Добивате:
• Авионски превоз на релација Тирана – Неапол – Тирана
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Неапол, шармантен град со богата историја, неверојатна архитектура и жив уличен живот, градот кој ќе ви помогне да ја вкусите и доживеете вистинска Италија, тој е олицетворение на вистинската Италија. Домот на многу атракции, иако многумина Неапол веднаш го поврзуваат со пристаништен град, тој е многу повеќе од само тоа. Центарот на градот кој е под заштита на УНЕСКО, брои 3 огромни замоци, кралска палата и цркви и катедрали кои не може да се добројат, мали плоштади на секој чекор, каде што може да седнете, да одморите и да уживате на сонце и во чашка аперол. Градот има и жичница која ве води до врвот на Неапол и нуди прекрасен панорамски поглед. И секао да не се заборави пицата, која Неапол се сфаќа многу сериозно. Постојат многу строги правила кои пицериите и рестораните мора веродостојно да ги следат со цел да ги исполнат критериумите на Асоцијацијата за наполитанскa пица. Во близина се Капри, Соренто, Амалфи и прекрасното Позитано. Може да искомбинирате неколку екскурзии и да посетите повеќе локации.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРМИНИТЕ И РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕ ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ НА - admin@kupinapopust.mkили 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на Вибер)
1ден 08 Октомври Скопје – Тирана – Неапол
Состанок на групата во Скопје во 08.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Неапол во 17.35 и пристигнување во 19.00 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
2ден 09 Октомври Неапол
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: сместен во срцето на Наполи, плоштадот Пјаца дел Плебисито е еден од најголемите, а тука се наоѓаат Кралската палата, Галеријата Умберто, театарот Сан Карло, замокот Castelo Nuovo, Фонтаната на Нептун, пристаништето и Палатата на Имаколатела... Преку Виа С. Грегорио Армено, живописна уличка позната по занаетчиските продавници. Рагледот завршува со посета на катедралата Сан Франческо посветена на светецот – заштитник на Неапол. Слободно попладне. Задолжително е да пробате наполитанска пица. Препорачуваме да ги посетите двата прекрасни плоштади: Пјаца деи Мартири, фантастично место за седење, уживање во еспресо, за опуштена и шармантна атмосфера. За боемска атмосфера и доколку сакате да го искусите ноќниот живот на Наполи, посетете го плоштадот Пјаца Белини, се наоѓа во шпански кварт, едно од најживите и најавтентичните населби во Наполи. Познат по своите шарени графити, трендовски барови и музика во живо. Истражете ги тесните улички околу плоштадот за да откриете некои од најдобрите локални барови, пицерии... Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3ден 10 Октомври Соренто – Позитано - Амалфи
Појадок. Факултатива целодневна екскурзија со организиран трансфер и локален водич: На туристичката мапа обележани како места кои мора да се посетат, Соренто, Позитано и Амалфи... ова патуватување се смета за едено од најспектакуларните во Европа поради прекрасните пејзажи, а возењето покрај самиот брег го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај брегот го комплетираат впечатокот. Позитано, една од најубавите разгледници, некогашното рибарско село, живописно и романтично, а овековечено во многу американски филмови. Амалфи, некогашната моќна поморска сила по која го добил името целиот брег. Самиот град е под заштита на УНЕСКО, тој е бисер на средновековната архитектура со тесни улички, прошетка до катедралата Св.Андреј со импресивните скалила и декоративната фасада. Соренто го нарекуваат Сончевиот Град, со неверојатено воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, а во подножјето бистрата тиркизна вода на Тиренското Море... Враќање во хотел. Ноќевање.
4ден 11 Октомври Капри
Појадок. Факултатива целодневна екскурзија со организиран трансфер, брод и локален водич: спој на природни убавини, стара архитектура и гламур... да се доје на Капри или како го нарекуваат „островот на љубовта“ за да се вкуси италијанската „бела вита“ во најавтентичната форма, да се проба познатото лимончело и да се препуштете се на шармот... По пристигнувањето во пристаништето Гранде Марина со организиран превоз посета на гратчето Ана Капри, вечниот соперник на градот Капри од средниот век, прошетка со локален водич и слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione, симболот на островот, Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век… Можност за прошетка низ старите улици со сувенирници. Враќање во хотел. Ноќевање.
5ден 12 Октомври Помпеја- Неапол – Тирана – Скопје
Појадок. Полудневен факултативен излет до Помпеја - трансфер и локален водич до археолошкото наоѓалиште Помпеја. Градот бил потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година, кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала”, а случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин се сочувала единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили…
Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Тирана во 19.35 и пристигнување во 20.50часот. Организиран трансфер до Скопје, пристигнување во раните утрински чaсови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Тирана – Неапол – Тирана
Аеродромски такси
Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување во Хотел Grand Hotel Europa 4* на база 4 ноќевања со појадок.
Организиран разглед на Неапол
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо кај организаторот 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1.250 мкд - се плаќа кај организаторот
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 10.900 мкд
Цена на факултативи:
Соренто – Позитано - Амалфи - 140 евра - вклучено трансфер, слушалки, лиценциран водич.
Капри - 130 евра – вклучено трансфер, брод, слушалки, лиценциран водич.
Помпеја - 120 евра - вклучено трансфер, резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич.
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можел организаторот навремено да ги организира истите.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
При отказ на резeрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Организаторот го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да го контактира организаторот за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат кај организаторот за проверка.




Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.
Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.
Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени.
Може да ве интересираат и следниве понуди:
- 60%
22279
35937
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
- 66%
22278
35934
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
- 70%
22277
35933
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
- 50%
22276
35932
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
- 29%
22001
35538
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
- 50%
21721
35204
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
- 50%
22273
35927
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
- 17%
22272
35926
Т.А „КупиНаПопуст“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 17% попуст за незаборавна ту...
22258
35910
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
- 80%
22257
35909
SS Digital AI Academy
Онлајн курс: Научете како да заработувате онлајн со ChatGPT + бон...
22256
35905
Хотел “Maria Antoaneta Residence 4*“ Банско
Велигден во Банско! Ноќевање за 1 лице по избор + користење на СП...
22255
35902
Хотел “Maria Antoaneta Residence 4*“ Банско
Уживање во Банско! Ноќевање за 1 лице по избор + користење на СПА...
22253
35900
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Де Лукс апартмани Коста - Охрид
22252
35899
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
- 33%
22251
35898
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
- 23%
22243
35890
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 23% попуст за PSA тест ...
- 20%
22242
35889
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 20% попуст за Спермогра...
- 17%
22241
35888
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 17% попуст за Спермогра...
- 35%
22239
35886
ПЗУ „Индус Медика“
Преземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 35% попуст за диференциј...
- 20%
22238
35885
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 20% попуст за диференцијална...
22236
35883
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
22235
35882
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби (три третмани) + полирање
22234
35881
ПЗУ Дента Леа Л&В
Чистење забен камен + ласер третман на непца + полирање во П...
22233
35880
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
- 29%
22227
35868
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
- 27%
22226
35867
