• Две ноќевања во автентично уредени куќички (стандардни дрвени бунгалови), со хигиена на високо ниво и опкружени со прекрасен природен амбиент.
• Туристичка и рафтинг такса.
• Безбедносна опрема и обука од лиценцирани водичи.
• Превоз со специјални теренски возила за време на Вашиот престој.
• Бесплатен паркинг
• Лиценцирани скипери за диви реки
• Незаборавна рафтинг авантура која ќе ја раскажувате цел живот. На оваа тура покрај планинските езера ќе го видите и највисокиот врв во Босна и Херцеговина Маглич (2386 м), последната прашума во Европа - Перучица и водопадот Скакавац висок 73 метри. Убавините на реката Тара се заштитени од УНЕСКО.
• Понудата е по лице за 2 ноќевања во период од 18.04 - 28.09.2025 год.
• Доколку сакате да престојувате за време на викендите предрезервација може да направите само 7 дена пред поаѓање
• Еден купон важи за две ноќевања, за едно лице. Тоа значи дека доколку престојувате 2 лица 2 ноќевања потребни би Ви биле 2 купони
• Сместувањето во луксузни бунгалови се доплаќа 20 евра по лице
• Кампот поседува базен и финска сауна. Користењето на базенот се доплаќа 10 евра за возрасни, а 5 евра за деца до 12 години. Користењето на сауната е 15 евра за возрасни, додека за деца е забранет влез.
• Во оваа цена не е вклучена храната, но постои можност за доплата на истата во ресторанот во рамки на кампот. Цените се следни:
- Доручек: 9 евра
- Ручек: 19 евра
- Вечера: 16 евра
• На овој начин имате можност да го земете било кој оброк или да користите своја храна. Сумите ги доплаќате во кампот. Домашен леб, телешко, јагнешко, домашна пршута, кајмак, сирење, врели уштипци, мед... ова се само дел од вкусните специјалитети.
• По Ваша желба и во договор со организаторот на кампот можете, со соодветна доплата, да уживате и во другите авантуристички активности: јавање коњ, планинарење и сл.
• Во кампот не е дозволено внесување на алкохол.
Опис на програмата:
• 1 ден. - Пристигнување во кампот (времето на пристигнување е до 18:00 часот - необврзувачки термин). Доплаќате за вечера (доколку сакате) која се служи во 20:00 часот. Запознавање со околината и сместување. Забава со музика и логорски оган. Ноќевање. Координати на камппот се: N: 43.362051 ; E: 18.807748.
• 2 ден. - По појадокот во 08:00 часот - Преземање на опремата за пумпање на чамците, облекување на оделата и почеток на рафтингот. Околу 10 часот се тргнува со теренските возила до Брштановица - појдовна точка за рафтингот. Следува највозбудливиот дел од реката Тара кој трае од 3 до 4 часа со паузи за фотографирање, пливање и освежување. По Тара следи уште 5 км рафтинг по реката Дрина до Highlander, каде што ручекот е организиран околу 15 часот. Ако сакате ручек доволно е да го најавите пред да одите на рафтинг. По вкусниот традиционален ручек, гостите можат да уживаат во прошетка покрај реката, друштвени игри или некоја спортска активност во кампот (одбојка, бадминтон, мал фудбал...). Дружење со музика и логорки оган. Ноќевање.
• 3 ден. - Откако ќе се одморите, можете да нарачате појадок. По Ваша желба и во договор со организаторот на кампот, со соодветна доплата можете да останете подолго и да доживете некоја нова авантура - џип сафари, риболов, јавање на коњ, планински велосипедизам, екскурзии до Сараево, Вишеград, Требиње или Долината на Херојот.
• НАПОМЕНИ:
- Во случај на поголем број на посетители менаџментот на Highlinder кампот го задржува правото да организира рафтинг тура во две групи, односно една предпладне и една попладне
• Кампот Highlander е вистинска оаза на мирот во незагадена природа и исто така одлична дестинација за авантура што овозможува целосно спојување со природата и уживање во сите нејзини привлечности. Време е да го поминете вашиот одмор во склад со природата, да вклучите хармонија во вашиот уморен секојдневен живот, незаборавни денови во прекрасно природно опкружување. Заменете ја градската топлина со свеж воздух и утринска роса. Време е да уживате во мирот и тишината. Во вечерните часови заборавете на грижите, исклучете го интернетот и уживајте под ѕвезденото небо, со шумот на Дрина и логорскиот оган на кампот Highlander .... што и да мислите, знајте дека „чудата не ги кршат законите на природата“ и уживајте.
Процедурата за купување купон е следнава:
• Задолжителна е претходна резервација на е-маил: admin@kupinapopust.mk или на тел: 078 439 829 на Viber или WhatsApp
- Купонот го препраќате на е-mail на кампот (кој ќе ви биде испратен од наша страна) како доказ дека сте платиле и со тоа собата е резервирана. При check-in во кампот потребно е да го прикажете купонот испечатен кој претходно сте гo испратиле на е-маил.


Ул. Бастаси бб
73 300, Фоча, Босна
и Херцеговина
Покажи ми го патот
тел: +387 65 475 201 на Viber или WhatsApp
e-mail:
info@highlandertim.com
Facebook
WEB
• Задолжителна е претходна резервација на е-маил info@highlandertim.com или на тел. +387 65 475 201 на Viber или WhatsApp
„Highlander“ - Рафтинг камп на Тара
Возбудлив рафтинг, незаборавно планинарење, врвен адреналин и најдобар одмор!
Ова е вистинско место за сите оние кои ја сакаат природата и адреналинскиот туризам. Во кампот ќе ве чека вистински одмор и тишина во природата пропратена од жуборот на реката.
Вкупниот капацитет на кампот е 70 легла распоредени во мали дрвени куќички со по еден, два, три, четири или пет кревети. Секој камп располага со Wi-Fi и заеднички тоалет и тушеви.
Рафтингот на Тара претставува спој од авантура и релаксација. За секој оној кој ќе го доживее рафтингот се вели дека доживеал незаборавно искуство со што ги запознал вистинските вредности и убавини на природата. По степенот на привлечност, рафтингот на Тара се наоѓа во категоријата III-IV степени (на скалата на меѓународни реки) со што Тара денес се наоѓа на врвот заедно со најатрактивните реки во светот Колорадо и Замбези.
Времетраењето на рафтингот зависи од количината на вода, временските услови и екипажот. Во мај, кога нивото на водата е највисоко, рафтингот трае околу 45 минути, а во август и септември 3 до 4 часа. Рафтингот се врши во гумени чамци специјално дизајнирани за диви води. Во нив можат да се сместат 8 до 10 луѓе.
Во рамки на рафтинг турата сите добиваат соодветна рафтинг опрема: костум и чизми, појас за спасување, шлем и лопатка. Важна улога има капитенот, лицето кое го управува чамецот и кој во исто време е и водич за рафтингот. Сите водичи се сертифицирани од страна IRF (Меѓународна рафтинг федерација). Пред почетокот на турата следува кратка обука.
За време на рафтингот, туристите може да да носат камери и фотоапарати. Тие се сместени во посебни ќеси или буриња, херметички запечатени. На најатрактивните места се прават паузи кои се погодни за фотографирање. Оваа возбудлива авантура за многумина претставува спортски и активен одмор, но дефинитивно за сите е предизвик кој никако не сме да се пропушти.
Може да ве интересираат и следниве понуди:

Апартмани и ресторан „Konoba Akustik“ - Сутоморе
Лето 2025 во Сутоморе - Црна Гора! 7 ноќевања за 1 лице на база п...

Clarina All Seasons Rooms & Apartments, Крушево
Ноќевање во Clarina All Seasons Rooms & Apartments во Крушево

DJ Apartments - Охрид
15% попуст или 1699 ден. за ноќевање за 2 лица во DJ Apartments в...

Villa & Apartments Cityview Ohrid
Ноќевање за 1 лице во Villa & Apartments Cityview Ohrid - апа...

Студио за убавина „Регина“
Пакет од 10 антицелулитни масажи во Студио за убавина „Регина“

Студио за убавина „Регина“
Депилација на интима

Студио за убавина „Регина“
Педикир со гел лак

Студио за убавина „Регина“
Класичен педикир

Т.А „КупиНаПопуст“
Лето 2025 во Несебар - Бугарија! Ноќевање за 1 лице на база HB во...

Т.А „КупиНаПопуст“
Лето 2025 во Несебар - Бугарија! Ноќевање за 1 лице на база HB во...

Т.А „КупиНаПопуст“
Лето 2025 во Несебар - Сончев Брег - Бугарија! Ноќевање за 1 лице...

Т.А „КупиНаПопуст“
Лето 2025 во Сончев Брег - Бугарија! Ноќевање за 1 лице на база B...

Т.А „КупиНаПопуст“
Лето 2025 во Сончев Брег - Бугарија! Ноќевање за 1 лице на база B...

Вила “Мариј Блаж“ - Радожда Струга
Ноќевање во двокреветна или трокреветна/четирикреветна соба ...

Т.А „КупиНаПопуст“
Викенд во Белград - ноќевање во хотел + автобуски превоз (26.04...

Центар за рехабилитација и масажа Синај
Светлосна терапија - Cell Booster Photon (Light Energy) во Ц...

Центар за рехабилитација и масажа Синај
Термален кревет со жад камења

Апартмани Центар - Скопје
Ноќевање во апартмани во центарот на Скопје по промотивна цена!

Capital stay Skopje
Capital stay Skopje - Апартман близу до железничка, одлична локац...

„Highlander“ - Кањон Дрина
Рафтинг авантура на Тара + ЏИП САФАРИ - Термин - 18.04 - 28.09.20...

Центар за рехабилитација и масажа Синај
Третман на врат и рамен појас во Центар за рехабилитација и масаж...

Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
АНТИ-ЕЈЏ ХЕМИСКИ ПИЛИНГ во специјалистичката ординација по д...
