Посета на најпознатиот фестивал на чоколадото за 23-ти Октомври ЧОКОЛАДНА АВАНТУРА во Перуџа! Само 11069 ден. (178.5 евра) за 5 дена / 3 ноќевања со појадок за едно лице + организиран превоз со високотуристички автобус + туристички водич / Термин (18.10 - 22.10.2018 год.)

Со купување на овој ваучер добивате 32 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  26.09.2018  до  23.10.2018 

Добивате:
 5 дена / 3 ноќевања со појадок за едно лице
 Сместување во хотел во Виченца во двокреветни соби на база на 1 ноќевање со појадок
 Сместување во хотел во Кјанчано Терме (Chianciano Terme), во двокреветни соби на база на 2 ноќевања со појадок
 Разгледи и излети според програмата
 Придружник од агенцијата за време на патувањето
 Организација и реализација на патувањето
 Уживање во малите слатки задоволства!
Појаснување:
 Еден ваучер од 11069 ден. (178.5 евра) е за едно лице
 Понудата е валидна во период од 18.10 - 22.10.2018 год.
 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативниот излет за Перуџа на фестивалот на чоколадо и разглед со локален водич - 25 евра по лице
- Разглед на Болоња со локален водич - 10 евра по лице
- Јавен превоз од / до автобускиот паркинг во Перуџа: мини метро 1.5 евро во правец и по лице
- Влезници за музеи и културно - историски споменици
- Дополнителните содржини и трошоци кои не се предвидени спрема програмата, личните трошоци (пијалоци, дополнителни оброци, телефонски трошоци, карти за јавен превоз и друго)
- Такса за престој која се плаќа на рецепција во хотелот 1.5 евро по лице на ден
- Патничко осигурување
Програма на патувањето:
 1 ден (18.10.2018 - Четврток) Скопје - Виченца  
- Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Виченца. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
 2 ден (19.10.2018 - Петок) Палманова - Виченца
- Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 саати за шопинг во еден од најголемите outlet - и во Италија - Палманова. По шопингот се упатуваме кон Виченца и  се сместуваме во хотел, време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и e 4 - ти град по големина во Покраината Венето. Градот на Андреа Паладио - италијански ренесансен архитект од Падова кој својот труд го претставува во Венеција и во околните градови. Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа базиликата Паладиана, голема средновековна градска сала. Театро Олимпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри. Палатата Кјерикати, Вила Валмарана, Плоштадот Кастело. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање назад до хотел во договорено време со групата. Ноќевање.
 3 ден (20.10.2018 - Сабота) Виченца - Верона - Кјанчано Терме
- Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамски (со автобуси) и пешачки разглед на градот - Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век со капацитет од 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде се наоѓаат најголемите брендови од модната индустрија, се до плоштадите Ербе и Данте. Следува посета на куќата на Јулија, каде се наоѓаат споменикот и терасата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности. Попладне заминување кон Кјанчано Терме. Сместување во хотел. Ноќевање.
 4 ден (21.10.2018 - Недела) Кјанчано Терме - Перуџа - Кјанчано Терме        
- Појадок во хотел. Слободно време или факултативен излет за Перуџа, главен град на покраината Умбрија и посета на најголемиот европски фестивал на чоколадото Eurochocolate. По пристигнувањето во Перуџа се оди на прошетка по главната улица во стариот дел на градот - Corso Vanucci и до плоштадот Piazza IV Novembre, каде се наоѓа познатата фонтана Маџоре (Maggiore) и катедралата, посета на Националната галерија на Умбрија (Galleria Nazionale dell'Umbria). Слободно време за уживање и дегустација на големата понуда на различни видови на чоколадо од целиот свет, со необичен вкус, дегустација на топло чоколадо и чоколадни сложувалки. Посета на култната продавница Perugina, каде што може да купат прочуените чоколади"Bacci" - чоколадни бакнежи. Слободно време. Враќање во Кјанчано Терме. Ноќевање.
 5 ден (22.10.2018 - Понеделник) Кјанчано Терме - Болоња - Скопје    
- Појадок во хотел. Поаѓање кон Болоња. Разглед на главниот град на Емилија Ромања и седиштето од најстариот универзитет во светот: прошетка со придружник до плоштадот Piazza Maggiore со базиликата Св. Петронија (Basillica di San Petronio) и градското собрание, старата зграда на универзитетот, плоштадот Нептуно (Neptune) со познатата фонтана и познатите кули - близначки Due Torri. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Возење со кратки попатни паузи за одмор низ Словенија, Хрватска и Србија кон Скопје, Македонија, со пасошки и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.
Постапка за превземање на ваучерот:
 Пред купувањето на ваучерот, задолжително направете предрезервација - јавете се на 078 439 829 или на 02/ 3 256 027 или пишете ни на admin@kupinapopust.mk и информирајте се дали има слбодни места. 
 По добиената потврдна информација го купувате ваучерот


Ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, Аеродром, Скопје
Се наоѓаме во населба Мичурин, позади Макпетрол бензинската станица до Транспортен центар
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк


Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665  

Нудиме различни понуди за услуги и производи со безконкуретно ниски цени. Со тоа што на фирмите кои ги нудат услугите/производите ќе им обезбедиме поголем број на купувачи и ефективна реклама, добиваме ексклузивни попусти кои достигнуваат дури до - 90% од редовната цена.


Тоа е Моќта на Колективното Купување. Да ја искористиме.

Од неодамна ја имаме и улогата на online marketshop, поточно продаваме производи кои се и без попуст, но сепак со привлечни цени. Нудиме и производи за кои сметаме дека нашите корисници ќе имаат интерест без оглед на цената.
Kupinapopust како веб страната постои скоро 10 години, а се карактериза со оптимизирано и пред се сигурно online плаќање, брза и навремена достава, како и квалитетна корисничка поддршка. 


Може да ве интересираат и следниве понуди:

Проверете ја состојбата на Вашиот вид со најсовремен инструмент камера ТУ ВИН /2 WIN во оптика „Интер - Оптик“ - 67%
„Интер - Оптик“ - нас. Центар
Проверете ја состојбата на Вашиот вид со најсовремен инструмент к...
Уште 6 дена
 10 Купувачи
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 6 дена
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 6 дена
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 6 дена
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 6 дена
 88 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 6 дена
 4 Купувачи
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 6 дена
 41 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 6 дена
 6 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 6 дена
 22 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 6 дена
 4 Купувачи
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 6 дена
 2 Купувачи
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 6 дена