Патување во магичната Тоскана - три ноќевања со авионски превоз

Со купување на овој ваучер добивате 365 "kupinapopust" поени.

Купи за 36520 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  07.07.2025  до  30.09.2026 

Добивате:
• Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
• Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
• Сместување во хотел Arcadia 3* и Arcadia GuestHouse во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок

Тоскана е еден од најпознатите региони во Италија, славен по своето богато културно и уметничко наследство, како и по живописните пејзажи со ридови, лозја и историски градови. Регионалниот центар Фиренца е родното место на Ренесансата и дом на уметници како Микеланџело и Леонардо да Винчи.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРМИНИТЕ И РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕ ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ НА - admin@kupinapopust.mkили 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на Вибер)

03.10 (петок)                                                СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 17.30 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 19.35 часот. Слетување во Болоња во 21.25 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.

04.10 (сабота)                                              ФИРЕНЦА - ПИЗА

Појадок. Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо - вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири... Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми.

Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри - всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Ноќевање.

05.10 (недела)   ФИРЕНЦА–СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО– ВИНАРИЈА

Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади  Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија…  Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија - дегустација на вина, закуски и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

06.10 (понеделник)                                ФИРЕНЦА  –БОЛОЊА - СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век:  Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело...

Трансфер до Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот... Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 21.50 часот. Пристигнување во 23.35 часот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје

-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

-Сместување во хотел Arcadia 3* и Arcadia GuestHouse во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок. 

Хотелските соби и GuestHouse собите се во истиот објект но на различен кат и го користат истиот ресторан за појадок. GuestHouse собите се поедноставно опремени. www.hotelarcadiaflorence.com

-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

-Посета на Болоња

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг  

*( цената е променлива, инфо кај организаторот 7 дена пред терминот на поаѓање)

-Посета на Сиена, Сан Џимињано, винарија  “Fattoria Poggio Alloro” (дегустација на 5 сортни вина, закуска од пршути, сирења, маслинки, брускети...) 95 евра

-Разглед на Фиренца со локален водич 20 евра

-Посета на Пиза 45 евра

-Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)

-Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

-Патничко – здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд (GuestHouse)

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Дете од 2 до 4 год. плаќа 400 евра. Дете над 4 год. плаќа полна сума и добива легло.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можел организаторот навремено да ги организира истите.

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Организаторот го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да го контактира организаторот за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат кај организаторот за проверка.

Појаснување:

• За проверка на слободен термин, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk или контактирајте нè на 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на вибер). 

По потврдната информација дека има слободен термин во рок од 24 часа вршите уплата на сумата. Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).

• Уплатницата ја испраќате на admin@kupinapopust.mk или на 078 439 829 на вибер, како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува.



Ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, Аеродром, Скопје
Се наоѓаме во населба Мичурин, позади Макпетрол бензинската станица до Транспортен центар
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк


Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.

Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.

Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени. 


Може да ве интересираат и следниве понуди:

Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина 'Skin Solution' - 60%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
Уште 1 ден и 8 ч.
 3 Купувачи
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација и фенирање во најдоброто „Мое Студио Дадар“ - 66%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
Уште 1 ден и 8 ч.
 90 Купувачи
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар“ - 70%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
Уште 1 ден и 8 ч.
 24 Купувачи
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
Уште 1 ден и 8 ч.
 18 Купувачи
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“ - 29%
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
Уште 1 ден и 8 ч.
 12 Купувачи
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 50%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
Уште 1 ден и 8 ч.
 9 Купувачи
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
Уште 1 ден и 8 ч.
 15 Купувачи
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда - 33%
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
Уште 1 ден и 8 ч.
 2 Купувачи
Ласерско белеење на заби + полирање
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
Уште 1 ден и 8 ч.
 6 Купувачи
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + користење на СПА во Хотел & СПА „Тино“ Св. Стефан - Охрид
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
Уште 1 ден и 8 ч.
 6 Купувачи
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 29%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 27%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 8 ч.
 5 Купувачи