46% попуст или 5400 ден. за online курс по Германски јазик од „Учам Германски“

Со купување на овој ваучер добивате 108 "kupinapopust" поени.

Купи за 5400 ден. Купи како подарок
    • Симнато од 10000 ден.
    • Попуст 46%
    • Заштедуваш 4600 ден.
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  27.02.2025  до  30.11.2026 

Добивате:

Онлајн видео курс по германски јазик (А1) на „Учам Германски“

Basis A1.1+A1.2

Онлајн видео курс по германски јазик (А1) е идеален за почетници!

Добивате:

24 детално објаснети лекции на македонски
Домашни задачи, дополнителни материјали, тестови со решенија и листа со вокабулар
Флексибилност – учите кога и каде што сакате!


Од кого е направен овој курс?
Курсот е изработен од дипломиран професор по германски јазик со долгогодишно меѓународно
искуство во наставата. Сите материјали што ги добивате се заштитени со авторски права, и
нивното копирање е строго забрането.


За кого е наменет?
За апсолутни почетници
За оние што сакаат да се подготват за работа во Германија
За ученици, студенти и возрасни кои сакаат солидна основа
За оние на кои им е потребна виза за спојување на семејство.


Зошто да го изберете овој курс?
Јасно и едноставно објаснети лекции
Материјали што ќе ви помогнат побрзо да го совладате јазикот
Учите по свој ритам, без притисок

Појаснување:
Со купувањето на овој ваучер добивате дополнителен 10% попуст!
По купувањето, потребно е да ни го испратите купениот ваучер на contact@kupinapopust.mk и во рок од 24-48 часа ќе добиете код за активација.
Имате рок од 30 дена да го активирате кодот на следниот линк: Активирај курс
Откако ќе го купите курсот, имате 10 месеци пристап кон сите лекции и материјали.
Чекори за купување:
1. Кликнете на следниов линк: Активирај курс
2. Кликнете на „Купи“ и додадете го курсот во кошничка.
3. Внесете го кодот од ваучерот за попуст.
4. Пополнете ги податоците и кликнете „Продолжи со плаќање“.
5. Ќе добиете е-пошта со потврда и инструкции (проверете во Spam).
6. Веднаш добивате пристап до сите лекции! 
• За сите дополнителни прашања обратете се на: info@ucamgermanski.mk


Адреса: Бул. 12та македонска бригада 70а, Скопје
www.ucamgermanski.mk
email: info@ucamgermanski.mk
ИНСТАГРАМ

Сопственик на академијата „Учам Германски“ е Наталија Кирковска, дипломиран професор по германски јазик на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со повеќе од една деценија искуство во едукативниот сектор.


„Мојот професионален пат е обликуван од мојата страст кон германскиот јазик и стремежот кон висококвалитетно и иновативно јазично образование.

Работам со ученици од различни возрасти и културни средини, притоа адаптирајќи го својот пристап за да одговорам на индивидуалните потреби и предизвици на секој ученик.Како едукатор, длабоко сум свесна за комплексноста на процесот на изучување на нов јазик и психолошките бариери со кои се соочуваат почетниците и оние кои го усовршуваат истиот. Лично ги разбирам и доживеав овие предизвици, а преку својата педагошка практика се стремам да им обезбедам на учениците поддршка, мотивација и водство за да ги надминат своите несигурности.

Напредокот на моите ученици е не само професионално задоволство, туку и поттик за постојано усовршување на моите методи на предавање и едукативни стратегии. Мојата улога не е само да пренесувам знаење, туку да инспирирам, мотивирам и да ги водам моите ученици кон остварување на нивните јазични и професионални цели.Мојата љубов кон германскиот јазик започна уште во моето детство, кога на возраст од десет години го открив неговиот ритам и структура.

Оваа ранa фасцинација прерасна во животна определба, а при изборот на студии, без двоумење се одлучив да го посветам својот академски развој во изучувањето на овој јазик. Веќе како студент, започнав да предавам приватни часови, што ми овозможи рано да ја усовршам својата методологија и да стекнам практично искуство.

По дипломирањето, мојот професионален развој продолжи во неколку приватни училишта низ Македонија, каде што ги усовршив своите педагошки вештини и работев на развивање на современи пристапи кон изучување на јазикот.Сепак, мојата амбиција отсекогаш беше да го искусам животот во Германија – земјата која е сржта на јазикот и културата што ги предавам.

Преселбата во Германија беше исполнета со бројни предизвици од самиот старт, но мојата упорност и посветеност, проследени со бројни апликации и интервјуа, ми овозможија да живеам во оваа земја и да работам со интернационални ученици, помагајќи им да го совладаат јазикот и да го изградат својот професионален и личен потенцијал.Мојата професионална филозофија е заснована на уверувањето дека секој човек има неограничен потенцијал да ги оствари своите цели, колку и да изгледаат недостижни.

Совладувањето на еден странски јазик не е само процес на меморирање нови зборови и граматички правила, туку патување кое отвора нови хоризонти и овозможува запознавање со различни култури, вредности и перспективи. Знаењето на еден странски јазик не само што ги унапредува комуникациските способности, туку го збогатува индивидуалното разбирање за светот и ни помага да ја цениме убавината на културната разноликост.“

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Ласерска Епилација на пазуви во Центар за естетика и козметологија „Beauty room S“ - 33%
Центар за естетска медицина и козметологија „Beauty room S“
Ласерска Епилација на пазуви во Центар за естетика и козметологиј...
Уште 3 дена и 14 ч.
 
2 во 1 третман на лице - Дермапен + Анти-ејџ хемиски пилинг во Центар за естетика и козметологија „Beauty room S“. - 63%
Центар за естетска медицина и козметологија „Beauty room S“
2 во 1 третман на лице - Дермапен + Анти-ејџ хемиски пилинг во Це...
Уште 3 дена и 14 ч.
 36 Купувачи
Ласерска Епилација на брада во Центар за естетика и козметологија „Beauty room S“ - 25%
Центар за естетска медицина и козметологија „Beauty room S“
Ласерска Епилација на брада во Центар за естетика и козметологија...
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Ласерска Епилација на надусници во Центар за естетика и козметологија „Beauty room S“ - 25%
Центар за естетска медицина и козметологија „Beauty room S“
Ласерска Епилација на надусници во Центар за естетика и козметоло...
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Хидрофацијал третман на лице + ултразвучна шпатула во Центар за естетика и козметологија „Beauty room S“ - 50%
Центар за естетска медицина и козметологија „Beauty room S“
Хидрофацијал третман на лице + ултразвучна шпатула во Центар за е...
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Ласерска Епилација на лице во Центар за естетика и козметологија „Beauty room S“ - 33%
Центар за естетска медицина и козметологија „Beauty room S“
Ласерска Епилација на лице во Центар за естетика и козметологија ...
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Техничко чистење на лаптоп - 40%
Bncmicro - Скопје
Техничко чистење на лаптоп
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Проверете ја состојбата на Вашиот вид со најсовремен инструмент камера ТУ ВИН /2 WIN во оптика „Интер - Оптик“ - 57%
„Интер - Оптик“ - нас. Центар
Проверете ја состојбата на Вашиот вид со најсовремен инструмент к...
Уште 3 дена и 14 ч.
 98 Купувачи
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација и фенирање во најдоброто „Мое Студио Дадар“ - 66%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
Уште 3 дена и 14 ч.
 23 Купувачи
Dermapen третман на лице во „Мое Студио Дадар“ - 50%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Dermapen третман на лице во „Мое Студио Дадар“
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Релакс масажа на грб во „Мое Студио Дадар“ - 55%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Релакс масажа на грб во „Мое Студио Дадар“
Уште 3 дена и 14 ч.
 
Медицински третман за чистење на лице во Ординација по дерматовенерологија
„ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Медицински третман за чистење на лице во Ординација по дерматовен...
Уште 3 дена и 14 ч.
 4 Купувачи
Микродермоабразија и Хидрафацијал во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Микродермоабразија и Хидрафацијал во Ординација по дерматовенерол...
Уште 3 дена и 14 ч.
 2 Купувачи
AGE RESET PEEL – ANTI-AGE ПИЛИНГ во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина 'Skin Solution' - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
AGE RESET PEEL – ANTI-AGE ПИЛИНГ во специјалистичката ординација ...
Уште 3 дена и 14 ч.
 7 Купувачи
3 во 1 пакет третмани за есенски рестарт на вашата кожа во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 56%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
3 во 1 пакет третмани за есенски рестарт на вашата кожа во Ордина...
Уште 3 дена и 14 ч.
 5 Купувачи
Ласерски третман на габични инфекции на нокти во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина 'Skin Solution' - 50%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Ласерски третман на габични инфекции на нокти во специјалист...
Уште 3 дена и 14 ч.
 42 Купувачи