• Две ноќевања во автентично уредени куќички (стандардни дрвени бунгалови), со хигиена на високо ниво и опкружени со прекрасен природен амбиент.
• Туристичка и рафтинг такса.
• Безбедносна опрема и обука од лиценцирани водичи.
• Превоз со специјални теренски возила за време на Вашиот престој.
• Бесплатен паркинг
• Лиценцирани скипери за диви реки
• Незаборавна рафтинг авантура која ќе ја раскажувате цел живот. На оваа тура покрај планинските езера ќе го видите и највисокиот врв во Босна и Херцеговина Маглич (2386 м), последната прашума во Европа - Перучица и водопадот Скакавац висок 73 метри. Убавините на реката Тара се заштитени од УНЕСКО.
• Понудата е по лице за 2 ноќевања во период од 18.04 - 28.09.2025 год.
• Доколку сакате да престојувате за време на викендите предрезервација може да направите само 7 дена пред поаѓање
• Еден купон важи за две ноќевања, за едно лице. Тоа значи дека доколку престојувате 2 лица 2 ноќевања потребни би Ви биле 2 купони
• Сместувањето во луксузни бунгалови се доплаќа 20 евра по лице
• Кампот поседува базен и финска сауна. Користењето на базенот се доплаќа 10 евра за возрасни, а 5 евра за деца до 12 години. Користењето на сауната е 15 евра за возрасни, додека за деца е забранет влез.
• Во оваа цена не е вклучена храната, но постои можност за доплата на истата во ресторанот во рамки на кампот. Цените се следни:
- Доручек: 9 евра
- Ручек: 19 евра
- Вечера: 16 евра
• На овој начин имате можност да го земете било кој оброк или да користите своја храна. Сумите ги доплаќате во кампот. Домашен леб, телешко, јагнешко, домашна пршута, кајмак, сирење, врели уштипци, мед... ова се само дел од вкусните специјалитети.
• По Ваша желба и во договор со организаторот на кампот можете, со соодветна доплата, да уживате и во другите авантуристички активности: јавање коњ, планинарење и сл.
• Во кампот не е дозволено внесување на алкохол.
Опис на програмата:
• 1 ден. - Пристигнување во кампот (времето на пристигнување е до 18:00 часот - необврзувачки термин). Доплаќате за вечера (доколку сакате) која се служи во 20:00 часот. Запознавање со околината и сместување. Забава со музика и логорски оган. Ноќевање. Координати на камппот се: N: 43.362051 ; E: 18.807748.
• 2 ден. - По појадокот во 08:00 часот - Преземање на опремата за пумпање на чамците, облекување на оделата и почеток на рафтингот. Околу 10 часот се тргнува со теренските возила до Брштановица - појдовна точка за рафтингот. Следува највозбудливиот дел од реката Тара кој трае од 3 до 4 часа со паузи за фотографирање, пливање и освежување. По Тара следи уште 5 км рафтинг по реката Дрина до Highlander, каде што ручекот е организиран околу 15 часот. Ако сакате ручек доволно е да го најавите пред да одите на рафтинг. По вкусниот традиционален ручек, гостите можат да уживаат во прошетка покрај реката, друштвени игри или некоја спортска активност во кампот (одбојка, бадминтон, мал фудбал...). Дружење со музика и логорки оган. Ноќевање.
• 3 ден. - Откако ќе се одморите, можете да нарачате појадок. По Ваша желба и во договор со организаторот на кампот, со соодветна доплата можете да останете подолго и да доживете некоја нова авантура - џип сафари, риболов, јавање на коњ, планински велосипедизам, екскурзии до Сараево, Вишеград, Требиње или Долината на Херојот.
• НАПОМЕНИ:
- Во случај на поголем број на посетители менаџментот на Highlinder кампот го задржува правото да организира рафтинг тура во две групи, односно една предпладне и една попладне
• Кампот Highlander е вистинска оаза на мирот во незагадена природа и исто така одлична дестинација за авантура што овозможува целосно спојување со природата и уживање во сите нејзини привлечности. Време е да го поминете вашиот одмор во склад со природата, да вклучите хармонија во вашиот уморен секојдневен живот, незаборавни денови во прекрасно природно опкружување. Заменете ја градската топлина со свеж воздух и утринска роса. Време е да уживате во мирот и тишината. Во вечерните часови заборавете на грижите, исклучете го интернетот и уживајте под ѕвезденото небо, со шумот на Дрина и логорскиот оган на кампот Highlander .... што и да мислите, знајте дека „чудата не ги кршат законите на природата“ и уживајте.
Процедурата за купување купон е следнава:
• Задолжителна е претходна резервација на е-маил: admin@kupinapopust.mk или на тел: 078 439 829 на Viber или WhatsApp
- Купонот го препраќате на е-mail на кампот (кој ќе ви биде испратен од наша страна) како доказ дека сте платиле и со тоа собата е резервирана. При check-in во кампот потребно е да го прикажете купонот испечатен кој претходно сте гo испратиле на е-маил.


Ул. Бастаси бб
73 300, Фоча, Босна
и Херцеговина
Покажи ми го патот
тел: +387 65 475 201 на Viber или WhatsApp
e-mail:
info@highlandertim.com
Facebook
WEB
• Задолжителна е претходна резервација на е-маил info@highlandertim.com или на тел. +387 65 475 201 на Viber или WhatsApp
„Highlander“ - Рафтинг камп на Тара
Возбудлив рафтинг, незаборавно планинарење, врвен адреналин и најдобар одмор!

Ова е вистинско место за сите оние кои ја сакаат природата и адреналинскиот туризам. Во кампот ќе ве чека вистински одмор и тишина во природата пропратена од жуборот на реката.
Вкупниот капацитет на кампот е 70 легла распоредени во мали дрвени куќички со по еден, два, три, четири или пет кревети. Секој камп располага со Wi-Fi и заеднички тоалет и тушеви.












Рафтингот на Тара претставува спој од авантура и релаксација. За секој оној кој ќе го доживее рафтингот се вели дека доживеал незаборавно искуство со што ги запознал вистинските вредности и убавини на природата. По степенот на привлечност, рафтингот на Тара се наоѓа во категоријата III-IV степени (на скалата на меѓународни реки) со што Тара денес се наоѓа на врвот заедно со најатрактивните реки во светот Колорадо и Замбези.
Времетраењето на рафтингот зависи од количината на вода, временските услови и екипажот. Во мај, кога нивото на водата е највисоко, рафтингот трае околу 45 минути, а во август и септември 3 до 4 часа. Рафтингот се врши во гумени чамци специјално дизајнирани за диви води. Во нив можат да се сместат 8 до 10 луѓе.

Во рамки на рафтинг турата сите добиваат соодветна рафтинг опрема: костум и чизми, појас за спасување, шлем и лопатка. Важна улога има капитенот, лицето кое го управува чамецот и кој во исто време е и водич за рафтингот. Сите водичи се сертифицирани од страна IRF (Меѓународна рафтинг федерација). Пред почетокот на турата следува кратка обука.
За време на рафтингот, туристите може да да носат камери и фотоапарати. Тие се сместени во посебни ќеси или буриња, херметички запечатени. На најатрактивните места се прават паузи кои се погодни за фотографирање. Оваа возбудлива авантура за многумина претставува спортски и активен одмор, но дефинитивно за сите е предизвик кој никако не сме да се пропушти.

Може да ве интересираат и следниве понуди:
- 60%
22279
35937
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
- 66%
22278
35934
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
- 70%
22277
35933
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
- 50%
22276
35932
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
- 29%
22001
35538
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
- 50%
21721
35204
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
- 50%
22273
35927
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
- 17%
22272
35926
Т.А „КупиНаПопуст“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 17% попуст за незаборавна ту...
22258
35910
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
- 80%
22257
35909
SS Digital AI Academy
Онлајн курс: Научете како да заработувате онлајн со ChatGPT + бон...
22256
35905
Хотел “Maria Antoaneta Residence 4*“ Банско
Велигден во Банско! Ноќевање за 1 лице по избор + користење на СП...
22255
35902
Хотел “Maria Antoaneta Residence 4*“ Банско
Уживање во Банско! Ноќевање за 1 лице по избор + користење на СПА...
22253
35900
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Де Лукс апартмани Коста - Охрид
22252
35899
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
- 33%
22251
35898
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
- 23%
22243
35890
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 23% попуст за PSA тест ...
- 20%
22242
35889
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 20% попуст за Спермогра...
- 17%
22241
35888
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 17% попуст за Спермогра...
- 35%
22239
35886
ПЗУ „Индус Медика“
Преземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 35% попуст за диференциј...
- 20%
22238
35885
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 20% попуст за диференцијална...
22236
35883
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
22235
35882
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби (три третмани) + полирање
22234
35881
ПЗУ Дента Леа Л&В
Чистење забен камен + ласер третман на непца + полирање во П...
22233
35880
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
- 29%
22227
35868
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
- 27%
22226
35867
