Често поставувани прашања?

Што е kupinapopusт.мк?
Kupinapopust.mk е веб страна на која се нудат различни понуди за услуги и производи со безконкурентно ниски цени. Се трудиме да ги задоволиме потребите и вкусевите на секој поединец, па затоа нашите понуди се од најразличен тип. Се фокусираме на услуги и производи кои сите ние често ги користиме и ни се највеќе потребни. Затоа на нашата веб страна ќе најдете понуди за: ресторани, фитнес и спа центри, салони за убавина, здравствени услуги, патувања, попусти за различни видови на курсеви, влезници за разни случувања и многу други интересни понуди отсега достапни за сите нас.
Со тоа што на фирмите кои ги нудат услугите/производите ќе им обезбедиме поголем број на купувачи и ефективна реклама, добиваме екслузивни попусти кои достигнуваат дури до - 90% од редовната цена.
Тоа е Моќта на Групното Купување. Да ја искористиме.
Мора ли да регистрирам група на луѓе за да добијам попуст?
Не. Имаме доволен број на купувачи кои ствараат доволно голема група за попустот да биде активиран. Благодарение на различниот тип на понуди, ќе посакате да препорачате некои од понудите на вашите најблиски, пријателите, колегите итн.
Ми се допаѓа понудата. Како можам да ја купам?
Доволно е да кликнете на “КУПИ” пред рокот на понудата да истече. Во моментот кога ќе се оствари минималниот број на купувачи договорен со фирмата која што ја нуди услугата, тогаш попустот се активира. Ние ви испраќаме ваучер на e-mail, а Вие е потребно да го испечатите и прикажете при искористување на услугата. Доколку не се пријават доволен број на купувачи, едноставно ви ги враќаме парите.
Информирајте што повеќе најблиски, пријатели, колеги итн. за да бидете сигурни дека ексклузивниот попуст ќе се активира. Обично се потребни 3 купувачи за понудата да биде активна, а со оглед на безконкурентно ниската цена тоа е лесно остварливо.
Што се случува со понудата доколку не се пријават доволен број на купувачи?
Доколку не се пријават доволен број на купувачи, едноставно ви ги враќаме парите. Ако имате сериозен интерес за попустот информирајте што повеќе најблиски, пријатели, колеги итн.
Мора ли да го искористам ваучерот истиот ден кога ќе го купам?
Не. Многу од нашите понуди имаат датум до кога треба да бидат искористени, но во ниеден случај тоа не е истиот ден кога ќе го купите ваучерот.
Купив Ваучер! Како да го искористам?
После плаќањето ви испраќаме ваучер на вашиот e-mail на кој што ќе ги најдете сите потребни информации.
Може ли да купам ваучер како поклон?
Да. На Поклон-Ваучерот не е напишан ниту попустот ниту нашето лого. Напишана e вредноста на ваучерот кој се поклонува со кратко инфо за услугата/производот и ваш текст со посвета. Ваучерот можете да го поклоните on-line преку праќање e-mail или да го испринтате и поклоните. Во секој случај ќе добиете потврда дека вие сте купувачот на Ваучерот. Сите ваучери се преносни.
Во случај да не ја искористам целосната вредност на ваучерот, може ли да ми вратите дел од парите?
Не. Откако ваучерот е купен имате право во целост да ја искористите услугата према условите наведени на самиот ваучер.  Не враќаме назад пари или друг вид на компензација. Доколку не сте во можност да го искористите во целост ваучерот можете да го поклоните на пријател. Ваучерот е пренослив. Со секој наш купувач се трудиме да бидеме флексибилни во зависност од конкретната ситуација.
Што ако фирмата која ја нуди услугата/продуктот банкнотира?
Во таков случај ви ги враќаме парите.
Што се случува доколку платам, а попустот не се активира?
Доколку платите, а не се пријават доволен број на луѓе (ова многу ретко се случува), едноставно ви ги враќаме парите.
Како можам на вашата веб страна да се регистрирам?
Регистрација кај нас не е потребна. Со првото купување ви испраќаме e-mail со лозинка која може да ја користите покасно за пријавување на нашата веб страна каде веќе автоматски е креиран ваш профил. Така можете да имате контрола над вашите купувања и соберените поени.
Како можам да ги искористам моите поени?                                                      
Со секое купување на нашата веб страна добивате поени кои ние ги евидентираме. Поените всушност претставуваат ваш кредит кој можете да го искористите за да добиете уште поголем попуст. 1 поен = 1 ден. Со најава во делот “Кориснички профил“ можете да најдете детален извештај за вашите соберени поени, а при купување на некоја од понудите имате опција за нивно искористување. За тоа како да соберете повеќе поени можете да најдете подетални информации во делот “Како до повеќе “kupinapopust“ поени?“.