Лето 2025: Вила ELEFTERIA - Олимпик Бич

Со купување на овој ваучер добивате 114 "kupinapopust" поени.

Купи за 11280 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  15.05.2025  до  30.09.2026 

Добивате: 

• 7 ноќевања во Вила ELEFTERIA - Олимпик Бич во период по ваша желба (погледнете ја табелата подолу)

Villa Elefteria се наоѓа во тивка улица и убаво уреден двор, на околу 150 мери оддалеченост од градската плажа и центарот на местото Олимпик бич. Од нејзините основни карактеристики, секако се издвојува местото за дружење или пречек на гостите при доаѓање и заминување, каде во нивна потреба се големата тераса и потребните содржини (тоалет, ладилник, решо...). Во својот состав вбројува и 16 убаво уредени (1/2, 1/3 и 1/4) студија, распоредени на приземје и трите ката од вилата. Сите студија се опремени со тоалет и мини кујна, клима и ТВ уред, како и сопствен балкон со тенда. Вилата има Wi-FI интернет согласно основните потреби за комуникација. Паркингот за сопствeните возила е можен во непосредна близина на објектот.

Опис на сместувачки капацитети:

Приземје:
- Студио бр.1, тип 1/2+1 (еден брачен кревет 130 cm и еден единечен кревет 80 cm) гледа кон задната страна на куќата и дворот, тоалетот е со низок таван.
- Студио бр.2, тип 1/2+1 (еден брачен кревет 140 cm и еден единечен кревет 90 cm) гледа кон задната страна на куќата и дворот.
- Студио бр.16, тип 1/2+1 (еден брачен 140 cm и еден единечен кревет 90 cm) балконот е пред влезна врата, нема клима уред, одвоен од дворот на куќата кој е со плчки и гледа кон улица.
 
Студиата се опремени со кујна мини фрижидер со комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо ,маса, клима, ТВ, плакар. огледало фиокар ролетни тенда завеси балкон со маса и 4 столици во стд 1 тоалет со туш на плочки, додека во стд 2 и 16 е со туш со кадичка за стоење. Балконите се одделени, погледот е во дворот (мал двор со плочник и цвечиња) од задниот дел на куќата.
 
 Прв кат
Студио бр.3, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm) кон улица, западна страна (нова кујна)
- Аапартман со една спална бр. 4, тип 1/2+1+exb (еден брачен 140 cm, единечен 90 cm и ранџо (полско креветче) кон улица. Северо-западна страна. (кујна одвоена од соба)
- Апартман со една спална бр. 5, тип 1/2+1+exb (еден брачен 140 cm, единечен 90 cm и ранџо (полско креветче) кон објект Северо-западна страна. (кујна одвоена од соба)
- Студио бр.6, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm) кон објект (нова кујна)

Студиата се опремени со кујна (мини фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, балкон со маса и столици, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење. 
 
Втор кат 
- Студио бр. 7, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm). Поглед кон објект, западна страна
- Апартман со една спална бр. 8, тип 1/2+1  (еден брачен кревет 140 cm, единечен 90 cm) и одвоена кујна.
- Апартман со една спална бр. 9, тип 1/2+1 (еден брачен кревет 140 cm, единечен 90 cm) и одвоена кујна.
- Студио бр.10, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm). 
 
Студиата се опремени со кујна (мини фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење. Балкон со маса и столици. 
 
Трет кат
- Студио.бр.11, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)
- Студио.бр.12, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)
- Студио.бр.13, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)
- Студио.бр.14, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)
- Студио бр.15, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)
 

Студиата се опремени со кујна (мини фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење. Балкон со маса и столици. 

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРМИНИТЕ И РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕ ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ НА - admin@kupinapopust.mk или 078 439 829

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употребата на клима уред (ac+) се доплатува во објектот (3-5€/на ден, каде што е достапен).
Доплата за туристичка такса 2
 (се плаќа во објектот).
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
 преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)
 
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден: Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 - 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
 одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
 по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
 Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
 вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. 
 Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
 локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите
 и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
 опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. 
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
 
Цени и услови на плаќање
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
 за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
 
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

Појаснување:

• За проверка на слободен термин, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk или контактирајте нè на 078 439 829 (достапни и на вибер). 

По потврдната информација дека има слободен термин во рок од 24 часа вршите уплата на сумата. Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).

• Уплатницата ја испраќате на admin@kupinapopust.mk или на 078 439 829 на вибер, како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува.




Ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, Аеродром, Скопје
Се наоѓаме во населба Мичурин, позади Макпетрол бензинската станица до Транспортен центар
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк


Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.

Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.

Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени. 


Може да ве интересираат и следниве понуди:

Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина 'Skin Solution' - 60%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
Уште 1 ден и 5 ч.
 3 Купувачи
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација и фенирање во најдоброто „Мое Студио Дадар“ - 66%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
Уште 1 ден и 5 ч.
 91 Купувачи
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар“ - 70%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
Уште 1 ден и 5 ч.
 24 Купувачи
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
Уште 1 ден и 5 ч.
 18 Купувачи
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“ - 29%
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
Уште 1 ден и 5 ч.
 12 Купувачи
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 50%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
Уште 1 ден и 5 ч.
 9 Купувачи
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
Уште 1 ден и 5 ч.
 15 Купувачи
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
Уште 1 ден и 5 ч.
 
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда - 33%
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
Уште 1 ден и 5 ч.
 2 Купувачи
Ласерско белеење на заби + полирање
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
Уште 1 ден и 5 ч.
 6 Купувачи
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + користење на СПА во Хотел & СПА „Тино“ Св. Стефан - Охрид
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
Уште 1 ден и 5 ч.
 6 Купувачи
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 29%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 5 ч.
 
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 27%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 5 ч.
 5 Купувачи