Добивате:
• Месечна членарина за микс аеробик (2 пати или 3 пати неделно).
• Достигнете ја својата најдобра форма и обликувајте го своето тело.
Појаснување:
• Ваучерот важи еден месец од денот на уплата.
• При првата посета на задолжително носете го ваучерот издаден преку kupinapopust.mk
• На располагање се сите понудени термини. Еден термин е со времетраење од 60 минути.
Термини:
- понеделник, среда и петок од 18:30 до 19:30 часот.
• Контакт телефон 070 386 117.
„Mix Aerobik“ со Елена М
Микс аеробикот е динамична, забавна и креативна фитнес програма. Секој тренинг е единствени со тоа се спречува едноличноста и рутината на тренирањето. Микс Аеробикот ќе Ви овозможи во текот на 60 минути да согорите голем број на калории без чувство на исцрпеност кое се јавува после многу кардио програми. Заради тоа постои можноста за комбинација на различни фитнес програми: класичен аеробик, тае-бо, hi-low, work out, пилатес...што е суштина на Микс Аеробикот. Обавезен дел од часот е загревањето на целата мускулатура од каде пополека се преминува во кардио блог кој може да биде во облик на кореографија или обмислен како hi impact тренинг со скокови, поскоци и трчање во место. На тренинзите се користат различни реквизити како тегчиња, степери, еластични ластици, топки, а за одредени вежби се користи само сопствената тежина што доведува до постигнување на оптималните резултати за многу кратко време. Оваа фитнес програма е наменета како за младите луѓе, така и за активните луѓе во средни години додека интензитетот на Микс Аеробикот е прилагоден според групата. Еден тренинг вреди повеќе од илјада зборови, затоа Ве повикувам да дојдете на Микс Аеробик со ЕЛЕНА М. Кој ќе Ви овозможи во добра атмосфера и одлична музика добро да се испотите и потрошите вишок на масни наслаги!
Придобивките од Микс Аеробик со Елена М.
-Зацврстување на бедрата, задникот
-Израмнување на стомакот
-Подигнување на градите
-Тонирање на целото тело
-Подобрување на целокупното држење на телото.
Локациски Микс Аеробикот се одвива во салата на ОУ Партениј Зоографски - Скопје во нас. Кисела Вода.
Инструкторот нека Ви биде пример...бидете и Вие пример некому.
ВЕЖБАЈТЕ!!!