Добивате:
• Автобуски превоз Скопје-Тирана-Скопје
• Авионски превоз Тирана – Абу Даби - Тирана со Визер
• Кабинска торба со димензии 40х30х20cm до 10кг
Дубаи - во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација , една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски - центар со 5 патеки и многу други објекти кои го одземаат здивот, ја прават посетата на Дубаи импресивна и незаборавна. Песочните плажи со своите разновидни активности, овозможуваат прекрасно уживање! Најпознатата плажа меѓу нив е Jumeirah Beach Park која плени со својот бел песок и тиркизно - сина боја на водата. А една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинското сафари.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРМИНИТЕ И РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕ ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ НА - admin@kupinapopust.mkили 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на Вибер)
22.10.2025 (Среда) СКОПЈЕ – ТИРАНА – АБУ ДАБИ
Состанок на групата на ул.Македонија, во центарот на Скопје, спроти хотел Бристол во 10.30ч. Организиран трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Абу Даби во 18.15ч и слетување во 01.30 ч. Организиран трансфер до хотелот во Абу Даби. Сместување. Ноќевање.
23.10.2025 (Четврток) АБУ ДАБИ - ДУБАИ
Појадок. Целодневен излет на Абу Даби во придружба на локален водич на македонски јазик, којшто опфаќа:
-Посета на стариот центар на градот, можност да се види хотелот „Emirates Palace“, зграда со седум ѕвезди
-Посета на луксузната претседателска палата Каср ал Ватан (Qasr Al Watan) (влезница вклучена во цена)
-Разгледување на новите делови на градот, посета на островот Садијат, каде во моментов се градат нови проекти како Louvre и музејот Guggenheim, Abraham House и до островот ,,Јас” каде се наоѓа тркачката патека Формула 1 и забавниот парк „Ферари Свет“
-Посета на џамијата Шеик Зајед, (Sheikh Zayed Mosque) една од најголемите во светот. Уникатно архитектонско чудо е и Мавзолејот каде се наоѓа телото на таткото на нацијата Шеик Зајед – направена од македонски бел мермер
-Набљудување контрасти на старата и новата архитектура: Народната банка на Дубаи, Стопанската комора, куќата на Шеик Зајед...
Следува организиран трансфер до Дубаи. Сместување во хотел.
Кратка пауза, организиран превоз и посета на раскошниот Дубаи Мол, со локален водич каде што следува посета на :
-Бурџ Калифа (Burj Khalifa) – највисоката кула на светот
-Фонтаната Дубаи (Dubai Fountain)
-Дубајската Опера(Dubai Opera)
-Модерниот безистен (souk) – Souk Al Bahar
-Бурџ Калифа парк (Burj Khalifa Park)
-Авенијата на Глуварчето (Dandrellion Light Sculpture@ Dubai Mall)
-Мексичките крилја (Wings of Mexico)
-Хотелот Палас (Palace Downtown)
Индивидуално враќање назад во хотелот во Дубаи.
24.10.2025 (Петок) ДУБАИ
Појадок. Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на македонски јазик.
Во текот на оваа екскурзија следува запознавање со фасцинантната приказна за издигнувањето на Дубаи од суровите пустински услови во еден модерен, луксузен свет со јасна визија за иднината.
На патот кон стариот дел на градот, ќе се види:
-Музејот на Иднината (фото стоп) (Museum Of The Future)
-Златната рамка на Дубаи (фото стоп) (Frame Dubai)
Посета на стариот дел на градот:
-пазарите за зачини, злато и текстил
-возење со традиционална абра преку стариот канал (вклучено во цената)
-средба со најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант
Разгледувањето продолжува со посета на:
Souk Madinat, Jumeirah Madinat или Малата Арапска Венеција со поглед на луксузниот хотел Burj Al Arab. А од популарниот панорамски видиковец на Палмата: The View At The Palm (влезницата вклучена во цената) ќе може да се види:
-Приватниот остров на Шеикот на Дубаи
-Островите “Свет“
Се продолжува кон Marina The Walk и зградата Cayan или Infinity - една од најпопуларните на оваа локација и кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, многу познато место во новиот дел на Дубаи;
На оваа локација има можност да се видат: Ain Dubai, JBR и музејот на восочни фигури Мадам Тисо. Враќање назад во хотелот.
КРСТАРЕЊЕ ПО ДУБАЈСКАТА МАРИНА
Во вечерните часови следува крстарење со брод по Дубајската Марина.
Во текот на крстарењето има можност да се искуси сјајот на модерното Дубаи и да се проследат прекрасните модерни облакодери, панорамското тркало Аин Дубаи и останатите атракции на оваа локација. Сето тоа надополнето со вечера и забавна програма организирана на самиот брод.
Враќање во хотелот. Ноќевање.
25.10.2025 (Сабота) ДУБАИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на плажа или индивидуална посета на музеи и други знаменитости.
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО“MIRACLE GARDEN” И “GLOBAL VILLAGE”
Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Посета на две значајни атракции на Дубаи - Miracle Gardens и Global Village.
Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини?
Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имало сув пустински песок, се појавува оваа разновидност на бои и богатство на мириси... Сетилото за слух не може да се занемари, со самото присуство на саксофонист, чија музика одекнува низ градината... Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 Февруари, 2014 година на Денот на вљубените.
По посетата на Miracle Garden следува обиколка на Global Village. Глобалното село е исклучително популарна атракција во Дубаи, каде на едно место се изградени павилјони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи била да ги соберат сите култури на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Па така убавините на Ирак, Иран, Кина, африканските земји, како да се присутни во еден момент, на едно место - така всушност е создадено Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда како порта, во чии ѕидови се крие пазар, каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја - национална облека, храна, зачини, чаеви, традиционални танци со традиционална музика. Различните претстави организирани на главната сцена во оваа атракција уште повеќе ја надополнуваат сликата на шарениот колорит од стилови на живеење, музика,танц, песна, храна, знаменитости ...... место за потполно узивање на сите сетила...
Враќање во хотелот. Ноќевање.
26.10.2025 (Вторник) ДУБАИ
Појадок. Можност за посета на највисоката зграда во светот Burj Khalifa и Дубаи Мол.
Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП - САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура може да се согледа убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Се започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува со уживање во зајдисонцето. Оваа импресија вклучува и можност да се јава на камила, да се направи тетоважа со Хена или да се проба наргиле пред да се послужи вечерата во кампот. Традиционално забавата ќе биде комплетирана со изведувачи на стомачен танц. Враќање во Дубаи околу 21:00 часот. Ноќевање.
27.10.2025 (Среда) ДУБАИ - АБУ ДАБИ - ТИРАНА - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Тирана полетува во 13.35ч. и слетува во 16.40ч. Трансфер до Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз Скопје-Тирана-Скопје
Авионски превоз Тирана – Абу Даби - Тирана со Визер
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Кабинска тоба со димензии 40х30х20cm до 10кг
Сместување во “Tryp By Wyndham Abu Dhabi Center” на база 1 ноќевање со појадок во Дубаи
Сместување во “Time Asma Al Barsha” 4* на база 4 ноќевањa со појадок во Дубаи
Локален водич за реализација на излетите
Вечерен разглед на Дубаи на 23.10 (водич и трансфер во еден правец)
и целодневен разглед на Дубаи на 24.10 (вклучена влезница за The View At The Palm, трансфер во два правци, водич)
Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг, куфер до 20кг...
*( цената е променлива, инфо кај организаторот 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 15.500 ден.
Факултативни излети:
Пустинско сафари (вклучен трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра
Екскурзија до Абу Даби (трансфер, водич) 40 евра
Крстарење по Дубаи марина (трансфер, крстарење со вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра
Burj Khalifa 124 кат влезница 50 евра
Miracle Gardens и Global Village (трансфер, влезници, водич) 70 евра..
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Трето лице добива попуст од 30 евра и спие на помошен кревет на развлекување.
Дете од 02-06г. добива попуст од 230 евра. Дете од 06-11г. добива попуст од 160 евра и спие на кревет со возрасни лица или добива попуст од 60 евра и спие на помошен кревет.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Организаторот го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да го контактира организаторот за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
Појаснување:
• За проверка на слободен термин, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk или контактирајте нè на 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на вибер).
По потврдната информација дека има слободен термин во рок од 24 часа вршите уплата на сумата. Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).
• Уплатницата ја испраќате на admin@kupinapopust.mk или на 078 439 829 на вибер, како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува.




Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.
Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.
Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени.
Може да ве интересираат и следниве понуди:
- 60%
22279
35937
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
- 66%
22278
35934
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
- 70%
22277
35933
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
- 50%
22276
35932
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
- 29%
22001
35538
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
- 50%
21721
35204
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
- 50%
22273
35927
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
- 17%
22272
35926
Т.А „КупиНаПопуст“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 17% попуст за незаборавна ту...
22258
35910
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
- 80%
22257
35909
SS Digital AI Academy
Онлајн курс: Научете како да заработувате онлајн со ChatGPT + бон...
22256
35905
Хотел “Maria Antoaneta Residence 4*“ Банско
Велигден во Банско! Ноќевање за 1 лице по избор + користење на СП...
22255
35902
Хотел “Maria Antoaneta Residence 4*“ Банско
Уживање во Банско! Ноќевање за 1 лице по избор + користење на СПА...
22253
35900
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Де Лукс апартмани Коста - Охрид
22252
35899
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
- 33%
22251
35898
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
- 23%
22243
35890
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 23% попуст за PSA тест ...
- 20%
22242
35889
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 20% попуст за Спермогра...
- 17%
22241
35888
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 17% попуст за Спермогра...
- 35%
22239
35886
ПЗУ „Индус Медика“
Преземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 35% попуст за диференциј...
- 20%
22238
35885
ПЗУ „Индус Медика“
Превземете БЕСПЛАТЕН купон и добијте 20% попуст за диференцијална...
22236
35883
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
22235
35882
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби (три третмани) + полирање
22234
35881
ПЗУ Дента Леа Л&В
Чистење забен камен + ласер третман на непца + полирање во П...
22233
35880
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
- 29%
22227
35868
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
- 27%
22226
35867
