Уште поголем попуст од претходно! 77% на ексклузивен курс по хавајска масажа "Lomi Lomi"! Изучете ја автентичната хавајска масажна техника (теоретски и практичен дел + диплома за понатамошна работа) сумирани во 26 школски часа за само 5000 ден. во студио „АЛТЕРНАТИВА“ со Дејан Ѓоргиевски - мануелен терапевт, туинолог, терапевт за бовнова терапија, НПК масер и рефлексотерапевт

Купи

Купете едноставно без потребна регистрација

  • Редовна Цена 22000 ден.
  • Попуст 77 %
  • Заштедувате 17000 ден.
  • 0 купувачи
    Потребни се уште 2 купувач(и) за активирање на попустот

Купи како подарок

Купи како подарок

Препорачајте на пријател

Податоци за попустот

Ваучерот е наменет за:

Студио АЛТЕРНАТИВА

Студио Алтернатива
ул. Исаија Мажовски бр. 44 лок.6
населба Влае
(во близина на кулата во
Порта Влае)
www.studioalternativa.mk
info@studioalternativa.mk
работно време:
пон - пет од 13:00 до 20:00 часот
сабота од 14:00 до 19:00 часот
Телефони за контакт:
02/ 6150 - 369
078/ 429 - 295

Ваучерот може да се искористи:

од  21.05.2013  до  30.06.2013 

Услови:

Потребна е претходна резервација.

Максимален број на ваучери по купувач: 5
На располагање има неограничен број на ваучери.

Добивате:
Курс по хавајска масажа ломи ломи.
Теоретски дел (предавања).
Практичен дел.
26 школски часа реализирани во 6 работни дена (4 дена х 4 школски часа + 2 дена х 5 школски часа; можен е и договор за распоредот и динамиката на часовите во зависност од потребата на клиентите).
Сертификат - диплома за добиеното знаење на курсот и понатамошна работа.
Појаснување:
Откако ќе го купите ваучерот потребно е да се јавите во студио „АЛТЕРНАТИВА“ на 078/ 429 - 295 или 02/ 6150 - 369. Понудата е наменета и за мажи и за жени.
На курсот дојдете во удобна и лесна облека. Со себе понесете папучи, чаршав, две крпи(поголема и помала), тетратка, пенкало и ужинка. За време на паузите Ве послужуваме со чај, кафе, сок и овошје. За полесно совладување на материјата секој учесник добива и скрипта, која ќе му помогне во учењето и повторувањето на материјалот. Масите (креветите) за масирање, маслото за масажа, како и сите помошни средства кои ги употребуваме за потребите на курсот, ги обезбедуваме ние.
Предавач на курсот е Дејан Ѓоргиевски - мануелен терапевт, туинолог, терапевт за бовнова терапија, НПК масер, рефлексотерапевт.


Студио „АЛТЕРНАТИВА“
Студио за масажи, мануелна терапија и едукација.
Секогаш со Вас, се грижиме за вашето здравје, виталност и животна енергија.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.

Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од  допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот.

Ви нудиме:
- Класична - шведска масажа
- Туи-на кинеска масажа
- Рефлексотерапија - рефлексна масажа на стапалата и дланките
- Хавајска масажа - ломи ломи
- Масажа со топли вулкански камења
- Бовнова терапија
- Kineziotaping

Курс по Хавајска масажа - Lomi Lomi
Хавајската масажа LOMI LOMI е автентична хавајска масажна техника, техника на лекување, која е составен дел на хавајскиот традиционален начин на лекување. Ја употребувале хавајските шамани, кои ја пренесувале техниката од генерација на генерација. Зборот „LOMI“ означува едноставно масажа, двојниот негов запис пак го нагласува неговото значење. Хавајското население верува дека масажата лекува на телесно, ментално, духовно и емоционално ниво, со што го потенцира нејзиниот холистички пристап кон странката.

Станува збор за течно поврзана, ритмична и динамична масажа на целото тело кое истовремено се третира од главата до стапалата. Со хавајската масажа допираме до јадрото на човечкото тело, го будиме „духот на Алоха“ се со цел човекот да се отвори кон природата и да ја поврати врската со надворешниот свет. Целтта е човекот максимално да се отвори и на тој начин да постане осетлив за восприемање на надворешниот свет и случувањата во него.

Историјата на хавајската масажа има корени во древната култура на хавајските домородци, а означува света уметност за лекување и масажа, која се одржала до денешен ден. Техниката ја изучувале во светите храмови со уверување дека масажата го одржува телото на физичко, ментално, духовно и емотивно ниво. Изворот е во полинезиската масажа, која се именувала како „Kahi Loa“ а основните принципи ги темели на „ HUNA“ филозофијата и нејзините седум принципи. Окото „Kanaloe“ е хавајски симбол за хармонија.

Курсот - едукацијата опфаќа теоретичен и практичен дел.

ТЕОРИЈА:
- историја и филозофија на хавајската масажа
- основи на хавајската филозофија
- физиолошки ефекти на масажата
- индикации и контраиндикации
- подготовки за масажа
- евиденција и документација
- етика и комуникација

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ:
- техники за употреба на основната алатка-мекиот дел на подлактицата
- начин на нанесување на масло
- основни масажни техники
- масажа на задниот дел на телото
- масажа на предниот дел на телото

Учесниците меѓусебно се изменуваат така што секој учесник масира и е масиран.

На крајот на курсот добивате сертификат-диплома за добиеното знаење на курсот. Сите учесници кои ќе се здобијат со сертификат, се евидентирани во регистер на масери кој го водиме во нашето студио.

Основната алатка во хавајската масажа е мекиот дел на подлактицата, кој ги симболизира морските бранови, бидејќи масажата е во елементот на водата, а телото на клиентот го симболизира копното. Поетично можеме да кажеме дека„ на спојот од морето и копното се случува LOMI LOMI“.

Хавајската масажа има физиолошко влијание врз:
- Циркулацијата
- Лимфниот систем
- Имунскиот систем
- Метаболизмот и детоксикацијата на организмот
- Мускулите и зглобовите
- Нервниот систем, релаксацијата и стресот.
- Заради тоа најчесто се применува при состојби на:
- Проблеми со локомоторниот апарат
- Мускулни грчеви и проблеми со мускулите, тетивите и лигаментите
- Детоксикација
- Стрес и напнатост
- Психолошки и емоционални состојби.

Бидејќи во голема мера го активира парасимпатичниот дел на автономниот нервен систем, големо влијание и ефект има и врз одредени состојби на внатрешните органи.

Предавач на курсот е Дејан Ѓоргиевски - мануелен терапевт, туинолог, терапевт за бовнова терапија, НПК масер, рефлексотерапевт.

Првпат купувам
Немам платежна картичка
Повеќе поени
Подарок електронска картичка
 

Регистрирај го твојот e-mail за да не те
одмине ниту една понуда


Во било кое време можете Вашиот e-mail
да го одјавите

Kupinapopust.mk

Попусти кои ги пропуштивте:

Чоколадна торта и кафе по избор во Red Caffe

79 ден.

Релакс масажа со ароматично масло во салон “Аура“

199 ден.

Еден месец јазичен курс по англиски или италијански во “Friends“

100 ден.

Клуб сендвич во пицерија “Либертас“

40 ден.

Пакет фризерски услуги во “Студио М2“

69 ден.

Третман солена соба во “Халомедика“

99 ден.

Еднодневна екскурзија во Sani beach Грција

850 ден.

Пријавете го Вашиот e-mail за да не ве одмине ниту една понуда.