Добивате:
Обука на тема РАЗВОЈ НА ЗДРАВИ НАВИКИ И ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ во "Миа Марија- Центар за едукација, развој и советување"
Центарот за едукација, развој и советување "Миа Марија" нуди тематски обуки за деца, кои се оддржуваат четири пати месечно, односно еднаш неделно, секоја сабота од 11:00 до 14:00 часот.
Темата за обуката во ОКТОМВРИ е:
РАЗВОЈ НА ЗДРАВИ НАВИКИ И ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ!
Оваа детска работилница е наменета за развој на здрави навики и здрав животен стил кај децата. Во текот на модулите, децата ќе имаат можност да научат основни принципи на здравата исхрана, важноста на редовната физичка активност и значењето на добриот сон. Користејќи игри, интерактивни активности и практични примери, ќе ги охрабриме да развиваат здрави навики на забавен и интересен начин. Работилницата има за цел да создаде основи за здрав животен стил кој ќе им служи на децата во текот на нивното растење и развој. Здравјето е најважно, мораме да ги негуваме навиките за истото!
05-ти октомври (сабота) 11:00-14:00
Модул 1: Здрава исхрана
12-ти октомври (сабота) 11:00-14:00
Модул 2: Физичка активност и добар сон
19-ти октомври (сабота) 11:00-14:00
Модул 3: Поврзаноста со природата и користењето на нејзините ресурси
26-ти октомври (сабота) 11:00-14:00
Модул 4: Лична хигиена (чистота) и ментална хигиена
Обуката е наменета за деца на школска возраст
Местата се ограничени
Појаснување:
• Задолжителна е претходна резервација на телефон: 072 916 623
• Ваучерот може да се користи веднаш.
• За оваа понуда не е задолжително печатење на ваучерот. Доволно е да го покажете единствениот код од ваучерот преку вашиот мобилен телефон или таблет.
Резервирајте место на време, бројот на места е ограничен, претходна пријава е задолжителна!