Патување во Скандинавија - Осло, Копенхаген, Стокхолм - 7 магични денови со авионски превоз

Со купување на овој ваучер добивате 830 "kupinapopust" поени.

Купи за 83020 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  03.07.2025  до  30.09.2026 

Добивате:
• Авионски превоз
• Аеродромски такси
• Сместување во Осло, Копенхаген и Стокхолм

Почетокот на аранжманот е 23 август 2025 година и цената е за едно лице.

Доживејте ја магијата на Скандинавија - регион каде природната убавина, модерниот животен стил и богатото културно наследство се спојуваат во незаборавно патување.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРМИНИТЕ И РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕ ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ НА - admin@kupinapopust.mkили 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на Вибер)

ПРОГРАМА:

23. Август (Сабота)                        СКОПЈЕ - ОСЛО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 02.00 часот. Авионот за Осло полетува во 04.00 и слетува во 09.00 часот. Разглед на главниот град на Норвешка, викиншкиот град кој го опкружуваат спектакуларни фјордови. Разглед со локален водич: главната улица во Осло, Карл Јоханс Гејт, едно од најживите места во градот, дом на бројни ресторани, кафулиња, продавници, како и универзитетот, театарот, парламентот и кралската палата. Прекрасното Градско собрание, тврдината и замокот Акершус една од најважните средновековни тврдини во Норвешка, каде што можете да ја следите норвешката историја од 12 век до денес. Најновиот симбол на Норвешка е Операта, која се наоѓа на средината на старото пристаниште во Осло, со прекрасен поглед на фјордот Осло. Сместување во хотел. Вечерта, предлагаме прошетка во шармантната област Aker Brygge, старо бродоградилиште кое е целосно реконструирано. Старите бродови се заменети со постмодерна архитектура. Неверојатните челични и стаклени конструкции се издигнуваат кон небото и ги чуваат некои од најдобрите ресторани, продавници, пабови и кина во градот. Популарна област за шопинг, јадење и забава, како и станбена област со висока класа. Вистинското место за сите оние кои бараат луксуз и сјај! Ноќевање.

24. Август (Недела)                      ОСЛО

Појадок.  Посета на познатата скокалница Холменколен лоцирана над градот, која на туристите им нуди неверојатен поглед на Осло и Ослофјорд.  Кога ќе ги прашате жителите на Осло кој е нивниот најпрепознатлив споменик, сите сигурно ќе ви одговорат на Холменколен. Скијачката скокалница била изградена во далечната 1892 година, а оттогаш била реконструирана дури 14 пати. Овде се одржани голем број важни натпревари, вклучувајќи ги и Олимписките игри во 1952 година. Посебна атракција е ски-симулаторот. Потоа, посета на Bygdoey „Музејски полуостров“ каде што има фантастични музеи. Norwegian Maritime Museum - ја претставува норвешката поморска историја, бродоградба и подводна технологија. Norwegian Museum of Cultural History- музеј на отворено, кој го прикажува животот на норвежаните во изминатите пет века преку автентични куќи, стари работилници, дрвени магацини преселени од различни делови на Норвешка.  Fram Museum - најсилниот дрвен брод што некогаш бил изграден и сè уште ги држи рекордите за пловење најдалеку на север и на југ. Во музејот Фрам можете да видите како екипажот и нивните кучиња успеале да преживеат во најстудените и најопасните места на земјата - Арктикот и Антарктикот. Музејот Фрам има и поларен симулатор каде што може да го доживеете студот и опасностите од поларните експедиции пред повеќе од 100 години. The Kon-Tiki Museum – посветен на норвешкиот истражувач Тор Хејердал, кој ја предводел експедицијата Кон-Тики во 1947 година, т.е. патување преку Тихиот Океан, од Јужна Америка до Полинезиските Острови. Ноќевање.

25. Август (Понеделник)             ОСЛО- КОПЕНХАГЕН

Појадок. Посета на паркот Вигеланд со 227 монументални скулптури, сместен во рамките на поголемиот парк Фрогнер, кој е и најголемиот парк во Норвешка.  Слободно време. Потоа, (околу 15.00 часот) качување на брод DFDS на линијата Осло-Копенхаген. Сместување во двокреветни кабини. На бродот има од продавници, барови и ресторани до вечерна забава. Вечера. Ноќевање.

26. Август (Вторник)                   КОПЕНХАГЕН

Појадок. По слегувањето од бродот (околу 10.00 часот), трансфер и разглед на градот со локален водич: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен... Сместување во хотел. Прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Нихавн e најживописното данско пристаниште препознатливо на сите разгледници во градот, со многу луѓе, кафулиња, ресторани. Слободно време за посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво.  Ноќевање.

27. Август (Среда)                       КОПЕНХАГЕН - СТОКХОЛМ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на забавниот парк Тиволи, најголемата традиционална атракција во Копенхаген, отворена во 1843 година. Тиволи е најпосетениот тематски парк во Скандинавија кој со својата егзотична архоитектура, градини, ролеркостери, претстави, концерти, изложби... привлекува повеќе од четири милиони туристи годишно. Трансфер до железничка станица и патување до Стокхолм со воз (околу 5 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

28. Август (Четврток)                СТОКХОЛМ

Појадок. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот... Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл  како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција.  Ноќевање.

29. Август (Петок)                      СТОКХОЛМ - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета на островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи, го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен - најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 традиционални куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 20.30 часот. Пристигнување во 02.05 часот наредниот ден.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü Авионски превоз со авио компанијата Air Serbia на релација Скопје-Белград-Осло / Стокхолм-Белград-Скопје 

ü Аеродромски такси

ü Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü Сместување во Comfort Hotel Borsparken 3*  во централниот дел на Осло на база 2 ноќевања со појадок 

ü Сместување во двокреветни кабини на брод DFDS на база полупансион (вечера и појадок)

ü Сместување во хотел  Four Points Flex By Sheraton Copenhagen City 3* во централниот ден на Копенхаген на база 1 ноќевања со појадок

ü Воз на релација Копенхаген-Стокхолм

ü Сместување во хотел Quality Hotel Globe 4* во Стокхолм на база 2 ноќевања со појадок

ü Рачен багаж до 10 кг. со димензии 40х23х55см и чекиран багаж до 23 кг.

ü Организирани разгледи со локален водич во: Осло, Копенхаген и Стокхолм

ü Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø Блок карта за 24 часа неограничен влез во музеи и 24 часа неограничено користење на јавен превоз во Осло 65 евра (се плаќа кај организаторот)

Ø Влезница за Тиволи во Копенхаген (се купува на лице место)

Ø Посета на островот Џургарден и влезници за 2 музеи АББА и Скансан 65 евра (се плаќа кај организаторот)

Ø Туристичка такса 1850 мкд  по лице за цел престој (се плаќа кај организаторот)

Ø Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø Патничко и здравстено осигурување

Ø Доплата за еднокреветна соба 22.800 мкд

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можел организаторот навремено да ги организира истите.

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Појаснување:

• За проверка на слободен термин, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk или контактирајте нè на 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на вибер). 

По потврдната информација дека има слободен термин во рок од 24 часа вршите уплата на сумата. Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).

• Уплатницата ја испраќате на admin@kupinapopust.mk или на 078 439 829 на вибер, како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува.




Ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, Аеродром, Скопје
Се наоѓаме во населба Мичурин, позади Макпетрол бензинската станица до Транспортен центар
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк


Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.

Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.

Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени. 


Може да ве интересираат и следниве понуди:

Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина 'Skin Solution' - 60%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
Уште 1 ден и 8 ч.
 3 Купувачи
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација и фенирање во најдоброто „Мое Студио Дадар“ - 66%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
Уште 1 ден и 8 ч.
 90 Купувачи
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар“ - 70%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
Уште 1 ден и 8 ч.
 24 Купувачи
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
Уште 1 ден и 8 ч.
 18 Купувачи
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“ - 29%
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
Уште 1 ден и 8 ч.
 12 Купувачи
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 50%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
Уште 1 ден и 8 ч.
 9 Купувачи
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
Уште 1 ден и 8 ч.
 15 Купувачи
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда - 33%
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
Уште 1 ден и 8 ч.
 2 Купувачи
Ласерско белеење на заби + полирање
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
Уште 1 ден и 8 ч.
 6 Купувачи
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + користење на СПА во Хотел & СПА „Тино“ Св. Стефан - Охрид
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
Уште 1 ден и 8 ч.
 6 Купувачи
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 29%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 27%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 8 ч.
 5 Купувачи