Добивате:
• Организиран повратен автобуски превоз за рафтинг на Тара.
• Авантура и доживување кое ќе го паметите цел живот.
Појаснување:
• ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до 26 мај 2015. Контактирајте на 070 725 880 или на e-mail: nikola.donovski@gmail.com
• Оранизираниот превоз е за периодот од 28.05 до 31.05.2015 година.
• Патувањето е со сигурна реализација.
• Превозот е во организација на планинарското друштво Макпетрол и од таа причина мора да се почитува програмата на застанување, посетување на места и одмор по пат која може да ја погледнете на следниов линк:
• Детален опис:
- 28 мај 2015 (четврток) – Поаѓање од Скопје во 20ч од жел.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење преку Ниш и Чачак со потребни попатни паузи.
- 29 мај 2015 (петок) – Околу 7.30ч пристигнување на МОКРА ГОРА. Разгледување на ДРВЕН ГРАД од Кустурица и/или прошетка со туристичката железница ШАРГАНСКА ОСМИЦА. Потоа продолжување на патот до ВИШЕГРАД – разгледување на ново изградениот АНДРИЌЕВ ГРАД и МОСТОТ НА ДРИНА. Околу 16ч пристигнување во кампот на Дрина. Ручек. Сместување во дрвени бунгалови со 2 – 8 кревети. Вечера и ноќевање.
- 30 мај 2015 (сабота) – Во 8ч доручек и потоа припреми за рафтинг – поделба на неопренско одело, чизмички, кацига, сигурносен елек. Околу 11ч превоз со комбиња узводно по Тара околу 25км до местото на поаѓање со чамците. Рафтингот трае 3,5 – 4 часа. Должината на спуштањето е 25км. Со специјалните чамци управуваат лиценцирани скипери. Околу 15,30ч пристигање во кампот, туширање, пресоблекување и ручек. Попладневен одмор. Вечерта богата вечера и заедничко дружење до доцните вечерни часови крај логорски оган. Ноќевање.
- 31 мај 2015 (недела) – Во 7ч доручек и потоа поаѓање кон ЗЛАТИБОР. Разгледување на Златибор со пауза за ручек. Продолжување на патот кон Скопје. Пристигнување во Скопје околу 22ч.
• На овој линк погледнете слики од минатите години.
• Потребна е резервација на автобуските места во ПСД Макпетрол на 070/ 725 - 880
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.
Св. Кирил и Методиј
бр. 4, 1000 Скопје
e-mail: nikola.donovski@gmail.com
planinari@makpetrol.com.mk
Претседател: Никола Доновски
Тел.:02/ 3146-220,
070 725 880
www.psdmakpetrol.mk
• Потребна е претходна резервација.
ПСД Макпетрол
По степен на атрактивност за рафтинг, Тара е категоризирана од III-IV степен по меѓународната скала за категоризација на реките од каде произлегува дека е сместена на самиот врв на најатрактивни светски реки заедно со Колорадо и Замбези. Рафтингот на Тара е авантура и одмор истовремено, за секој посетител незаборавно доживување како и запознавање на исконските вредности и убавините на природата.
Слики - природата околу кањонот
Кањон Тара
Планинарското друштво Макпетрол е формирано во 1983 година со одлука бр. 214 од 20.05.1983 од Претседателството на Планинарскиот сојуз на Македонија. Список на членовите на Иницијативниот одбор за основање на друштвото: Чадиев Александар, Торбевски Вангел, Кирова Љубица, Стојановски Ратко, Дуковски Велимир, Јакимовски Трајко, Николовски Вељо, Златановиќ Дарко, Најдески Драге и Михајловски Никола. Прв претседател на друштвото е избран Чадиев Александар, секретар – Кирова Љубица и благајник – Јакимовски Трајко.