со гостопримливото мало пиринско градче. Споените две згради создаваат атмосфера кај гостите на пријатен и мирен одмор со незаборавни моменти во подножјето на Пирин.
Хотелот располага со 29 двокреветни соби, 2 трикреветни, 2 студија и 4 апартмани.
Собите се декорирани во модерен стил и се опремени со бања, со туш кабина, кабелска, телефон, мини бар и собна послуга.
По задоволството од возењето на ски или вежбање на аикидо за кое имаат специјално опремена сала, вие може да се релаксирате во модерно опремен спа центар. Хотелот "Олимп" им нуди на своите гости модерно декориран релакс центар со сауна, парна бања, џакузи, базен шокови и можност за масажа. Подарете си одмор кој навистина го заслужувате.
Ресторанот кој е во склоп на хотелот има на располагање 50 места. Има богато мени со посебно одбрани пијалаци и храна кои можат да ги задоволат сите вкусови.
Погоден е за спроведување на коктели, бизнис или семејни прослави.
Во дворот на хотелот се наоѓа отворен базен до кој се наоѓа скара-бар, место на кое навистина можете да се опуштите и да го заборавите за момент секојдневието. За гостите кои се дојдени за бизнис, хотелот ви стои на располагање со конференциска сала со 40 места, опремена со најсовремени технички средства потребни за семинари, конференции и корпоративни настани. Има можност за организирање на кафе - паузи, работен ручек и друго, а исто така во текот на денот може да добиете факс услуги, копирање, поштенски и курирски услуги.
На располагање на гостите има 24-часа рецепција, сеф, ски гардероба за сопствена опрема, просторен лоби бар, ресторан, детско катче, интернет.