Лето 2025: Вила Савас-Дасиа, Крф

Со купување на овој ваучер добивате 160 "kupinapopust" поени.

Купи за 16060 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  14.07.2025  до  30.09.2026 

Добивате:
• 7 ноќевања во Вила Савас-Дасиа, Крф

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. . Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРМИНИТЕ И РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕ ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ НА - admin@kupinapopust.mkили 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на Вибер)

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  мазонети. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата.

Соба бр.9 Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.

Соба бр. 11 – Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10. 

Аппбр. 12 – Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.

Собабр.13 Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).

Соба бр. 14  Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.

Апп бр. 15 – Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.

Соба бр.16 – Собата се наоѓа на втор спрат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во ходникот се наоѓа мини кујната и веднаш до неа тоалетот.

Соба бр. 17 – Собата е студио, се наоѓа на 2 спрат со 2 поединечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот.

Мала куќичка веднаш до основната зграда, каде што има скара, детски играчки и мало заедничко дворче за два апартмани.

Стдуио бр. 1- Располага со еден брачен и еден единечен кревет, за 3 лица со опремена кујна со прибор и тоалет.

Бр 2. МАЗОНЕТ– Мазонетот-галерија. Располага со мини кујна, тоалет и еден брачен кревет, а со внатрешни скали се искачува на дел каде што има два единечни кревети. Во мазонетот може да престојуваат 4 лица. За на катот се препорачува да бидат деца, тинејџери, бидејќи тој ден е понизок.


Во цената е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје

  • 7 ноќевања / 8 дена

  • Туристички пратител за време на патување и претставник од организаторот за време на престојот

Во цената не е вклучено:

  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

  • Туристичка такса евра на ден- која се плаќа задолжително кај организаторот 
  • Факултативни излети

  • Патничко осигурување

  • Клима уред

Факултативни излети:

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.

Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот. 

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 Крстарење Паксос и Антипаксос

 Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

НАПОМЕНА:

НАПОМЕНИ:

  • CHECK IN:  14:00 h

  • CHECK OUT: 09:00 h

  • Активните попусти и попустите за споени термин не се комбинираат,

  • За споен термин се одбива  10% попуст на вториот термин на редовните цени.

  • Во четворокреветните апартмани  2 лица плаќаат целосна сума 3то и 4то возрасно лице имаат по 30% попуст од редовната цена,  дете до 11.99 год. има 50% попуст од редовната цена.

  • Во двокреветните и трокреветните студија може да се додаде дополнително легло за трето и четврто лице.

  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

  • Дете од 0 до 3 години – Бесплатно – спие во кревет со еден од возрасните

  • Двајца возрасни со едно дете од 4 до 11 години на дополнително легло за детето се плаќа 50% од редовнта цена + 20 евра за траект.

  • Двајца возрасни со две деца  (прво дете до 10,99 год и второ дете до 3,99 год ) се сместуваат во 1/3 студио и децата плаќаат по 50% од редовната цена + 20 евра за траект.

  • За сопствен превоз се одбива 20 евра од редовната цена по лице.

  • Термините кои се со црвено се промотивни и не се одбива за сопствен превоз.

  • За еднкреветна соба се доплаќа 50% од редовната цена за вториот кревет,

  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,

Појаснување:

• За проверка на слободен термин, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk или контактирајте нè на 078 439 829 или 073 843 068 (достапни и на вибер). 

По потврдната информација дека има слободен термин во рок од 24 часа вршите уплата на сумата. Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).

• Уплатницата ја испраќате на admin@kupinapopust.mk или на 078 439 829 на вибер, како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува.




Ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, Аеродром, Скопје
Се наоѓаме во населба Мичурин, позади Макпетрол бензинската станица до Транспортен центар
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк


Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.

Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.

Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени. 


Може да ве интересираат и следниве понуди:

Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина 'Skin Solution' - 60%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Витаминска мезотерапија на лице во специјалистичката ординација п...
Уште 1 ден и 7 ч.
 3 Купувачи
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација и фенирање во најдоброто „Мое Студио Дадар“ - 66%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација&...
Уште 1 ден и 7 ч.
 91 Купувачи
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар“ - 70%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Ботокс третман - регенерирање на вашата коса во „Мое Студио Дадар...
Уште 1 ден и 7 ч.
 24 Купувачи
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
Летен регенеративен третман со длабинско чистење во Ординација по...
Уште 1 ден и 7 ч.
 18 Купувачи
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“ - 29%
Салон за убавина „Harmony of beauty“
Масажа на стопала во Салон за убавина „Harmony of beauty“
Уште 1 ден и 7 ч.
 12 Купувачи
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 50%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
Уште 1 ден и 7 ч.
 9 Купувачи
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“ - 50%
Ординација по дерматовенерологија „ДЕРМА МИЛА“
До 50% попуст на премиум третмани на лице во Ординација по дермат...
Уште 1 ден и 7 ч.
 15 Купувачи
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
„Вила Коста“ - Охрид
Ноќевање во Вила Коста - Охрид
Уште 1 ден и 7 ч.
 
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда - 33%
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
Уште 1 ден и 7 ч.
 2 Купувачи
Ласерско белеење на заби + полирање
ПЗУ Дента Леа Л&В
Ласерско белеење на заби + полирање
Уште 1 ден и 7 ч.
 6 Купувачи
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + користење на СПА во Хотел & СПА „Тино“ Св. Стефан - Охрид
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца во двокреветна соба со појадок и вечера + ко...
Уште 1 ден и 7 ч.
 6 Купувачи
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 29%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Парафин на раце и нозе во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 7 ч.
 
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon - 27%
Lakshmi Luxury Beauty Salon
Релакс масажа во Lakshmi Luxury Beauty Salon
Уште 1 ден и 7 ч.
 5 Купувачи